@kukla21 Јас скафандер земав од мерак. Добра сума лупнав за буквално 3 пати носење. Еднаш за молитва, два пати за контрола и толку. Фати огромна зима и не излеговме никаде акоро 2 месеци со грипови и снегови надвор. Мој совет сепак купи си, не за друго слатки се многу, а и мисла да не ти е Од болница ќе и биде малтретирање во него да ја ставаш. Најубаво изнеси ја во плик ќебенце. Секако се 2 чекори до кола само. И по некоја слика. Ако си во стан можеш боди со кратки земи за спиење на бебе. Мада и јас цела куќа ми е со парно и пак долги ставав. Ама не знам какво мерило сум со оглед на тоа дека таа зима беше страшна И за крај, за мене најубаво е бебе облечено во шпикозни. Некако ми е средено, без да се измести во половина кога ќе го кренеш. И земи си шпикозни што се запетлуваат како во полукруг околу ножињата и имаат башка копчиња за нагоре, за да не мора да го слекуваш за една пелена цело. Сега беба спие да не тропам кај неа во соба, да стане ќе прикачам слика да ти кажам на какви мислам.
Леле колку е убаво. Ептен модерно, а и практично, како вреќичка. Моето беше со ногавици, понепрактично за облекување. Земај го и во него изнеси ја слободно. Поубаво е од плик ќебе. Од каде е? Има ли поголеми?
Значи 56ка до 2,3месеци , а 62 до 6м? Или 68 е до 6месеци? Тие што веќе имате бебчиња сигурно знаете, јас вака по сантиметри поима немам кога колку растат. Мислам дека е доволно за почеток да имаме за до 3,4месеци па ќе докупуваме. Инаку на поголемите бројчиња треба да се мисли дека ќе фати пролет, лето. @kukla21 и кај нас дома е многу топло и тешко дека ќе успеам да ја симнам температурата па затоа мислам дека боди по долги со долни е соодветно или пак боди по прерамки/кратки и шпикозни за спиење. Е сега, кај свекрва ми е многу по ладно па за таму нормално би го облекувала повеќе. Значи сепак според температурата.
Еве кaкo ќе излезиме oд бoлницa. Oвa ќебенцетo е дебелкo и е сo пaтент и кaпси, ќе мoже дa се кoристи и кaкo oбичнo ќебенце и пoнaтaму нa прoлет нa пример. Бебетo требa дa се рoди пoчетoк нa нoември крaен термин. Не ве рaзбрaв ширoк пoвoј требa или не? #филингкoнфјузд
Имај во предвид дека не го збира во транспортерот. А во кола облечи соблечи ќе треба да правите на секое испаѓање.
Е што ти е поискусна мајка. Да, во право си Ама многу е убаво. @kukla21 Има ли количката корпа? Во корпа можеш да го ставиш, ќе го собере.
Од mother care e. Бидејќи нема ногавици, затоа ме бендиса. @danichap и јас истото си го мислев - како ќе го сместам во транспортер, ама па ми се чинеше полесно за облекување отколку со ногавици.
@sanjaeva не си демоде, има уште педијатри што препорачуваат широк повој. Мислењата се поделени. Според едни обичните еднократни пелени се доволни, според други мора и широк повој. Јас на првото му ставав, на второво не. @Minnie-e индивидуално е. Не напредуваат сите бебиња со иста динамика. Некои одат повеќе во должина, други повеќе во тежина... тоа е веќе генетика и нема правила тука. Сама ќе си видиш според детето. На пример, кај моиве, големото до година и пол носеше алиштенца за годинка, малово околу годинка ги израсна истите. Затоа ти кажувам, нема правила. После првата година динамиката се намалува, не растат толку брзо, ама затоа првите месеци се шампиони во растење. Ако со мт сте повисоки и покрупни, сметај дека и бебето најверојатно ќе биде такво. И обратно.
Од мене не. Бебињата се големи склетчии, ќе има пискотници при облечи соблечи, а и тебе ќе ти треба време за "фатот" и да реагираш/ облекуваш при солзи и пискање или задно седиште. Јас би нешто потенко и да го збира во транспортер па со намалена клима сите да се возиме. Облечи соблечи на задно седиште е стрес и за бебе и за тебе. Од зграда до кола додатно завиткај во ќебенце, капче, и решен проблем.
И мене скафандерите не ми се многу практични, имам еден, и за двајцата пробав да ги навикнам, ама ни едниот ни другиот не сакаа во него, покомотно им беше со подебело плик ќебенце.
Се сложувам. Идеални се за надвор, кога се поголемки дечињата и одат сами. За низ маало и населба. Вака не, посебно за транспорт во кола.
Да, за поголеми имам комплети, од панталони и јакна како дебел шушкавец. Ама ни тие не ми ги сакаат, с'клетчии невидени се и двајцава. Ама поарно, да не се зиморливи ко мене.
Бодињата од зара се преубав материјал и дезен , а и ефтино доаѓаат по 5 се во паковање 1000 денари. Јас ги имам сите бројки за малата само бројките од зара се помали во споредба со др. Пр 56 од зара е помала во димензии од 56 од х&м Спојлер: Бодиња :)
Troi, кога ќе го направиш списокот те молам пушти ми го во порака И моето треба да се роди во ноември
Јас планирам да земам холахопчина,на внуками и облекуваме се уште и сега и како бебе,лесно ми е дали сум се навикнала Ние живееме во куќа дневната е посебно ладна,годинава ќе видиме со изолацијата и фасадата дали ќе биде потопло,бебе ќе спие таму пошто сме на дрва,мислам боди по долги тие како примерот на Анет мислам беа со закопчување од страна(бенкица),холахопки,шпикозни или дводелни панталончина со блузе и чорапчина ќе бидат доволно
Крај на февруари месец ..прво дете .. појма немам ни што ни како Ај плс некој нека ме насочи што треба да подготвам,бидејќи не знам ни што е тоа тетра пелена или шведска не пак да знам за што служи Сакам бодиња по кратки ама пак зима што знам .. Или пак да земам ама и со долги ..а најубаво пишете поискусни мајки