Ние имавме за од прв ден скафандер вреќа не класичен скафандер. Имаше на него отвро за протн ување каиши. Еве ваков само купен од H&M: Прилично практично решение е за мало бебе зашто нема многу облекување на бебето. Плус потопло од тие мечињата зашто е вистински скафандер и е супер за шетање во зима.
Прекрасен е @JoyJoy . Многу практично изгледа. Само што беба ќе биде повеќе пролетна , па сметам дека толку дебел за оваа зима нема да ми треба. Туку нешто потенко што ќе ми служи за периодот март-мај.
Сега и мене ме замисливте за скафандер! Ќе се роди јануари, значи секако ми треба нешто потопло за тие денови, за изнесување од болница, па вакцини и сл. Сакав да одбегнам скафандер, од причина што веќе имам еден поголем (кој најверојатно наредната зима ќе ни треба) а и ич не го искористивме за првата ќерка. Ама од друга страна пак сега се замислив дека ми треба нешто подебелко за од болница и за по вакцини, значи мало бројче од 3-6 месеци (одбегнувам најмали величини од 0 до 3). Вакво без ногавици би завршило работа.
И јас сум во јануари со термин и си земав едно малечко јорганче, му сошив навлака од материјал како кебенце и со тоа мислам да. Го шетам. Се мислам да не згрешив можеби тие вреките што можеш да врзеш каиши ќе беа подобар избор, ама веќе купив, па ако се покаже непрактично ке купам таква вреќа, за скафандер ми е многу мало па непрактично ми. Личи.
@Chantal и @snegulkata мојот е роден во Јануари на почеток. Секаде го шетавме со скафандер. Ние го зедовме најмалото бројче и му беше точно бап до пролет. Потоа со јакничка и ќебенце. Во транспортер шетавме само со скафандер, во количка плус навлаката од количката. Од февруари натаму кога ги снема скопските магли шетавме секој ден по саат време минимум и преспиваше додека шетавме во количка. Гледав само да шетам кога немаше многу ПМ10 во воздух обично околу пладне. Мене ич не ми се ипровизираше со ќебенца и слични работи за ептен мало бебе. Вака ми беше проверена работа. Е сега ако немате план да вадите бебиња надвор на шетање тогаш можеби и не ви треба.
Сега ме замислуваш, 56 да земам? Или 62? Јас планирам секој ден по малце да го изнесувам на воздух, не е тука загадено ( не сум во мк, плус на село сум и многу е почисто од градот).
На моето пишуваше 0-3 месеци. Не беше класичен скафандер, ама ако купуваш по бројчиња јас би зела 68 за да може да го носи подолго време не само на почеток.
Моево бебе се роди 52 цм. Имаме скафандер од ХиМ како мече што е број 68 и сега еве му е таман а бебево ми е 3 + и деновиве ќе му купувам нов поголем број.. А јас мислев цела зима ќе истераме со овај
А 68 нели би била преголема за новороденче? Прашувам бидејќи и јас сум во план да земам од 3 - 6 месеци ама се мислам дали би било прееголемо за бебуле . Планот е истиот да го искоростам првите 3 - 4 месеци оти после и ќе затопли па нема да го користиме сигурно во мај.
Е од каде знаеш? Нема правила за раст на бебеињата, не значи дека алишта од 3-6 месеци ќе му бидат точни баш кога ќе биде три месеци. Зависи од бебето, динамиката на развој, градбата и секако од самите алишта. Малово во периодот од 3-6 месеци носеше алишта од брат му што тој ги носеше на 9 месеци, поточно, повеќето алишта од 6-9 месеци ги носеше тогаш... така да...не му се секирај. Ќе си го износите скафандерот.
Докторката кажа дека ќе биде мало бебе,ние сите сме ниски луѓе,освен ако се метни на вујкое па да биде голема Ама реков ќе и го облечам па нека виси ако сака на неа...атер за сите мечести бебиња на темава со исти скафандер
А колку е практично на новороенче да му облечеш скафндер? Ако добро се сеќавам со првата ќерка требаше време дури да ја облечам во шпикозни (кога беше ептен мала), па си велам и со скафандерот иста песна ли ќе е! Со прашањава се понашам ко прво дете да ми е
Со оглед на тоа дека странично се отвара, нема спроврување низ главче, мислам дека би било практично.
Искрено мене непрактично ми се чини за новороденче. за од 3 месеци, здравје, ок ми е. Оно мало, уште никаква терморегулација, уште натунтано од дома, па во кола, па во амбуланта исто.. реално на почеток од кола до некаде ќе е и толку. Убаво ќе го ушушкам во ќебенце (ако треба и 2) и одимеее