Јас на синко со грицкалка секогаш му ги сечев... сега на ќеркичкава почнав со ножички и викам ај да пробам со грицкалка и и сецнав кожиче и крвче потече и се изнаплака... и сега не планирам да фатам грицкалка во раце за неа се додека не порасне, полесно ми е со ножички на тие мали прстиња
Зависи кој што користи и на што е навикнат. Јас со ножичка им ги сечев, но не кога беа мали бебиња. На новороденче ноктите му се многу меки и нема потреба од ножичка или ноктарка. Ќе го фатиш вишокот од ноктето и ќе го искинеш. Тоа трик од баба ми.
Моето ќе се роди почеток на март или евентуално крај на февруари, здравје Боже. Ќе пишам досега што имам купено и ќе ве замолам да ми кажете од прилика по колку парчиња од одредена облека ќе ми треба. 1. Ќебенце поголемо (дали да купам ќебе плик или како и да се викаат, за изнесување од болница? ) 2. Бенкичиња 3 3. Шпилхозни 2 4. Пижамчиња 2 5. Капчиња 3 6. Ракавичиња 2 7. Лигавчиња 4 8. Чорапчиња - преку 10 9. Папучиња 2 10. Боди 3 11. Едно комплетче за изнесување од болница. Утре планирам да купам бањарка, неколку пелени, уште неколку пара шпилхозни и бодиња. Што друго ми е потребно? Секој ден одам по продавници, а не знам што барам.
Оооо баш чорапчиња не ти требаат толку, тоа ноџе ниту се умирисува, ниту оди со нив. Ја би ти препорачала тетра пелени. Ќе ти се најдат за сѐ и сешто, барем 5 комада. Бодија земи си и со долги ракави и без ракави. Со кратки ќе ти требаат дури во јуни. Плик ќебенце е практично и за покривање, и за изнесување од дома кога ќе треба некаде да одите. Закопчај го во него и терај
Место бањарка ја би пешкир. Далеку полесно за после бањање. Бањарка ко ќе пркне. Долни панталончиња (онакви со ножиња) мене ептен ми бркаат работа. Ќебе плик не зедов, а не е безбедно за во транспортер, па не знам каде бј го користела. Освен ако не е онакво со дупчиња за каишите. Тетра пелени јас имам 15тина и се малку ми се Што се тоа папучиња?
Јас имам плус постелнинка со јорганче палто ( не знам за шо ќе ми е) Пешкир место бањарка Бодиња по кратки Бодиња долнги Шишиња стаклени Цуци И една купа глупости шо мајка вели оти не ми требат. А на број не знам. Деновиве ќе перам и бројам. И уште од списокот за купување.
Дефинитивно тетра купи повеќе, јас имав 15тина и докупив уште 8, ептен се наоѓаат и се малку ми се. Исто и мушамки не заборавај и голема за кревет (имаш и како чаршавче) и мала за наоколу. Елече памучно од списокот плус, моево е склетчија па не ретко седи само по боди и елече горе. Ракавички и лигавчиња ти требаат многу повеќе. @duffi не ти е многу колку и да имаш да знаеш! Јас имав за некои премногу за мене може и малку, кога купував броев најмало да имам за 7дена пресоблакање комплет сигурно, додека се организирав и снајдев околу бебе не ми ни текнуваше машина да пуштам, па ќе пуштам и дури ја средам цела недела поминало.. Палтенце ќе ти треба зошто да не, ќе се дотерувате кога ќе излегувате до контрола на пример или шетате, е сега ако ти е 50ка жал ми е ќе си го облакате само на мече некое ^^всушност и да ,,заборавите,, нешто се купува и бебе кога ќе се роди (јас оставив само пелени, ракавички и капче да се купи до 40дена )
Ќе заборавев и памучни ќебенца имам неколку. За покривање, завивање преку ден. Ете елечиња ми требаат. И куп 50ски имам. За првата недела. Ако и за таа му се точни. Ама мерак пусти оти многу мали се. @emkaemka Палтото е up to 3 months на мадркеар, ама многу мало ми изгледа мене. Може само така изгледа, не знам. Имам повеќе комплети на мадркеар и сите различни ми изледаат, а иста величина. Не знам зошто така.
@kukla21 еве ги. Инаку, да, на пешкир мислев, а сум напишала бањарка. Ајде утре ќе видиме што ќе најдам. Пелени обавезно. Гледам најпотребни се. Цуцли, шишиња и други ситници тоа при крај планирам. Креветче ќе добијам од моите. Транспортер да земам, торба.. Леле многу ми е мерак кога купувам за бебе. А какви елечиња?
Охооо чим така за палтенцето ќе го носите. И мене се мало ми стоеше ама кога стигна бебе да се обака се му висеше Јас од 50ки ништо немав купено, од 56 почнував и 62по нешто и толку. Секоја продавница со броевите е приказна за себе не се води по тоа, Мадеркеар се ОК со должините, Чико имаат поголем калап, Окаиди пак 59 е најмало и големки се, Карамел помали се итн итн...
@Skorpija25 оди во што последно сме купиле за бебушот пред некој час имам објавено и на сликата има елечиња со Мики, па такви