Aиии мајкина манекенка Инаку најмалите алиштенца вклучувајќи го и тоа за од болница сега и се кнап не знам колку е долга сега ама се роди 49цм и прилично големи и беа. @emkaemka мене патронажната на првата нејзина посета ми рече да ги извадам. Неколку пати само се гребна сега ич не се гребе само ги шмука рацете. Тешко е да гледаш 'скар фејс' ама ќе помине.
Не, баш напротив, широки и се доле кај стапалата и чорапки носе за да и ги држе ногавиците. А и на сликата како смкнати да и се изгледа, ама од памперсот е така
Мислев должината може само така делува, ама како да нема доволно должина Сепак ти го глефаш во живо и знаеш најдобро. Со бројкиве е лудило. Оние на тритекс ми се најкрш. Толку се тесни доле кај рачето, едвај се протнува. Зара исто минијатурни, ваикики џиновски во ракавите. Само мк ми се ок за сега со бројче.
Првата патронажна ми дојде 1ден откако ме испуштија од Клиника, она ми го бањаше и облекуваше и ми побара и ракавички зошто немав спремно, ми кажа до 40дена обавезно да сум редела.. Така да на која како ќе и текне Ние не носевме се до инцидентот со окото, каде што и педијатарот ми рече ракавички ставај, а убаво му се исечени ноктињата, ама ете.. Впрочем јас се водам по безбедност па засега ќе е со нив, до кај 3м ќе ги трпи чат пат, после ионака ќе ги вади, а и ќе нема бројче за него, дебело и големо раче имаме
Значи на тетрата сите сте им нашле примена некаква и велите практично. Ок, ги извадив и јас моите, ете ги се перат! Јас наместо тетра користам едни памучни ,,крпчиња,, шарени со сликички, и они ми бркаа работа баш како на вас тетрата. Ама ете и тетрата ќе ми се најдат, па ги перам веќе. За величината 50 баш ме изненадивте дека сте ги искористиле многу, ние 56 брзо ги израснавме, а 50ките пак толку малки се си мислам дека 2 недели ќе ги користевме. Инаку мене и кога е поголема облеката ми е и полесна за облекување , особено кога се малечки бебиња па едвај рачето да му го фатиш и да го протнеш низ минијатурниот ракав... @fana Ставаш широк повој? Има едни сунѓерести гаќички со величини од 1 па нагоре, кои се далеку попрактични од широкиот повој и побрзо се местат. Инаку не знам баш и колку се има потреба од широкиот повој, ама не би да ти се мешам во тоа, ти си одлучувај. Јас ставав од тие сунѓерести гаќи, кратко време и баталив отпосле.
Мене "државната" патронажна што ми дојде беше крш! Да ја знаев таква немаше дома да ја пуштам @fana ортопед ти кажа широк повој со тетри?
Ок ми беа и двете. Првата заклучи дека све што имало за и околу бебе сме изнакупиле, а вторава ме изнафали колку убаво сум се грижела за бејби
Мене не сакаше чевли да ми собуе кога влегуваше. Не соблакала. Едвај раце изми. Ме отече да вакцинирам и да одржавам хигиена на дундето Бебе не го пипна, освен што се закачи за папочето, а тоа паднато и очистено во систина и го раскрвари, па пак го чистевме после. Рече може пак ќе дошла. Врата не и отворам. Таа од Систина беше супер.
Дефинитивно тетра пелените ми се ептен искористени. Постелам каде што го легнувам, кога го држи некој од надвор дојден, а да не кажувам дека машко, ако не го покријам на пресоблакање сигурно ќе ме измоча 50 и синко ги износе, ама роден 2400 и 48цм. На излагање и тие му беа големи Нашата патронажна сестра па ми рече да не ставам ракавички дека може да му се искривеле прстињата дека ги тутка во тупаница. Незнам дали има врска ова, ама дека и август се роди јас не му ставав.
А капчиња ставате по дома? Мене ме напнаа да ѝ ставам, ама не послушав, само 3,4 пати после бањање ставав.
Аууу не и двете се собуја, одма раце измија, првава го бањаше, средуваше, навечер дојде, додека не се надоивме и не беше во креветче тука беше, куп совети подели. Вторава посабајле дојде, го расоблече само да го види и папоче и дека жолтица уште па до каде била, исто делеше некои ОК совети и книгичка ми даде За пиење и двете категорично одбија, чисти, средени, културни жени ми се паднаа Само по бањање саат-два и вадам.
@snegulkata @kukla21 матичната на Ева ми рече да ставам се до ехо на колкчињата па таму ортопед да ми каже дали треба да продолжам со широкиот повој. Сеуште тоа не сум направила бидејќи сестрата од кај матичната ми рече ко ќе има термин ќе ти се јавиме. Оке . Ако не се јават за десетина дена ќе ја носам во Плодност. Ќе се редактирам: Капче после капење ставам и со него спие, а патронажната баш фина женичка ми се виде.
И јас капче само по бањање ставам. Инаку не. Ни ракавици, ни капи Сте имале супер патронажни. Мм вика да знаев дека е вака немаше да и отворам врата
И мојата беше добра, дојде два пати. Еднаш го виде, го соблече виде дека не е паднато папчето и ми остави број да се јавам кога ќе падне да дојде да го види зашто и било должност така. Рече пак ќе дошла накај 6 месеци за да зборуваме за дохрана ама не се појави. Ми рече за вас од приватните болници не се грижам толку многу вие добивате поддршка од болница за се, оние од Државна ми се приоритет зашто се препуштени сами на себе. Советите во голема мерка беа исти со оние од Ремедика.
Само јас без патронажна сум била изгледа едит @forumce капче само после бањање 15 мин. Тогаш сме вришти пишти