Комшивката до мене е патронажна.Сегде се распрашала дали сум се породила а не дојде бар да рече(инаку она оди на мој терен ). Едвај чекам да ја пецнам колку се "способни" Може за инат не дошла, чуден народ сме. Среќа што во ремедика убаво објаснија и беа достапни телефонски за се. Ако чекав на нив до тука.
С'клетџика е ? И јас само после бањање. Незнам зошто, во главата ми се врза дека ако често и ставам капче ќе и попаѓа косичето. Ама и кога ќе и ставев, таа ја врткаше главата како да не и е убаво
Комши, тебе истата патронажна ко на мене ти дојде? Рече на овој реон оперирала Незнам дали е с'клетчика, ама се водам по мене. Јас не носам капа и ракавици по дома, нема ни она. Спијам без чорапи, спие и она без нив каква мајка-таква ќерка
Капа само за надвор имам ставено.. Ракавички две недели дали.. Патронажна само по дефиниција знам што е..
Капа ставам и јас само за надвор. И без чорапи спие. А за патронажната и јас немам зборови. Важно се затрчала двапати да си напише таму дека само била, а ништо бре да ми објасни. За вториот пат немаше да ја примам, ама мм е виновен, нему му се јави дека имаше број од двајцата и тој и рече да дојде.
Кај мене 2 пати дојдеа 2 патронажни. Првиот пат убаво ми објаснија како да ја ставам да цица оти имавме проблем на почеток. Друго не се сеќавам дали кажаа. А вториот пат дојдеа додека спиевме со бебе. Бебе на меше спиеше и ми кажаа да не ја ставам така кога не сум до неа и кога спијам. И си отидеа. Не беа некои лоши, едната и број ми даде во случај да затреба. Ракавички само 2,3 пати за спиење ставив оти многу ѝ беа ладни рацете па ме фати жал да не ѝ е ладно. Капа само за надвор обавезно ставам. А чорапи кога спие не облекувам.
Кај мене дојдоа две,една од Систина и една од државата. Двете беа супер. Таа од Систина го избања бепче,ни објаснуваше се многу убаво,не опушти малце зошто бевме ептен стегнати првите денови и мислам дека многу ни помогна. Таа од државата дојде нешто покасно, можда на 1 месец Си носеше со неа такви најлончиња што се ставаат врз обувки,си изми раце и го зема бебето и се стручно ни објасни и ни рече веќе ракавици не бидејќи5 бебето додека цица треба да ја допира кожата на мајката и така осознава. И двете ни дадоа број ако треба да им се јавиме.
3-4 дена откако си дојдовме. Наводно ми се пожали дека касно им праќале податоци од приватните и затоа каснеле. Инаку мојата не беше лоша, се соблече, изми раце. Ме праша што и како сме поминале на пораѓај, му го виде папчето, а за доењето јас сама и кажав дека сме фатиле ред. Одговори на моите прашања, ама самоиницијативно ништо посебно не кажа. Во секој случај ми даде број за ако има било какво прашање да ја барам.
Епа мм беше нешто да купува и не беше дома, а таа се јавила. И таман тој си дојде и таа одвратната патронажна, па и еден намќор плус, се нацрта после него.
Мене ни дојде 10тина дена откако бевме дома веќе. Исто ко кај @Ano, се жалеше дека покасно добиваат инфо од приватните. Истата да не ни била
Да се надоврзам и јас на муабетот за патронажните, кај нас дојдоа две една два дена од кога не отпуштија од болницата таа беше од систина и секоја чест многу ни помогна го избања го масираше папочето му го исчисти се што не ми беше јасно ми објасни. Таа државната дојде после две недели со изговор дека дури сега им стигнало известување дека имаме бебе да не кажам дека не сакаше да се соблече влезе со се кондури се изнаправи муабети како поминала на одмор после кога разбра каде работам почна цело време околу тоа да ме распрашува дури се дрзна и за плата да ме праша колку сум земала, а бебето не ми го ни погледна, стана кога јас и поставив прашање едно за папочето, за крај дури ми даде и број да ја барам ако ми треба нешто
Кај мене државна патронажна дојде 2 дена откако си дојдовме. Мн убав впечаток ми остави, соблече чевли, веднаш изми раце, ја соблече, ја прегледа, кожичка, папоче ( паднато беше претходниот ден) убави совети даде, пробавме да цицаме, ама самата си увиде дека немам млеко па ме тешеше дека не е страшно, после царски можело и за 20 дена да надојде. Не сакаше ништо што ја понудив, дури ми рече да не ја испраќам оти сама бев дома кога дојде. Задоволна сум