1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што сè е потребно за новороденче?

Дискусија во 'Бебе' започната од flowergarden, 20 февруари 2012.

  1. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    мене од лидл ми купија можи и во уво да се мери и за на чело има две посебни опции и + кога е исклучен ја кажва тем во собата.
    мислам 15 евра дека го зедоја.
    многу ме се најде
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.011
    Допаѓања:
    198.824
    Пол:
    Женски
    За топломерче - живин топломер е најдобар, од искуство. Ама со мало дете не е добра опција. Искрено, мислам дека дигиталните ви се добри, колку ориентационо да имате поим како се движи температурата на детето и да преземете соодветни мерки ако е потребно.
     
  3. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Кога ќе купувате топломер (било каков освен живин), обавезно прашајте ги продавачите (или прочитајте во упатството, мора да има) колкави се отстапувањата на резултатите...не е исто живин и дигитален да ти покажуваат 39, а и зависи од местото каде мерите Т - затоа дигиталните не се многу веродостојни, посебно тие што мерат од далечина (?!) или тие што мерат со допир на чело...на такви мерења додавајте по 1 степен плус, за да ја добиете вистинската вредност.
    Најдобро е ректално или орално мерење, тогаш не се додава тој 1 степен.
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.011
    Допаѓања:
    198.824
    Пол:
    Женски
    Не знаат во аптека Моира, врска си немаат колкави се отстапувањата, треба да пишува на упатството. А што се однесува до дигиталните, обично мерам под пазува со таков топломер, ако ми дозволи малиот. Има и инфрацрвени топломери, кои ја мерат температурата без било каков контакт со детето, ама не знам дали се веродостојни. Во секој случај, тие се поточни од дигиталните топломери. Има и кај нас да се купат.
     
  5. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Еве што најдов за отстапувањата на температурата, зависно од тоа каде се мери.
    “Температурата можете да ја измерите под пазувите, во ушите или анусот. Ако мерите ректално, треба да знаете дека температурата е за пола степен повисока, отколку ако ја мерите во пазувите или увото.“
     
  6. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    295
    http://www.dormeo.com.mk/%D0%B4%D0%BE%D ... D1%80.html
    http://www.encimenci.com.mk/proizvod.as ... t=4&sn2=34
    Користите вакви апарати сега зимно време, или има некој старински рецепт за регулирање на влажност во собата? претпоставувам во зимниов период кога бебето е дома на парно по цел ден, дека вакво нешто игра улога? Кој користи, да пише малку за ефективност, да не фрламе пари, оти не се ефтинки?
    Таман кога ќе помислам дека сум стокмила се за бебето, упорно си наоѓам работи што е пожелно да се купат за бебе. крај нема... :)
     
  7. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    и никогаш нема да има крај со купување колку што ти е долга чергата викаат толку ке си ги пустиш нозете а за ова за навлазнување на воздухот можеш и дома да си ставиш едно тенгере со вода ке си испарува постепено
     
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.011
    Допаѓања:
    198.824
    Пол:
    Женски
    На парното стави пластичен или метален сад со вода, ќе испарува постојано. Кога ќе се испразни, пак полни го. Јас така правам.
     
    На Micika80 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Мене патронажната ми кажа да си ставам влажно крпче, или пак некои алишта кои не ми се досушени(ако имам во тој момент). Ние сме на дрва, па на печката ставаме тенџере со вода, а и често во текот на денот отварам врата да влезе свеж воздух.
     
  10. babymama

    babymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    225
    јас ставам мало тенџерче на парното во спална, а знам дека има и едни садови кои се закачуваат за радијаторот и се полнат со вода.
     
    На Micika80 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Меу доколку алиштата ги переш со омекнувач и не е баш најпожелно да се сушат во иста просторија во која е и бeбето,затоа што омекнувачот може дополнително да го отежни дишењето ,а и да предизвика алергија.Најбезболно е со било каков сад или во краен случај тегла со вода поставена над или во непосредна близина на грејното тело.Кога син ми бил настинат неретко сум ставала и чај од камилица,па сум добивала и блага инхалација ;) Две муви со еден удар :lol:
    И јас порано така сушев алишта ,се додека син ми не доби алергија и тоа со непрекинато кашлање.После милион посети на педијатар ,на крај му текна да ме праша каде и како ги сушам алиштата и кога му објаснив ,беше страшно :@ Не знам како се воздржа да не ме задави :tmi:
     
  12. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Сушење на алишта каде спие бебето никако, особено не со омекнувач ако се. А стварно во зима е терсене за сушење алишта. Јас сега за сега ги сушам во детската соба бидејќи сеуште не ни е уредена и скоро воопшто не седиме во неа а и најладна соба ни е во станот. Здравје догодина кога ќе ја средиме ќе смислам друга опција :)
     
  13. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    295
    Може да пробам со некое садче со вода за почеток, па доколку имаме проблем со воздухот или ќе нарачам на некој од блискиве што сакаат нешто да ми купат, или ќе го купам сама, и онака месец-два ќе заштедам на фризер и козметичар, па барем ќе купам нешто за здравје :D
     
  14. babymama

    babymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    225
    може да ставиш неколку мокри крпи, ама да не бидат перени со омекнувач и да бидат мин. 2-3 пати плавени, за кога ќе се сушат на парното да не испуштаат миризба од омекнувачот или прашокот.
     
  15. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    295
    Ќе пробам и така, и онака изнакупив памучни тетра пелени да се најдат, може за почеток да му ставам на парно по една мокра пелена за влажност.
     
    На ohlala му/ѝ се допаѓа ова.
  16. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    156
    Јас проблемот со влажноста го решавам наслендиов начин на парното има поставено вода во тетрапак пакување исечено зашто алуминумската внатрешност убаво ја загрева водата и таа испарува а секоја вечер по неколку пати се врие вода во тенџере и се додава морска сол и го поставуваме на столче до креветчето некој 20 см од него оддалечено и така да си испарува додека она спие ова ни е некој вид инхалација
     
  17. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    А ова со влажноста е доста битно? Јас сеуште не сум породена и полна сум со прашања :)
    Исто така ме интересира од каде ги имате купено вашите корита и колку сте задоволни од нив?
     
  18. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    За второто прашање, јас моето т.е. нашите, бидејќи и за двете деца купував, си ги купив од пластичарска...мене ми се топ.
    Имаш во различни бои, дома убаво ќе си го изрибаш пр. со прашок, ќе го попариш со врела вода и спремно е за употреба. Не беа скапи, мислам некаде околу 250 ден.
     
  19. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.442
    Допаѓања:
    34.262
    Пол:
    Женски
    И мене мајками ми купи коритце за малата од Пластичарската *за времето додека бевме во Мк*
    Се погоди ептен :)

    Иначе јас си купив од интернет слично на ова само во бела боја и поубави :tmi: , со сите додатни елементи кои сегаа за сега не ти требаат
    [​IMG]
     
  20. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    јас имам додаток за како легнато бебето да биди за да не го држиш ама не ми беше воопшто практично и седи во визба сега :( :( :( и + како мрежа имав земено ама и таа не ја користев
    најпрактично ми беше кога беше мало бебе :D :D во рацете да си го држам....