Изгледа таа е син и ќерка има со голема разлика? И мене ме испрашува каде и како што работам(ме). Дури и си запиша во тефтерче. Рече за неа си пишувала
Не сум го видела ова.. Значи комшики сме Рече на овој реон работи. Уште па ја оговараше патронажната од Систина - не биле тие патронажни. Може вода да и носи на неа
Мајкии планирам да почнам да купувам облека за бебчето ама гледајќи ги сите овие постови не знам од каде да почнам а не кој број,што и како ако може една шема да ми се даде. Благодарам
Боди бр 56 Чорапи Шпихозни бр 56 Лигавки (убаво е да имаш многу бидејќи бњбињата често бљуцкаат) Капчиња Тетра и шведски пелени (ако ставаш широк повој,јас ставам) Колку количински ќе купиш зависи од тебе ама со оглед дека растат брзо не ти требаат многу. Подобро да купиш помалку и често да периш одколку да фрлиш многу пари за многу парчиња облека кој ќе се користат краток период. Толку ми текнува во моментот, нека ме дополнат другите мајки.
Кога цица не му ставаш?? На моево ако не му ставам цело вратче мокро ќе е, од што влече и му надоаѓа млеко лом се прави. Дневно по 4-5користам
Ни јас не користам лигавчиња, а имам полно. Кој како дојде обавезно носи лигавче. Ама досега ниедно не сме употребиле
И ние нонстоп менуваме лигавчиња. Ама јас за почеток имав купено 7 и сега ќе докупиме. Мислам дека треба од се по неколку да се купи па после по потреба. Ние од мерак купувавме се и свашта ама од страв да не му се мали се зимавме до 3 и до 6 месеци. Ептен пред да се породам купивме два пара шпикозни 50ка, си реков ептен и за два, три дена да му се да не му се големи. И кога си дојдовме од болница фиоките полни, а он само два пара шпикозни и две боди кои му се точни. Ама одма се докупи се што требаше, ништо страшно.
Мое искуство. Многу ми беа од корист првиот месец бодиња што се закопчуваа на страна, шпикозни со патент и панталончиња со блузички што се закопчуваат на страна не преку глава.
Од мое лично искуство, како најпрактични ми се видоа шпиркозните (или како и да се викаат), лесни за облакање и ни бебе да малтретираш -ни ништо. Од друга страна пак, доколку сакате дводелни комплетчиња, мој совет избегнувајте панталончиња што долу кај ногичето се отворени, зашто ако се отворени треба да користите чорапчиња, а додека се мали чорапчињата им се големи и само паѓаат, така што јас не препорачувам.
Стварно шпикозните се најпрактични ама за дотеруванка си требаат и дводелни Само за чорапите не се согласувам, на моево само еден модел му се така широчки ама тие дека се високи и тенки му ги облекувам одоздола а врз нив му облекувам други и баш му се точни. Можеби сепак е до големината на чорапчињата