Ние сега сме 2 месеци и дури сега ни се точни чорапчиња за новороденче, ама до месец дена само и паѓаа. Многу е активна и цело време мрда со раце и нозе и така и паѓаат. Не знам, може до чорапите, може до детето, јас само споделувам мое искуство за некој што сега купува.
Прееска во пресоблекување ми се измоча два пати и снемав од тие чорапи што му ги облекував одоздола па морав од другите и ми текна на муабетов. Вистина му беа широчки, јас мислев дека му се точни ама кога му ги облекувам од горе потфаќам и од тренерчињата/шпикозните и изгледа затоа така. Се извинувам што ненамерно излажав
Разлисти назад има списоци. Се треба. Бенки Шпикозни Ќебенце Јорганче Постелнинка Тетра пеленки Капчиња Ракавички Боди на кратки/долги Чорапчиња Долни делови со ногавчиња Тоа моментално ми паѓа на памет
Fala ... ama ne go postaviv ubavo prasanjeto ne mislev od obleka tuku od apteka kremi ... sisenca ... takvi rab
Мислам дека и ти си во исчекување како мене Јас имам вака Две Нук шишенца стаклени 0+ Една цуцка Нук 0+ Павловичева Памперс премиум најмали Памперс сензитив марамчиња Веледа за пеленски осип Хип колекција за бањање Јекодерм Сетче за лична хигиена Чај за доилки Хип за мене Се што треба здравје ќе се докупи .
Заборави да напишеш или заборави да купиш, ама ти требаат и влошки за гради и ланолин, ланолинот и во несесерчето за во болница обавезно да го ставиш, мада јас и влошки носев, не дека ги ставив ама за накај дома морав како чешмичка бев Ланолин јас на Медела имав инаку, супер е
Јас знам дека некаде прочитав на некој список дека ќе ми требале 20 тетра пелени, само да си знаете, две до пет ви се повеќе од доволни за широк повој, тој и така оди врз пелената, што значи останува чисто, јас па 10 купив, ене ги непипнати седат, глупост жива, бар за мене. Едноделните алишта по еднаш му ги облекував и ги растеше, се дводелни си користам за низ дома, мене лично попрактични ми се видоа и немам 20 коппчиња за закопчување, си користам бодиња и пантолончиња со стапало, a за надвор дотерување како нас Но се е индивидуално, па така купувајте од се, но умерено, па после ќе си докупите од она што ќе ви се види најпрактично за носење. а го опремив бебево за до 6 месеци, не викам дека згрешив, се што си одбрав си користам од алишта, но останав без забавата наречена бебешки шопинг подолго време , така да немојте се наеднаш, за да ви биде интересно да си пазарите кога ќе си се шеткате.
И јас. Воопшто не ги користам за широк повој. Бришам газе по миење, ставам на перничето за доење, каде лежи постелувам, под глава ставам.. никогаш доста
И мене тетра пелените ми се најискористени. Покрај горе споменатите примени јас ги користам и за заштита од мочање при пресоблакање. Зошто машко па обавезно чишнува штом го ослободам од пелена. Да не беа нон стоп ќе се пресоблакавме и јас и он
Јас имам преку дваесет тетри и кога се роди второто докупував. А широк повој не сум ставала ни на едно. за се ги користам, бришам после бањање ( деца ми се со осетлива кожа, па фротирката ми е некако груба) каде лежи бебе послано, во количката, покривам со нив кога е топло, кога одиме по гости ми вршат работа, на седиштата во кола има инаку многу потат.