Шведска: http://www.bebehome.mk/шведска-пелена-со-врвки- Тетра: https://goo.gl/images/kvsBXz https://goo.gl/images/tGHxZp Широк повој: https://goo.gl/images/PNU7vz Значи, ако повиваш со широк повој се употребува тетра и шведска (исто што и осмица). Шарените тетри, па и белите, се користат и за да постилаш, да бришеш бебе и за се што ќе ти текне.
Девојки, ве молам заза совет: Што се' ми е потребно за новороденче? Каква облека со оглед на тоа што ќе се роди во топло пролетно време? Фала ви однапред! Прво ми е, па сум неискусна
Врати се поназад во темава и прочитај повеќе искуства. Одбери што ти одговара. Мој совет: не купувај премногу работи, само основно и за мерак , ќе докупите што ќе треба, бебе брзо расне; и купувај боди на преклоп што се копча.
Со оглед на тоа колку ни се топли летата, само со пелени ќе поминете што се вика Тенки летни алиштенца и мала количина за почеток, бидејќи ќе биде топло, и дуксерче едно или две за навечер ако е посвежо
@AudreyH кој месец ќе се роди? Викаш на пролет, ќерка ми е во јуни но сепак јуни иако летен, знае да биде променлив, па имав и шпилхозни, бенкици и пантолончиња со стапалца. Значи штом е пролетно бебе обавезно гардероба со долги ракави/ногавици за почеток.
Мајки ,после породување има некаков анти перспирант за доилки? Ако има како се вика и каде да најдам?
Добредојде во клубот Што и да ставеш пак ќе си смрткаш @Annath @eli25 знам купуваа некои посебни антиперспиранти
Обавезно долги! И јас сум во мај па планирам за почеток 5 пара шпилхозни и исто толку бодија со долги, 3 пара панталончиња со стапалце и по некое бенкиче.
Леле ,јас природно мн се потам, но вклучувајќи го тоа што се туширам 3 пати на ден и даф антипр. Се троши за 1 недела кожата ми се навикна и да не користам нешто немам јака мирис,но како што читам по членките зареѓ толку се засилува потта и со антипр да смрди ?
На почетокот се потеше и смрдеше, не можев да се поднесам. Тогаш беше многу потопло. Сега не се потам толку
Ќе мириса, тоа е нормално, од хормоните. Кога ќе се породиш, нема да имаш време да се тушираш три пати дневно, ама ќе се замиваш, тоа е. И немој да користиш антиперспиранти, содржат алуминиум, башка млекото се замирисува од нив. Користи нешто на природна база, јас користам на Lush, пријатен мирис, што одвај се осеќа, ама не мирисам воопшто. Едно време користев кристален камен, ама го баталив оти и тој содржел алуминиум, ама од него воопшто немаше никаков мирис. За тоа што ќе користиш за лична хигиена после породувањето, изборот е твој, ама гледај да е барем без алуминиум. Има на Мои Рецепти како да си направиш стик од кокосово масло, сода бикарбона и нишесте. Само ќе мораш да го чуваш во фрижидер, а е доста ефикасне и природен.
Мамички, дали некоја од вас има купено сетче за новороденче од Тила? 62 се сите делчиња и ми изгледаа големки. Како си ги дотеравте бебчињата за излегување од болница? Во комплетче/сетче што се продава како такво или сами си комплетиравте? Дали ќе треба облека и за во болница? Ако треба, тогаш што да планирам? Градник и маичка за доење каде да побарам?
Не ти треба облека за бебето во ниедна скопска болница. Градник за доење Лиска или види во Стружанка ги фалат (поевтини се), а за маички на бретели читав некои членки купиле во Ваикики. Треба и јас да побарам од нив.
62ки се големи за излегување од болница. 50-56ки, зависи колку е големо бебчето се ок за таа намена. Побарај во Карамел има убави од квалитетен памук. Имаш и во окаиди, венис....но малку поскапи. Прслуче има во сара фешн.
Се мислам дека и во Тила имаше 50-56. Прашај , ми се чини дека гледав . А 62 ќе ви биде големо. Мојот се роди 2800,2650 излезе од болница, денес прави две недели, уште ги носи 50те. Види Мадркеар, Окаиди, Карамел, Бебето бројчињата им почнуваат од 50.
@Mimmi39 твој избор и желба е како сакаш да биде бебе дотерано, дали во облека за новороденче или во нешто типски. Твое е и дали сет ќе купиш, па се исто или ти сама ќе комплетираш. Но што и да купиш тоа нека биде 56ка евентуално 50ка Сетовите за новороденчиња се претежно 50-56 така стои бројот, се наоѓа и баш 50ка некаде. Тила има 56ка, но мали сетови, големите им се 62ки
Мали сетови се тие со помалку делчиња? Изгледа мене ми покажаа од големите, затоа 62. Сега учам се за бебиња, не знам многу работи. Фала ви на сите за одговорите, ептен ми се од помош.