Јас му земав на моето сет од Тила, 62 е и му е точен, првпат му го облеков кога беше недела дена бебето. Моето се роди 3300 и 52 сантима. Е сега малку е тежок за облекување, не е многу практичен, повеќе е за сликње Најпроблематични се панталонките, памучни се, ама се доста тесни и не се многу растегливи. Другите работи се ок.
Nivea има дезодоранс без алуминиум или Lush, не се ефикасни како стандардните дезодоранси, сепак ќе помогнат.
Солите на алуминиум го загадуваат телото, едноставно кажано. Во млекото на мајката може да се пронајдат повеќе тешки метали, кои мајката ги внела преку начинот на живот или преку животната средина. Менувањето на антиперспиратот е едноставен начин да се заштитиме барем малку. Алуминиумот во дезодорансите е поврзан и со рак на дојка според некои истражувања, не сум сигурна колку се релевантни истите но ако ги пронајдам ќе ги закачам за сите да се информираме подобро.
Тоа значи дека не треба да се користи таков дезодоранс и во текот на бременоста, пред бременоста, т.е. воопшто да не се користи. Има многу токсични супстанци (освен Al) секаде околу нас, како само да се заштитиме?
За жал не можеме од многу работи да се заштитиме, меѓутоа кога постои помалку штетна опција за производите што секојдневно ги користиме убаво е да сме информирани. Не сум толку упатена за да си дозволам да кажам дека “не треба или не смее” ама јас и пред бременоста користев дезодоранси без алуминиум. Пред скоро 10год, двапати ми се воспалуваа жлезди под пазувите од Нивеа дезодоранси, многу беше болно и примав антибиотик од тогаш внимавав колку можам, посебно во бременост, за дома миење и бебешка пудра (препорачано од доктор) а за надвор од дома побезбедните варијанти.
Ајде мами бидејќи гледам погоре имаше уште една ваква дискусија, оние кои веќе имале летни односно јулски бебенца, што ми е потребно од страна на облека? Како ми се погоди баш во најжешкото, кај нас тогаш е 40 степени... Секој совет е добредојден.
Само мене ли материјалот на тила производите не ми се допага. Крут и нерастеглив. Многу сакав комплетче од таму да купам за од болница, многу ми се штосни. Ама тогаш ја немаа продавницата во капитол, па не се решив на не видено да нарачувам. Кога ги пипнав во продавницата скроз се разочарав.
Јас купив комплетче од Тила пред да се породам. Бројчето им е 62 ама ме убедуваа дека кај нив тоа е најмало и е соодветно за новороденче. Бодито и капчето му ги облекувам дури сега (2+), блузичката му е уште голема, долните веќе ги спакував, му ги облеков два пати ама ги носеше по пола саат бидејќи многу се тесни во ластикот и го стегаат на стомачето, чорапчињата и ракавичките се најдоа за на почеток. Така да стварно незнам како го планирале сетот ама јас не успеав да го облечам цел во него. Среќа што ја баталив замислата да ми биде за од болница. Земав тренерчиња од Картерс newborn бројче. Ептен беа мали па за секој случај си понесов и шпикозни поголемки, ама тренерчињата му беа точни. И воопшто не ми е криво, ги искористив уште два, три пати за на првите контроли. Баш сестрата искоментира од кај најдовте волку точни тренерчиња. Ич не сакам да им висат алиштата.
Дали ќебенце и јорганче ми се потребни за бебе што ќе се роди во крај на Јули/Август? Т.е. дали ми се потребни одма? Некако не ми иде со дебело да го покривам одма. Мислев да земам вреќичка од оние со прерамки. Ама дали новороденче спие одма во вреќиче? Не е големо вреќичето, за од 0 - 6месеци стои.
Јас ни сега не ставам јорганче не пак јули. Земи си тенки памучни за почеток бар две. Оти блуцкаат, мочкаат итн.
Имаш и тенки јорганчиња ако сакаш јорганче, доаѓа небаре како прекривач. А имаш и тенки прекривачи баш за во лето. Секако и тенко ќебенце, памучно најдобро е убава опција. За вреќичка јас пробав да ставам на толку мало бебе ама ја пензионирав уште првата ноќ. Ич не ми беше практична, лесно спиеше, цицаше долго, со вреќичката да го држам го претоплував жива вода се правеше, а на 1ч облечи/соблечи да правам, па и да ризикувам да се разбуди, не фала. Може некој има инакво искуство, но моето е дека до 3м не се практични, подоцна поцврсто спијат (барем моево) сврзува повеќе сон, па може да му се облака, ама дека е голем склетчија јас не планирам додека се доиме да облакам вреќичка
Моето спиеше во вреќичка на почеток без проблем. Сега и омале и нова не сум купила. Идат топли денови, па мислам нема да ми треба. Здравје, на есен нова
Вреќичка не коростев оти имав бебе што се буди по 10 пати во ноќта па немаше да ми биде практично. А супер решение е за да спие бебчо покриен и мама да не дежура цела вечер за да го покрива. И јорганче не користевме, со ќебенца ги покривам, кога е поладно со дебелки а кога е потопло со тенки кебенца. Памучните ќебенца ми се многу искористени. Едно во лулка, друго на релаксатор, па за покривање кога е потопло, за во количка исто така... ги имам десетина и баш ми се практични и ги користам многу. @TeddyGrey да си купуш тенки кебенца, ќе ти требаат.
Ние па максимално користиме вреќички. Имаме подебели, потенки, како шпикозни... Не го ну вадам од вреќичка. Го зимам, цица и само го враќам. Раат цело зимо. За летоска гледав вреќички како од тетра пелена, планирам таква да земам.
Ги гледав пред некое време во дуќанче во бисер што држи македонски производи. Ќе видам дали ги има уште, иако би требало и по другиве што држат македоска роба да ги има.