Ако го облекуваш во старт во комплетчиња зашто да немаш. Ама ако си зацртала дека ќе биде само во шпикозни не ти треба. Јас до кај 40дена се во шпикозни го облакав, од 40 во комплетчиња, тренерки и обавезно нешто на нозе ставам, уствари едни патичиња ги вртевме на секое, сега дечко па имаме повеќе и менуваме и на тераса кога го изнесувам на ноџиња му облакам нешто. Не сум во тек, дејче или машко?? Ако е дејче, ами со танчето босо ноџе ли ќе има Ако е дечко со фармерките и кошулката Мадеркеар имаш минијатурни како за новороденчиња, Окаиди најмали им се мислам 0-6м така стои бројот, големи за од старт да ги ставаш па колку и да е крупно бебе, Спорт вижн детското имаш Конверс патичиња, мислам да беа 0-3м и мали делуваа, низ Битпазар - Карамел/Бебето имаше да се одбере малечки, низ Бисер продавничките имаше по нешто..
Да се редактирам а избрзав прееска (извинете модератори ) Мислев дека прашуваш за на комплетите за новороденче бидејќи тие се со шпихознички. Ако сакаш да си купиш нешто како за дотерано со пантолончиња пример или фустанче, како што ти кажа @emkaemka ќе треба мислам
Немаш потреба од нив на почеток, а и така иде топло време, доволно е чорапчиња. Плус тешко се наоѓа бројче баш за новороденче, ќе плива во било кои бебешки патичиња.
дали за летно бебе, јули, за излегување од болница освен ете некое комплетце, треба да земам и хулахопки?
Кој знае може да напише повеќе искуства за бебиња што би се родиле во најжешкото. Барем за почеток да знаеме што да купуваме. Крај на август и септември е веќе посвежо. Ама до тогаш?
Е како посвежо август и септември? Освен ако живееш на планина Купете си за почеток, за првиот месец нешто со долги ногавички и ракави, исклучиво памучно, но дефинитивно повеќе на кратки ракавчиња и кратки пантолончиња. И на нив им е лето
Па што знам... ноќите се посвежи. Не сум на планина, во најжешкото во Скопје сум Јас толку нежно го замислувам ко ќе се роди што си викам да не му студи на бебето. Комарчиња ги касаат? Имам мрежи на прозори, ама стално се протнува некој. Ќе купам и долги и кратки, памучни да. Ќе гледам и нешто потенко ако има. Па ваљда ќе осетам кога што да облечам. Ич неќам да го тунтам.
Само боди по долги, ништо повеќе ако е посвежо. Првото ми е во јуни, па спиело и со боди на кратки во најжешкото. А за мрежите паметно што имате, баш се проблем комарците со мало бебе. Ние стававме мрежа и преку креветчето за да не ја мачкам со средства, страв ми беше. Иако на некои од нив стои 0+
Моето синче е родено на 22јули беше пекол дента кога излегувавме од болница, имав спремено боди на прерамки шпихозни изцело што се само со кратки ракави и ногавици чорапи и тетра и капче, сестрите кога видоа колку облека сум зела ме искараа, го облекоа само по шпихозните и чорапките му ги ставија. Дома кога си дојдов скоро цело време го чував во боди на кратки и тенки чорапи некогаш и без чорапи кога спиеше го покривав само со тетра пелена.
Значи комплетиве што ги купуваме ни се џабе. Моето ќе биде отприлика тие денови значи поарно исцело шпикозни од тенок памук најдобро е да си земам. Да баталам комплети. Ќе пукне бебчо.
Најпаметно затоа што ако ти е многу облечено ќе му биде склет и ќе ти плаче, јас првите денови едно сабајле по совет на свекрвата му облеков боди по кратки и доле памучни тенки панталончиња целиот ми се направи со вруќници. Така да изнакупи си бодиња само за летниот период друго ништо не ти треба.
Па мене термин ми е првата недела од Август, ама некако мислам дека јули ќе се породам. Имам комплетче со кратки(т.е. боди со кратки е ама со шарички и фалти), од другарка пратено и ми многу ќеиф во тоа да ја облечам. Мислев ќе и студи во тоа. Сега ме израдувавте дека нема да и студи. Таман и чорапчиња има. Ќе доземам секако и друго, нели може и да врне. Па и за таква опција да сум спремна. Ама начелно ќе можам во тоа. Ме израдувавте.
Мојот е роден 14. Август и во почетокот беше само во боди на кратки и тенки чорапчиња. За спиење додавав тетра, која инстантно ја буткаше и спиеше само така по боди. За излегување ми го натунтаа во комплетче во долги. Срце ми се скина и за тие пола саат додека стигнавме дома што беше толку изнаоблечен
А зашто па ти си им дала комплетче со долги Или тато/свеки/мајка дотерувале Цимерката имаше спремно скафандер (21.11) не му го облекоа иако инсистираше мајкава, само го завитнаа убаво во ќебенце во транспортерот, па дали во кола го облекоа кој знае