Јас пак ти ја препорачувам таа погоре што ја постирав. Ја има во Еурофарм и е околу 120 ден. Во Ремедика такви им даваат, мала е и мека, тие по две што се се многу по тврди, големи и гломазни. Моето не ги одбиваше и овие поголемите ама таа ја обожаваше.
И јас ти потврдувам за таа цуцла. Вака по искуство, најмногу ја прифаќаат отколку другите. Цела е мека и некако поанатомска ми е од другите што имаат додаток со пластика. Едит: тие што ги имаш постирано претходно како мечиња, тие се за поголеми, мислам дека беа после 6 месеци, потврди се. Оваа што ја постирала @Minnie-e е баш за почеток.
Тие со мечиња се 0-3, ако не се лажам или 0-6. @Kitten да ти ги дадам моите цуцли, ич не се користени имам од сите споменати ќе ги стерилизирам
Пред 3 години малата користеше такви, само не беа мечиња, беа обични кружни и имаше само светло сини. Таа што е темно зелена ја даваат на новороденчиња и е до 3 месеци, а тие мечињата се поголеми и многу поцврсти, и се за поголема возраст, малата ги прифати тек на 5 месеци. Мислам дека мечињата се замена за тие кружните од пред некоја година, а овие темно зелените останаа со истиот дизајн.
Темно зелената знам ја даваат во ремедика. Таму сите бебиња со цуцли се Мечињата се 0-3 https://goo.gl/images/vkFueV
Не знам дали има уште едни мечиња, ама јас ги имам видено во кесичка, како тие зелените што се продаваа, ова зборам за пред неколку месеци. Тогаш во аптека така ми кажаа, темно зелената е до 3 месеци, а другата после третиот месец. Да не тврдам за сега како е, сигурно нешто се променило, ќе прашам овие денови.
Вакви беа. Да да, во стерилно ќесе и веднаш спремни за употреба, баш беше нагласено на ќесето. @kukla21 Ги најдов Порано вака беа запакувани и само вакви имам видено во еурофарм.
@Kitten Таа малата е од 0-3 only for hospital use пишува на неа и е во стерилно ќесе, 120/130 денари. Од мечињата има и од 0-3 и 3-6 пакувани по две во кутивче. @kukla21 во Систина не им даваат цуцли? Моето сиротко во Ремедика по цели денови со цуцлата беше.
Има и во Бебесупермаркет баш една само зелена и на неа пишува само Soothie. Тие се исти што ги користат во болници, на неа пишува за болничка употреба. Баш таква како што постира @Minnie-e. Таа иако на облик слична е од многу помек силикон од другите (исто е на Avent) и е најлесна за прифаќање. Кога читав за цуцлата баш е за болничка употреба и пишува стимулира рефлекс на цицање, ја има за предвреме родени бебиња темно лила боја и темно зелена за бебиња родени во термин. На кесичката баш пишува само за болничка употреба. Не знам која цена е нити па како може да биде пуштена во слободна продажба.
@JoyJoy мислев @Kitten за ваквите прашува, нешто сум измешала брзини без памет сум од овие не сум видела по една а се 400 ден во зегин.
Работата е да ја "фати" цуцлата, а еве истиов облик не ми го прифаќа. Ја бутка со јазикот, ич не зацицува. А имаме етапи на плачење кога само цице ја смирува а буквално е прејадена, мешето ѝ е тапан. Многу сакам да фати цуцла. @kukla21 великодушен човек си! Ќе пробам да најдам од тие по 120 ден, ако нема радо би земала за проба Дечки, а да не има посебна тема за цуцли?
@Kitten единечни во кесички какви што бараш имаш во Зегин во Молот, не знам цена, баш ги видов пред некој ден.. Инаку и јас имам за давање цуцла за вадење на заби, чичка нова, неотворена