Мешиња жити се, само уште вие ми останавте да си се пожалам. Денеска си бев во шопинг за синко што треба да дојде на свет за неполн месец. И си купив преубаво комплетче на Caramell на кратки ракавчиња а долги панталонки за земање од болница. И бабиве кренаа паники, како толку мало бебе на кратки, било осетливо, па само требало по долги. Кратки дури после две месеци. И сега јас што изнакупив на кратки еден куп? Демек нема да ги облече дека мало? На 300 ума сум. Дајте совет како би облекле мало бебе новороденче на 50 степени?
Кажи на бабите бунда да купат! Свашта. Лето е, нив топло ли им е на 40?! И на бебе му е. Идеално му е на бебе на 22-23 лабаво облечено.
Мајче со првото дете не фати ли редот како да ги строиш бабите па сега што те паничат Ако е топло ќе го разголиш бебуш и готово, терај си по твое.
Баби се, се разбира дека паники ќе креваат Кажи им дека и постарите луѓе се осетливи и натерај ги во долги да седат на топлово. Јас да слушав баби, бебето ќе мислеше дека е во финска сауна или турска бања. Не се расправај, терај си по свое
Ваква е, бебе мое не може да се снајде, нема ништо за шмукање, па ја тегне Озбилна сум, ако ја сакаш ќе ти ја дадам неотворената, може ќе се снајде дејче твое, што неверувам ама ај
Mojava mozi poitra e Kolku pari se???? Mojava obicnata cicla povejke ja grizi nego sto ja cuca...i delot sto ne e za cucannje go grizi. Stava, vadi vrti, prevrtuva.
Во болница ми го облекоа на долги, дојдов дома и расоблеков само на боди на кратки и така тераше додека не залади. Ич не се секирај. И мојов не се снаоѓа, ама за глодалка ја бива. Ја гризе од сите страни
Јас ве читав дека не ја сакаа бебушите ама нели не може и јас да не купам . Прво не ја сакаше, па не му ја ни нудев. Ја извадив пред некој ден и овие два дена знае да ја гриза по 5 мин Пробајте пак
Мислам не. На бебе конфорт е и само кај што има нивни производи ја има. Јас од кидо(бебе хоум) ја купив.
@CurlyBlossomGirl Лани јас се породив во најжешкото. Малата ја изнесов од болница во ова фустанче. На болница сестрите ја облекуваа само по боди поктиена со тетра пелена. Цело лето го помина само по боди на куси или кимоно и од оние шпикозни со кратки ракави и куси пантолончиња како на сликата (не им знам точен израз ама нешто најпрактично што сум имала за бебе)
Ви благодарам мајки што одвоивте време да ми одговорите. @danichap еднава баба е многу дури ужасно своеглава што ме вади од памет инаку јас секако ќе си терам по мое ама зборењево не да нервира... Ко првото да ми го донеле изгледано од негде. Се ежам од било какви солења памет зашто и за ќерка ми се било на мене во овие 4 години, помош ни 5 мин сум немала, а кога треба нешто да се одлучи тие се знаат. Сепак ви благодарам и ќе си го изнесам на кратки
Веледа е природна козметика. На почеток бебе се нафрла, па мислев од тоа е..зедов мустела ради тоа. Сега ја трошам веледата и нема реакција никаква.