Незнам дали е за тука прашањево ама од кога почнавте со припреми за бебуш? Јас еве 32 недела па викам време е да почнам да перам... ( ми прогнозираат дека порано ќе се породам денес примав втора доза зреење). Инаку за перење на колку степени пуштате? Ме пукнаа дека за бебуш на 95 се перело. А јас мислев тетра пеленки на 60 да пуштам, а постелинките и облеките на 40... и така после се се пегла се дезинфицира. Се мислам на повисока темпер ќе ми се уништат и така сега се е новичко. Друго колку облека ми е доволно? Имам 10 боденца со кратки од картерс њуборн најмали, 3 од окаиди 3 мес ама гледам иста големина се со овие од картерс, од хм земав уште 4 со кратки 1-2 месеци, долни 2 пара исто 1-2 мес со ногавички, 3 хеланчиња од картерс 3 мес, земав и 3 боденца со долги од хм, 4-5 капчиња, чорапки и такви за на рачиња имам доста, 3 постелинки, 3 бањарчиња, 30 тетра пеленки. Имам и тиролчиња оние ко исцелко незнам како се викаат, и такви со кратки горе и доле. Нешто да не пропуштив? Купував и за од 3 месеци ама сега гледам ова за почеток дали ми е доста. Уште козметика и шишенца да купам...
Немаш потреба да переш на 95. Премногу е. Останало од времето, ама тогаш други материјали биле и не користеле пелени за еднократна употреба, па морале да вријат. На 40 ти е доволно, само додај уште едно плавење, а тетрите можеш и на 60 и на 95. А за облека вака звучи доволно, ама сѐ зависи колку бебуш ќе се валка Не се секирај за тоа, ќе ти биде мерак уште да докупуваш, таман ќе имаш добра причина да излезеш и да шеташ
Фала ти на одговор. Тетрава дека шарени со апликации па си викав да не пуштат на 95.Уф одвај чекам да излезам да купувам ова све др ми го купуваа ја дома гледам на сајт и праќам слики Се запнав за фустанчиња ама се ми викаат рано било а ја пусти мерак сакав фустан за искачање од болница такво на прерамки со боденце на кратки одоздола.
Тетрите и така се направени да може да се вријат, баш провери, нема врска што се со апликации. А за фустанче, ако ти е мерак, да си купиш. Дома ќе бидете практични Мене со првото ми купија комплети, исто не можев да шетам, а башка зима беше, па не ѝ облеков фустанче. Сега се мислам, најважно ми е само да е памучно и пријатно, а сигурно ќе најдам такво фустанче. Ама решив не купувам комплет, туку сама ќе направам по мој избор. И како што ти е тебе мерак, така. Верувај, после криво ќе ти биде.
Да си купиш фустанче. И мене ми викаа џабе, ама ем си купив, ем ја дотерував. Ако е бебе не значи така ради реда да ја облечам.
И јас исто мислам. Шо на ум тоа на друм. И не ми е мака за неискористената облека, со мерак е купена. Колку е носено толку.
Па и мене ми е мн кејф. Само еве барам и некако тешко да најдам од дома. А си имав замисла. И ја смотана слушам муабети дека од болница до дома за 10 мин џабе ќе сум малтретирала бебе.. Ти со фустанче ја изнесе? Незнам веќе кај да барам...
@duffi @kukla21 имаат они веб страни наши? Баш сега ќе проверам па ќе праќам муж да купува Го изнамачив само слики праќам и он оди бара.. Фала ви многу женски
Праќаш маж у продавница и он од таму ти врти на вибер со видео. Он шета, ти бираш. Поедноставно здравје. За перење јас ги перев на 30 степени, колку вода да ги помине што се вика. Сега на 40, а знам и пак на 30 алишта што ги носел неколку саати. Немаш потреба на 95 ништо да переш, секако и ќе пеглаш (барем на почеток).
@*Milicka* праќај маж во Мадеркеар, имаш ептен убави нежни, мекани, џиџани работи, се е на белко, розе, со цветчиња, слики ли ќе праќа, со камера ли ќе се разберете, ама бирајте, мора дејче во танче дома да дојде Чим ќе е помало од Окаиди големи ќе ви бидат, од Картерс со јаки бои се стварите, но исто многу убави, џиџани, од таму и најточни би и биле, ама ипак јас гласам за стварките од Мадеркеар Пери на 30-40 со дупло плавење, јас на 95 уште ништо не сум ставила. Облека и се останато доста ти е, не се трупај уште, ќе шетате заедно со беба и ќе пазарите. А и јас не неискористена, туку и необлечена облека имам купена за бебо, ама пак не ми е криво, меракот е најголем
@*Milicka* ако ти е мерак фустанче да си купиш. Ќе ја изнесеш во болница со фустанчето и потоа можеш на сите прегледи да и го носиш, а на почеток се оди на преглед еднаш два пати неделно за мерење тежина и слично. Сега е и лето па ќе излегувате да шеткате надвор и ете дотерана ќе ја шеташ. Фуснтачиња убави има во Mothercare, имаше пред некое време нешто и во Зара ама не знам сега дали има уште (јас купив пред едно месец дена за поклон). Гардероба ми звучи дека имаш доволно. За перење јас се перев и сеуште перам на 40 степени со дупло плакнење. Потоа или пеглам или сушам во машина за сушење, зависи од сезона.
И јас перам на 30-40степени. Ништо не е толку валкано за поголема температура. Се носи по неколку часа, малку да блуцне и одма соблекување.
Женски последен термин ми е 26ти август. Немам купено НИШТО. Да ми помогнете, бодињата на кратки ракави да ги купувам или? Утре се спремам да купам барем нешто, онака почетнички што да земам?
Купи си не се знае какво ќе биде времето. Ќе треба да купиш и помали и поголеми броеви бидејќи не знаеш колкаво ќе се роди бебето. Ако купиш најмал број а тоа 3-4 кила нема да го собира во нив. За почеток јас купив торба и триста тракатанци во неа од кои ми затребаа само пешкир, тоалетна и влошки со мрежа. За бебе бодиња, бенкици едните полесно се откопчуваа уште не научив дали е боди или бенкица. Памперс (нас само канбебе ни се погоди и тоа ќе треба најмалиот и еден поголем број) вл марамици од камилица. Хип шампон и купка 2 во 1. Од козметика користев само Бекутан бебешка пудра кога потпорасна. Бањарка. Корито ако го бањаш во корито. Перниче сунѓер за коритото... Од облека чорапи шпихозни... Тетра пелена... Не ми текнува друго. Шише за вода, шише за млеко. Ќебенце.