Да. Ние и кај бабите имаме и корита и мислев не мора и сунѓер ама докупивме. Иначе знам дека има различни мислења, ама јас сум презадоволна и од држачот за корито. Ем е на високо ем ептен малку подигнато кај главчето. За кај едната баба немаме држач и многу по комплицирано ми е бањањето.
Ај тука прашањево... Од болница до дома патувавте со транспортер или кошница? За ни 10 минути вожња ама гледам по слики и така и така прават, а мене се на транспортер ми иде дека е попаметно.
Малата во транспортер ја носевме и нашата вожња беше околу 5 мин од болница до дома. Здравје и сега планирам исто. И за подолго да е, пак би одела со транспортер. И во зависност од тоа што си имаш дома. Мене кошниците воопшто не ми изгледаат практично и искористено.
Со транспортер. Само така бебето ќе е безбедно. Корпата за по дома и шетање низ маало во почетокот ја користевме.
Јас ја користев мрежичкава со првото дете, планирам и за ова кога ќе потпорасне зашто сеуште ја бањаме во соба на сталак. Мрежичкава е за да го тушираш, тоа лежи ти тушираш и е прилично лесно.
Мрежичката е многу добра работа. Купив и држач, ама не го искористив ич зашто бебе се лизгаше надолу. Али затоа на мрежичката душа и извадивме, ем бебо ужива, ем полесно за бањање. Кога ќе седне ко господин у фотеља е Ние сме 5 месеци, уште ја користиме.
@Kitten И сталак ли ми треба Ич не ми текна стварно, каде планирав да ја ставам кадичкава, на трпезариска маса ли
Јас имам проблем со кичма, ако се наведнам нема исправување, затоа пре-потребен ми беше сталакот. Барем за првите месеци, додека не седи бебето. Мојот е комбиниран со када и пресоблекувална, но поевтина варијанта е само сталак и када. Некои тераат и без сталак, кадичката ја ставаат во када. А постојат и сталаци што се монтираат на када, но пак е пониско и мораш да се наведнеш.
@Kitten Јас немам када, башка и мало ми е купатилото, и да сакам неможам сега да ставам. Така да добро што ме потсети за сталаков, може да стои во купатило, ем исправена да бањам ем да туширам одма. Кадичка имам,сталак да купам само и мрежа, и стокмени сме.
И јас сум исти случај, мало купатило со туш кабина. Мрежата ќе ти треба за бањање во купатило, односно за туширање, значи ќе мора кадичката да ја ставиш во туш кабината, јас така правев, седев на столче. Сталакот не ми го собира во туш кабината, така што мрежава ја планирам за понатака, кога ќе почне да седи и да прска наоколу Ако има од негде да зајмиш сталак би било идеално, зашто многу краток период се користи.
Мешиња колку го користите релаксаторот веднаш по раѓањето на бебчињата? Дали ми е потребен за да купам веднаш за кога ќе се роди и секако кој модел би ми го препорачале?
Ние користевме од еден месец, ама тогаш го добивме на поклон. Инаку ортопед ни кажа може од прв ден да се користи, се разбира да е 0+. Имавме најобичен на вибрации. Ама сѐ зависи и дали ќе сака бебето да лежи во него, има некои не сакаат.
баш од таа причина зедов обичен. не знаев дали ќе седи па да не фукнам кеш за џабе. И ептен ни се погоди.
Паметно. Мене една колешка ме предупреди дека може нема да го сака, па ај за поклон поскромен побаравме. Ама си седеше и спиеше во него без проблем. Сега ќе видиме второво дали ќе го сака.
Од прв ден до ограничената килажа на него. Нашиот е до 9 кг па некако многу брзо го надрасна ќере. Ќе видиме синко сега како ќе сака да седи или ќе пишти.
Можеш одма во старт откако ќе падне пупачето. Бебето лежи, не мора да го држиш и го тушираш. Единствено што е глупо е што таа мрежа пасува само на една големина коритца, не е растеглива. Затоа види ако пишува димензии на мрежата, за да знаеш дали ќе одговара.