Гледам дека зборете за кадички и сталаци,па да ви го предложам на тие што немате купено ,јас ја користев оваа кадичка на Лорели со постолје,многу е практична,се собира тоа постолјето и можам да кажам дека многу време ја користевме до 1,5 година секако,и кадичката е многу убава,нит да се наведнуваш ни кичма да те боли
Kakvi alistenca da se spremat za bebe koe treba da se rodi kraj na septemvri? So dolgi,so kratki? Prvoto mi e rodeno vo zima a sega vrska nemam sto da zemam
Имај си тенки памучни на долги , а и на кратки секако. Не се знае како ќе биде времето. Можеби ќе имаме продолжено лето со оглед на тоа оти касно се стопли.
Со долги. Крај на месец е, дури и да се задржат топли темп. нема да бидат такви горештини а новороденче нема терморегулација па еден слој долги ќе дојде таман мислам. Моето пред 2 год се роди средина септември и баш тогаш пресече малку времето и ништо од купените работи по кратки не облековме, само некое боди за од доле под блузиче
Незнам каде да го поставам прашањево па ајде тука ваљда нее голема утка. Вака имам многу убаво зачувано плетено ќебенце со крупна плетка убаво дебело е нее чепнато нешто оштетено,од сестра ми и мене е. Добив идеа да ако може некако машиснски да се вклопи нешто како поларно ќебенце,за да не го боцка. Ќе го биде така или да не го чепкам ич?
Греота е таква квалитетна плетка која вреди да стои а ептен е зачувано. Од утре барам некоја основа и шнајдер кој ќе може да го направи.
Незнам што димензија е. Може и големите тетра пелени ќе ти завршат работа. Ем од една страна џиџе, ем од друга
Мила ние го купивме пред 4 години од таа продавницата спроти Енци менци во Сити Мол,бебе хом мислам беше,околу 2.700 ден ако добро памтам
Ми даде идеја Мониче и јас да направам нешш со ова старо ќебенце на мм. Ама мислам дека ако му дошивам нешш дека ќе го изгрдам. Вака убаво си е и мекано. Сега ќе и го дадм на свеки да го искисни во варикина убаво да се избели. Па ако го преживее тоа ќе мислам што понатака.
Почнав полека да правам список што се треба да се купи за бебе и за глава се фатив колку долг излезе списокот. За работи од аптека испишав, ама ќе му ја мислам на крај. Сега ми е побитно да се обезбедат крупните работи и алиштенца. За крупни работи знам што ми треба ( се ми треба), ама за ситните не сум баш сигурна. Ми е страв да не купам премалку или премногу. Нешто добив поклони (ги имав постирано во последно што купивме за нашите најмали) ама некако ми се чинат непрактични за толку мало бебе иако се се мали алиштенца од 00 - 6 мес. Секако нешш ќе се искористи, ама мама мора да спреми нешто секојдневно барем за до 6 недели кога нема да можам да шетам да купувам бидејќи ќе е зима, а друг нема шанси да ми погоди. На кратко еве го мојот список. Планирам да започнам да купувам средина на септември таман да залади и да има позимска роба и таман јас ќе влезам во 8 месец да имам време да перам, пеглам... 1 комплет за од болница 5-10 тетра пелени 2 боди величина 50 на долги и со преклоп 5 боди 56 на долги 3 боди 62 на долги 2-3 пара боди на прерамки 2 пара танки шпикозни 50, 3 пара 56 и 2 пара 62 2-3 пара дебели шпикозни, неколку вакви добив и на поклон 3-4 комплетчиња со блузичка на преклоп и долни со ногавичка од 0-3 мес 1-2 пара пижами од 0-3 мес 5-6 чорапчиња 5-6 лигуфчиња 2-3 пантовчиња 1 чемперче 1 палтенце 1-2 елечиња 2-3 капчиња 2-3 ракавички 2-3 ѕиврички и бенкички.
Мила уште ќебенце или оние плик ќебенца и пешкир бањарка за бебе гледам ги немаш на списокот . Не дека ќе ги заборавиш , има време до септември второво бебе ми е Ноември па зимав скафандер за зима ама ич не практично ,па си купив плик ќебе , ова моја препорака па ти како ти одговара така .
ги имам и нив на список, ама тие ми се во категорија крупни и задолжителни работи. А за скафандер и јас не сакам да земам за толку мало и се мислам за тоа плик ќебе, ама имам уште време да одлучам.
Немој во варкина ќе го ошкоравиш, а може и ќе се распадне, во течно белило или во оние прашаци за белеење алишта покисни го Што си купила си купила не прибирај уште, ќе се роди бебе ќе доземеш се што ќе ти притреба
Фала на советот и јас се мислев дека ќе му биде нешто од варикина, ама неколку пати со вениш го перев и пак останаа неколку дамки, па си реков или ќе се оправи или ќе се расипи скроз.Инаку сеуште немам нишш купено, само правам план што да купам, да не макнам бебе од неколку дена по продавници со мене. А друг да ми погоди нема шанси, се знам јас себеси.
Колку тетра пелени да купам за почеток? И дали е скапо 70 ден една тетра пелена од шарените? Од хелоу бејби од бисер ги гледав..