Плишани шпикозни пеглав наопачки, што не успевав да свртам со пареа од пеглата или крпче врз и пропеглував. Мекани играчки перам во машина и ставам во сушара. Оние со механизам/батерии ги бришам со дезентал/алкохол, влажни марамици. Направијава ти е скрос непотребна ствар, подобро купи си правосмукалка на пареа, па во едно додека смука ќе пушташ и пареа и така ќе дезинфицираш. Од душеци, кревети немаш појма колку прљавштина искача
Зашто да дезинфицираш ќебиња? Прво, нема да имаш време тоа да го правиш а ќе видиш дека нема поента. Исто мислам и за алиштата на бебето, Играчки нема да користите во почеток а нивно чистење само по етикета. Во машина немам испрано ништо што не е препорачано, а повеќето не се. Има средство на Нук за дезинфекција и со тоа и влажна крпа пребришував плишани ограчки. За душече можеш Кирби сервис двапати годишно. А пеглава ако е ефтина и ефикасна јас би си ја купила за пеглање мои алишта
Не знам колку е ефикасна за пеглање. Инаку слична пегла по слична цена видов и на топ шоп. Баш сега на промоција им беше.
Мајчички, од понеделник влегувам во 30та недела, па мислам време ми е да се спремам поинтензивно за бебе. До сега имам купувано само некои фустанчиња што беба ќе може да ги носи после 6м, значи треба да купам се... Направив листа што ми треба, а ќе правам голем шопинг следниот викенд. За почеток одбрав дрвено креветче од Бебесупермаркет, душекот од Дормео, оградици ќе разгледам низ Ск, ако не ќе си порачам од фб страната Detski oblacinja. Прво се убедував дека морам да купам кадичка со постоље од тие во Енци Менци, ама реално немам ни простор каде да ми стои, а ниту пак ми се даваат 6500 ден за кадичка.. Ја разгледав темата за кадички па ќе земам од тие кадички со адаптер, за сталак за корито сеуште се мислам, страв ми е колку се стабилни.. Си порачав да ми направат фиокар кој ќе ми одговара на креветчето, со 4 длабоки фиоки каде што ќе ги складирам бебешките работи, на фиокарот планирам да поставам подлога за пресоблекување. За облека за излегување немам идеа, ич не ми се купуваат наџиџани работи, а и кога ќе размислам дека ќе се роди во декември не ни размислувам за дотерување, само да биде убаво и топло облечено и да и е удобно на женската моја. Количка нема да купам веднаш, блиска роднина ми донесе Грако количка со транспортер, користена само една сезона, па планирам да ја покористам на почеток, а после 6ти месец да си купам одделно седиште за во кола и количка доколку ми се прави ќеиф да ја сменам Гракото. Од комплетчињата со аспиратор за нос, ножички, чешле до сега видов само на tommee tippee, ако имате друга препорака ве молам посочете ми. За облеката се мислам... Еден куп листи извадив од темава и пак неможам да одлучам кое бројче по колку парчиња да земам.. Ве молам помогнете ми со ваши совети, дали имате друга препорака за работиве што ги набројав, дали ми фали нешто?
Допиши си 2 - 3 бањарки. Постелнини. Тетри пелени. Ќебенца имај си 2. Прашај и за плик ќебе таму кај што ќе купуваш, да ти покажат, корисно е за зимско бебе според мене. Размисли и за вреќа за спиење. Облека имај си 56 број за почеток, ама знај дека брзо ги растат. Ние сме месец и пол, веќе ни се мали 56ките. Земи си бодиња со долги ракави - најзгодни се на преклоп и со копчиња. Панталончиња со стапалчиња. Тренерчиња. Шпихозни целосни на копчиња или патент. Имај барем по 5 од овие работи. Да имаш комбинации да правиш. Јас купував и 56 и 62ки за почеток. Сега веќе користам 62ки. Оградици ти препорачувам да си нарачаш ако ти е мерак. Поубави се. Според мое мислење, најубаво еднобојни да се, да не се многу шарени, да можеш да ставаш повеќе постелнини шарени и да ти одговараат на сите. Ако ми текне уште нешто ќе ти допишам. Со лесно.
Јас се мислев дека треба да почнам со бр.50, дури и за скафандер за од болница ќе барав 50ка.. Значи ќе купував алишта за кукла Фала многу од
Па првите 2 недели 50ка ќе и биде таман. Ама и 56ка не и беше многу голема на мојава. Скафандер подобро поголем. Да го искористиш бар цела зима. Јас 50ка немав ниедно парче.
Јас 50ка имам само неколку боденца купено. Друго искрено и не успеав да најдам. Место скафандер се одлучив за плик ќебе. Запната бев за тој како мече од хм ама не го најдов кога бев. После сите ме убедија дека за толку мало бебе поубаво е плик.
Добро е што сеуште немам купено, ќе пазарам во следниве неколку недели интензивно, до 35та недела да е се купено
Земи си чај за тебе. За доилки. За бебето не ти треба за почеток. Купи си и стерилни гази. Ќе ти се најдат за папочето. Алкохол Хидроген
Како знаете со величините за облека за новородено? Од колку почнуваат. Гледам пишувате нешто 50,52.. Првенче ќе ми е
Каде наоѓате 50ки? Некако како од 56 да е се по дуќаниве или не сум забележала ама изгледа ќе ми требаат 50ки овој пат па кај да барам
Барај во Анжи, Хелоу бејби, Карамел и Бебето. Од првите две имам купувано 50ки, но мене ми беа тотално неисплатливи и по еднаш облечени