Ама ти по 3800 ги роди девојчињата ако добро памтам мене за синот и 56ките ми останаа малтене необлечени ама ова второво се спрема да искача пред 9ти и ситно е па затоа си реков
Јас 50ки ништо не купив, 56ки шпикозни и бодиња на кратки за под шпикозни и 62 по некоја шпикозна и бодиња на долги. Дури и комплетчето шо го планирам за од болница ми е 56ка, ме фаќа страв да не и биде големо ама ќе видиме
Што е потребно за зимско новороденче, поточно колку слоја облека и што конкретно е потребно. Синко беше јулско новороденче па првите два месеци ги помина само по боди и тенки чорапчиња. Па сега немам престава што треба да докупам. Имам памучни но потенки бенкици и пантолончиња-шпикозни. Дали ставате хулахопки на новороденче?
Моето е фебруари. Му облекував боди на кратки и одозгора шпикозни или некое памучно дводелно комплетче и чорапки. Ништо друго. Дома секако е топло. Хулахопки не, ни за надвор.
Да ве прашам за овие сетовите за излегување од болница. На Карамел цената е околу 1950ден, Бебето 2000, некои други 2200ден. Отприлика сите ги имаат истите делови, плус/минус бањарка и памучно ќебенце. Дали купувавте таков сет или од оние помалите, околу 750/800ден што имаат помалку работи внатре? И за зимско бебе, декември здравје, доволно ли ќе биде боди на долги ракави и шпикозни (памучни)? Или треба и бенкица/ѕиври/хулахопки за одоздола? Или да купувам повеќе плишени шпикозни и комплети?
Јас имав на карамел едно сетче огромно. Ептен ми беше погодено за почеток. Имаше и шпихозни и бенкици и панталончиња. Имаше и бањарче и памучно ќебенце.
Тоа си е твоја одлука за сетот...еве на пример мојот беше со капче, нараквичиња, боди, дуксерче, долни со стапалчиња и кебенце...искрено одма му се смалија...све шо купував земав поголем број обично 62 или 68 зависи од кај купував... За зимно време незнам искрено пошо моево сеа сефте зима ќе осетит, ама јас пошо го облеквам спрема мене тешко дека мн ќе го туфкам. Плишана шпихозна еднаш и облеков цела ми се нафрли и сеа све што и купвам е памучно...
Јас имав 50ки од ваикики купено. За почеток се топ. Зависи и колкаво ти е бебето. Малата се роди 2400 и комплетите од карамел најубаво и стоеја и сеуште и чинат. Можеби и до конструкција зависи. Машкото веднаш ги одрасти и не ги износи баш. Веќе вакумирав една вреќа со смалени алишта.
Јас само 2-3 работи имав 56 и среќа што ме предупредија да не купувам премногу од тој број зш одма и се смалија...Башка сите носат облека за повојница...
Да носат облека за повојница, но голем дел кај мене останаа неискористени ( не ми беа по вкус) или се поголеми за од 3 месеци нагоре. Најмногу си носат тоа јас што им купував. Да се надоврзам за сетот на моите сеуште боденцата и блузичките им чинат и ми се со најубав квалитет, ептен ми се погоди.
Ариел,персил и нила ја би ти препорачала да си земеш од нилата таа барем и мириса и не ти треба омекнувач и некако најубаво ми ги пере алиштава.
Баш се присетив за работиве од повојница,, ете ги дремат во кеси сеуште. Нели муабетот е (барем кај нас во маало) купиле поголем.број за да се носи понатаму. Ама многу се налутив баш маж ми го напнав како може да ми носат пример фустанчиња или комплетчиња кратки пантолонки и маички за 6 месеци кога мое бебе 6 месеци ќе прави во најладната зима . ( декември) .преубави се навистина ама нема да бидат облечени ниту еднаш.Абе малку да се размисли веќе кога трошат пари барем да подразмислат. Не знам дали јас сум таква али додека купам подарок за некој било бебе, дете, возрасен се думам па како што, дали е корисно, убаво ли е мајката, таткото пример каков вкус има и сл. И ете така си дремат во кеси. Чекаат на ред за друго бебче ако даде бог ама да го потаманам да му се фатат
Јас фала Богу скоро све искористив т.е све ми погодија и број и за вкус..едино едно фустанче со болеро со брошој...ко баба ми што носеше во 60тите ....кога го видов паднав од смеење...