Хахаха, ме изнасмеа како го опишуваш Среќа и нас све што ни донеле се искористило, нешто помалце, нешто повеќе. Едино најнепрактични ми беа подароците за бебе- комплетчиња со маичка и хеланки за летно време. Не дека не и облекував понекогаш, ама кај на бебе од 2-3 месеци маичка која цело време се дига нагоре кога го држиш Некои беа облечени само по еднаш. Јас кога одам на повојница сум прорачуната, што е практично и што е соодветно за возраст наспроти годишно време. Погрешив само со едно фустанче за форумска пријателка, сум и купила фустанче од дебел материјал (и снегулки на него кои јас не ги приметив бидејќи многу ми се допадна во целост како изгледаше) но со величина за да го носи во лето
32 + 3 гн, мама се спрема турбо, а бебица се превртува во меше Ве молам за коментар мами дали нешто ми фали, а на идните мами се надевам ќе им помогнам со мојата листа. Засега купени: · Креветче Бебесупермаркет + душече (Федербау) 7900 ден + 1500 ден · Подлога за пресоблекување од Енци менци – 1300 ден · Кадичка, адаптер и сталак за кадичка од Енци менци 780 + 390 + 1500ден · Непропуслив чаршав за креветче Ваикики 400 ден · 3 крпи за капење – две од локална продавничка едната беше 500 другата 600 ден и една од Ваикики 600 ден · Шпикозни памучни 4 пара бр.56 и 62 ги купив по околу 500 ден едни · Шпикозни плишани 4 пара исто број 56 и · Комплетчиња (пантолонки со стапалка со блузичка на преклоп + капче)- 4 пара цените им се движеа од 500 – 700 ден · Тренерчиња 3 пара по 700 ден · Скафандер мече бр.62 - 1200 ден (мерак ми беше мораше да купам) · Ќебенца 3 – две тенкички и едно ептен дебело (тенките по 600 ден, дебелото 1300 ден) · Бодиња на долг ракав бр 56 - 5 · Бодиња на краток ракав 56 - 5 · Тетра пелени 15 по 65-70 ден од шарените купував само · Чорапчиња 3 пара дебели и 3 пара потенки · Постелнина купив една од Ваикики на попуст беше па се залетав, кога стигнав дома ја отворив и воопшто не ми се допадна, многу груб материјал е па незнам дали воопшто ќе се искористи Количка и транспортер добив на подарок малку користени, Грако, ќе ги користам до лето па ќе си купам нови. За бебе да треба да докупам: · пантолонки со стапалца барем уште 2 пара · ракавички 3-4 пара · пижамки 2-3 пара · Постелнини две комплет со оградица · Козметика немам ништо купено · Пелени за широк повој 8ци немам купено, ќе ставам ако ми каже педијатар дека треба · Вреќичка за спиење · Капчиња · Перница за доење · Комплетче со аспиратор за носе, чешел, ноктарица и слично. За мене треба да купам: · Баде мантил · Спаваќи *2 · Ланолин · Влошки за гради · Вир влошки · Мрежести гаќи · Градник за доење
Да го испечатам списоков и да одам во акција со ништо купено 32+1, може и на иста дата ке се погодиме. Од ова поголем дел планирам да купам, мада ке оставам нешто за поклон дека голема фамилија сме а прво бебе, па имаат мерак сите да купат по нешто
Јас ракавички имам со некои комплети. Планирам да ставам кога ќе вадам бебе надвор. Извинете што упаднав во муабет.
Едни велат ставај, други не ставај. Мене ова ќе ми е прво бебенце, па планирам да купам некој пар, ако ми каже педијатар да ги ставам ќе ставам, ако ми каже да не ставам, нема да ставам.. Јас од шо ми е мерак изнакупив се, па сеа бабите кажуваат што од која ќе било, па ќе се кешнат колку што се направило трошок. Ако ги чекав нив да купуваме ќе требаше во 36та недела да почнам со купување, а јас уште сега почнав да паткам, тешко ми е дишењето, подобро е вака навреме што испазарив. Инаку се купив во рок од 2 недели, до 30 недела немав купено апсолутно ништо.
Ортопедот на првата контрола не караше затоа што сме ставале ракавички, го спречуваат правилниот развој на прстињата, то ест го туркаат палецот навнатре во позиција како бокс - што не е ок.
Е заради ова го сакам форумов, искуства од повеќе мами, за идните неискусни. Заради тоа и го ставив списокот, да ме посочите што ми фали, а што ми е плус. Ви благодарам @Grungie и @simona_baby Ве молам и останатите доколку имате забелешки пишете
Jas bas ke se sovetuvam so ortopedot I za ova za rakavickite da vidam sto ke mi kaze koga ke odam za mene na 7 noemvri na kontrola ke treba da odam
Ракавици не се ставаат зашто го псречувата нормалното осознавање на светот. Бебето прво треба да си ги запознае рацете и да научи да ги координира очите со рацете. Така што ракавици не ти требаат. ќе сечеш/турпијаш ноктиња и толку.
Фала ти ми даваш надеж дека и јас ке завршам така брзо, а плус имајки го и твојов список мака ке немам А ете и ова за ракавичкиве и јас не знаев, што гледам им ставаат ептен првите 2-3 недели додека се мали да не се изгребат, ама ако не треба не ставаме
Јас се раководев по списоците од темава, за некои работи уште неможам да се одлучам какви да земам како на пример за шишенце, зедов едно томи типи и лажичка за капки силиконска зедов ама некако ми е тврда, се сеќавам дека за мое внученце имавме друга марка и беа помалецки и помеки. Пелени незнам какви да купам за почеток, за козметика мустела и хипп планирам. Перница за доење незнам каква да купам.. Вреќичка за спиење... И најмачното ми е да најдам за мене спаваќи и баде мантил за во болница, во мојот град неможам да најдам ништо што е потребно, за се морам да одам во Ск или да праќам некој да ми купи и да ми донесе.
@mamaJana убаво си се опремила, па дури и вишок работи имаш ако ме прашаш мене Еве што мислам дека нема потреба да купуваш: -пантолонки со стапалца барем уште 2 пара · пижамки 2-3 пара · Капчиња Наместо пижамки, шпилхозните ја вршат истата функција или тие комплетчињата со бенкица, а капчиња спомна дека имаш заедно со комплетите, освен ако не мислиш на зимско капче за надвор. Памучните капчиња мене ми останаа најнеискористени, само после бањање ставав по пола саат на глава. За бадемантил види во Сара фешн ако имате во градот, вчера прв пат видов дека имаат, јас пак трошев време да барам низ трговските центри.