Мене мајка ми одамна ми има купено таква наметка пењоар уште пред 5-6 год не бев ни мажена Ќе ви пратам слика, него ќе го носам. Ова е така?
Ова е да, баш е убав Јас имам тенок, ама сакам да купам подебел, баш зимски. Мислам дека се многу практични, посебно на зима.
Овај е баш зимски подебел, има и спавача како порано што носеле бабите за спиење тогаш ко го купи и велев зошто ми е, ова она ама испадна дека треба
Мајкички, најадекватно ми беше да го постсвам тука прашањево, бидејќи реално како тазе мајки поубаво може да кажете. Читав и по многу други теми ама пак некако нејасно и нејасно. Што е она што е потребно и најдобро да се купи за бебе? -Пелени Памперс или Бејбилав? -Крема за газе која? -Шампонче, купка за бањање, добри ли се на чико или да барам некое друго? -Влажни марамици од кои, некаде читав дека производите на Бекутан не биле добри? -Шишиња треба ли да купувам сега порано или откако ке се роди, да видам дали ќе ми требаат и ако треба кои е подобро дали на Авент или на Нук и дали е подобро стаклено или пластично шише? -Цуце лажливче се дава ли одма или кога ќе попорасне, или сепак е подобро да не се учи на цуце? -Омекнувач за алиштата да користам ли или доволно е само прашок Персил сензитив? И последно 32 недела сум, дали може да почнам да ги перам алиштата и да ги ставам во вакум кеси, бидејќи кај и да е ќе фати ладно па нема да се сушат или сепак е многу рано.? Знам дека има одговори во соодветните теми ама сепак некако читајќи ги сите не најдов одговори на прашањава. Ако има некоја тазе мајка која има време да одговори би ви била благодарна!!!
Прво, со лесно нека ти бременоста и пораѓајот Ќе ти кажам јас што и како користев и направив: - Пелени Памперс - Крема Павловичева - Купка Бекутан - Марамици Бекутан - 2 шишиња на Нук купив пред да се породам (пластични) - Одма и дадов цуцла лажливка - Омекнувач користев - Испери си ги и среди си ги... да не ти виси над глава мислата
@hello-kitty.90 ќе ти одговорам според мое искуство. - пелени памперс актив -крема за газе никаква ,освен кога има црвенило јекодерм -за почеток само купка еуцерин маслена купка , шампонче многу подоцна почнавме со хип - шише авент или lansinoh или медела - цуцла ако сакаш да нудиш ,моето на 7 месеци прифати цуцла само за заспивање - помеѓу бекутан , персил и ариел бејби ,дефинитивно ариел. Алиштенцата пери пеглај и во плакар , во вакум нема потреба и ќе ти се згужват. За бебе се пере многу често затоа ако сте во можност сушара најдобро за зимно време. А и марамици за почеток најдобро е со суви то то натопени со вода , потоа бекутан .
Да, навистина ако можеш заобиколи ја Бекутан колекцијата. Со исти цени а поубав состав е Хип козметика. Пелени кои сакаш одбери ги, па бебето ќе си покаже дали му одговараат или не, па ќе менуваш ако има потреба. Јас, исто како и повеќето мајки, се држам до Павловичева оригинал. Секое пресоблекување мачкам, мрснотијата не дозволува да се воспали кожата од влагата. Кога е вцрвенето мачкам крема со цинк оксид. Шишенце имав само едно за почеток, тоа може и да не ти треба. Влези во аптека или Дм и бирај според џебот Лажливка можеш од старт, многу бебиња ги прифаќаат веднаш, а според мене се од голема помош. За перење на почеток, барем првите неколку месеци, доволно е само детергент без омекнувач.
@hello-kitty.90 Од мое искуство Пелени Памперс актив Крема за газе-Судокрем за црвено газе, и павловичева при секое менување на пелена. Купка и шампон Мустела, имам и на Хип но Мустелата подобра ми се виде,па продолжив со неа. Влажни марамици Косили. Шишенце на Чико 0+ стаклено, не фаќа мирис и ми е по хигиенски него ли пластично. Лажливка убаво е да дадеш, јас не ја давав од почеток и сега за жива глава не прифаќа, а некогаш стварно се од голема помош. Прашок лористам Ариел сензитив и омекнувач Тета Виолета,по меки ми се алиштата со омекнувач. Не ми покажала реакција до сега на омекнувачот. Јас како купував алишта одма ги перев,пеглав и во плакар.
За пелени зависи и од бебето. Почнав со памперс премиум, па кога почнаа да прошуштаат, пробавме други и на крај завршивме со бејбилов и ќе се држиме до нив за сега. Крема за газе не користам секојдневно, само по потреба крема за пеленска регија за иритации на хип, па прејдов на веледа и се држам до неа. Козметика за бањање и тело зависи што очекуваш. Исто почнав на хип, па се префрлив на веледа зошто се органски. Влажни за по потреба (ако сме надвор или на јадење ако многу се искашка) од почеток бејбилов ги користам. Сите останати мицимаат многу интензивен мирис. Инаку за газе користев памучни туфери и со млака вода бришев. Сега оди дирекно на чешма. Шишенце купи си за секој случај едно/две. За пчеток авент мислам дек се супер и по можност стаклено. Цуцла лажливка не гледам штета да даваш иако мојов батко никогаш не фати. Само кога ги вадеше првите заби неколку дена се иживуваше. За перење користев персил сензитив и понекогаш омекнувач чико.
Јас на почеток користев памперс, павловичева за газе, бекутан влажни, цуцла лажливка првиот месец користев после нејќеше, имав 2 шишиња за сваки случај и мн малце ги искористив...Ден денс веќе 5 месеци ја капам со шампон и купка на Бекутан и на газе ја мачкам со витаминска од Бекутан... Од облека имав боди по кратки,боди по долги, неколку шпикозни и тренерчиња, пешкир и кебенце..после купував по потреба...
Според моето тазе искуство - шишиња две јас ги користев од филипс авент, цуцли две, силиконска лажичка 0+ за капки ќе ти треба, купка за бањање и кремче за телото - моја препорака Мустела, павловичева оригинал за газето, капки за носето тие што се солена вода, памперс премиум кер мало пакување за проба (и ова е индивидуално) влажни марамици и ако немаш купено прашок за алишта јас го користам персил сензитив, омекнувач чико белиот, аспираторче за носето (моја препорака тие што се за со уста да влечеш), ножички за ноктињата (мојава се роди спремна за маникир , сјај за миење шишиња (јас го користам од нук) и четка за миење шишиња. Тоа е според моето искуство, сепак се е индивидуљлно Дополнувам-тетра пелени (можеш слободно да си купиш 7-8 за почеток) затоа што ќе ги користиш за се и сешто, и марамчиња малечки памучни за бришење на устето
Еве јас што купив/имам до сега, мислам дека уште малку работи ми фалат: Масичка за пресоблекување Коритце 2 бањарки/крпи за капење Памучни шпикозни 4пара, 56 и 62бр. Плишени шпикозни 5пара, исто 56 и 62бр. Дводелни комплети со капчиња 5 пара, 56 и 62бр. Бодиња на долг ракав, 8 земав, 56 и 62бр. Ѕиври 2 пара Чорапи 3 пара подебели и 5 потенки 2 плишени ќебенца, 1 памучно и 1 подебело Јорганче Комплет постелнина Ептееен тенка перница Тетра пелени, 10 земав Лигавчиња 4 Ракавички 3 пара Капчиња 6 Количка со транспортер Релаксатор Креветчето ќе стигне до крајот на неделата, треба да купиме и душече. Ми фали козметика за бебето, шише, цуцла и некои други работи од аптека, за него и за мене. Ако нешто ми фали слободно дополнете ме
@happygirl Приземи си тетра, јер од нив никад доста...и убаво ти кажа coco31 за боди по кратки ... Козметика зависи од бебе каква ќе му биде кожичката. Земи си влошки за гради обавезно...
@happygirl само еден комплет постелнина имаш? Ако да, обавезно бар уште еден за старт. И непропустливо чаршавче за одоздола, да го штити душекот.
Имам еден комплет постелнина, и неколку чаршафи плус за на душекот. Не знам од каде да купам непропустливо чаршавче за одоздола, не сум во можност да одам до Скопје...
Денес купив влошки за гради 69 денари од дм.. ќе ми требаат ли за во болница да ги земам плус и ова за доење го купив и тоа дали ќе ми треба за во болница?