Јас не знам ни што е боди, ни бенкица, ни шпихозни(ги мешам), ни тетра ни шведска/холандска пелена или како и да се вика да не лупам..Има и трета ама ништо не запамтив. Зар има за новороденче хулахопки?
јас уште не знам што е тоа тетра и шведски пелени а изгледав едно дете има хулахопки за новороденче но јас земав 2 броја поголеми зашто ми беше страв да му ги облечам. И општо бодињата му беа поголемки зашто оние баш за новороденче ми се како кукла да сакаш да облечеш. А за бенкица... Сум чула ама не сум употребила.
Јас не купив. Од коа видов кое и го даваа во болница, тогаш земав такво исто за да продолжам со истото.
Не. Прво види можеби ќе бидете само на цицање а и од кое млеко ќе и даваат во болница. Јас на пр на почеток само ја доев па после еден период и додавав и АД. Еднаш зедов др за проба од тоа што и го даваа во болница и повраќаше. Потоа во аптека ми кажаа дека не било убаво да се менува храната.
Од каде купи шведски пелени? И дали имаш онакви како најлонче пелени за врз шведските, не знам како се викаат
Павловичева маст овде како да ја побарам, некоја слика @danichap ? Се препорачува само макс. до три пати бањање неделно иначе со влажна крпа чистење. И бањање на почеток само со вода и може уље бебешко. Козметика подоцна да се користи. И лице за крема надвор на ладното да се мачка. Перница никаква за спиење до година дена. Јас купив се во второ тромесечие кога си бев фит. Исправ и испеглав вчера и денес. И куфер за болница спремен. Се мислам само дали е доволно за излез од болница боди, шпикозни, капа и скафандер до кола? Оти Јануари минус се температурите.
Тетра е обична бела памучна пелена, Шведска пелена е како 8 со врвки за широк повој (тоа индивидуално дали ќе редиш или не широк повој) а и јас планирам да земам поголеми зашто не знам бебка колкава ќе биде ... А хулахопки да има ама не од најмалите... И тие мора да се поголеми... @FreeMind барај ја Оригинал Павловичева крема за бебе и ќе ти ја дадат во аптека, и да знам дека не се бања многу често бебето и со хемикалии.... Јас ќе ги купам за да ги имам да не се м'кнам после угоре-удолу.... како што реков можеби нема се да се употреби веднаш ама за покасно сигурно ќе ми требаат...
Вака изгледа, двете се ептен добри за иритирана кожа. Не знам дали би ги нашла таму јас за сестрами и ги испраќав од тука
Pa mnogu lesno se oblekuvaat hulahopcinja prvo edna noga pa druga. i te kako se potrebni za bebinja rodeni zimno vreme. Moeto e vo mart od start bese obleceno toplo
што мислите мамички колку шпикозниња се доволни кога ќе се роди, а и комплетчиња од колку месеци земате ? од почеток знам дека повеќе само шпикозниња носат маливе одма одраснуваат ?
Јас планирам само 2-3 комплетчиња едно за од болницата кога ќе излегуваме, 1 за 40 дена во црквата и уште едно онака да го имам
Јас 5-6 шпихозни плус некои комплетчиња како тренерки и меки фармерчиња со прерамки. Знам дека после ќе ми донесат многу имам големо семејство