Јас имав само 1 комплетче за од болница. Шпикозни само за спиење користев и уште користам. Имав 5 мислам. Преку ден и облеквев боди и долу оние со стапалчиња и широк ластик.
Јас купив околу 10 комплетчиња повеќето помали, син ми се роди 4300 и сега сите му се кнап, другата недела нема да му чинат боди со долги исто 10тина парчиња, хулахопки 4, неколку чорапчиња и така.
Мене најубаво ми е дете во шпикозни. Во кпмплетчиња дека со широк повој мн трдулавко ми е. Инаки 5 -6 пара шпикозни за почеток секако.
Мене најзгодно за облекување ми беше боденце и панталончиња (ѕиврички) со ногавички. Шпикозни многу ретко облекував. Ти земи си од се по 2-3 пара, па ќе видиш како ќе биде, што ќе ти биде згодно за облекување. Потоа, ќе си докупиш.
Мила широк повој треба секое да се витка или докторот ви сугерира? И може ако не ти е тешко една слика од тие пелени за широк повој да видам дали имам или да купам. Јас 50ка број земав за излегување од болница и три боди имам со таа бројка друго ми е се од 56 нагоре. Арно ама мисла ми е докторов рече долги нозе ќе има да не не ја собере во 50ка Ваљда не е толку мала бројкава и може да се растегне некој сантим два.
Еве по 1 од овие се става и памперс. Јас искрено сум голем противник на широк повој ама ваму педијатрите советуваат секое дете првите 3 м да носи широк повој како превенција бидејќи во Македонија било мн честа појава на исчашен колк за разлила од на запад каде се става само ако има потреба за тоа.
Мене другарките ми кажаа по 2 тетра и 1 осмица да ставам, но многу беше подујано така, кога ќе го легнев со главчето прудолу беше и му ставам само по 1 од двете и памперс. Па и машко е не ќе раѓа
И јас редев по 2 ама летно време фати после и по 1 редев тетра. До 5 месеци и редев. Искрено мн полесно за држење е со тетра
За новороденче најдобро е шикозни. Ако ставиш дводелно комплетче е се собира е прави набори нема да му е згодно и удобно. Препорачуваат шпикозни и повеќе од 5-6 нема потреба. Прво нема да ги валка брзо а второ одма ги одраснува така да џабе ќе ви бидат
И мене ми рекоа 2 ама мојава кај куса кај буцка како топче се префрлаше и намалив на 1. После на здрав бебе ми рекоа како мислам така битно да и ставам.
Јас немам купено осмици, само тетра земав. А кажете ми, по кој редослед се ставаат сите овие пелени плус памперсот? Овде во болница само памперс му ставаат гледам.
Памперс па тетра па осмица. Јас тетрата и осмицата ги ставам над боди бидејќи вака набаварено не можам да го прекопчам.
Смее вениш да се користи за бебешка облека? Или со што да се исчисти флека? Имам убава бела пелена од постарото синче ама се направило жолта флека од самото седење во кеса. Ја перев на 90 не излезе
Според мене воопшто не треба широк повој. Ако не дај боже има проблем, проблемот не се решава со широк повој туку со протези.
Јас не ставав широк повој, ортопедот ми рече не, а купив и такви гакички за широк повој и како во оклоп беше бебето и одма и ги извадив.
Широк повој се става само ако бебето има со дијгноза потврдено дека има проблеми со колкчињата во спротивно не смее. Кај здраво дете широкиот повој ќе направи потешкотии и компликации при проодување. Кај нас па никакви пелени не ставаат ги повиваат бебињата па замислете нивните ноџиња се исправени.