Na zapad mamicki kako se ragaat bebcinja im pravat ultrazvuk na kolkovite a i nekolku kontroli posle toa ja imaat ovaa proverka pa so toa kazuvaat dali e ok ili ima potreba od sirok povoj. Vo mk neznam kako funkcionira ova
И на моето му правеа откако се роди и сега треба на 3м. Ама дека такво подрачје сме биле препораките важеле за сите деца.
Мамички 34 недела сум но до сега не бев во можност да купам ништо за бебето бидејќи бев повеќе со лежење па сега полека сакам да почнам да спремам да купам ама незнам од што да почнам. Што би ми препорачале за почеток што да купам од алишта креми цуцли пелени и по колку од прилика би ми било доволно за почеток? Почна паника да ме фаќа бидејќи ништо незнам и што ндмам ништо купено а и незнан од што да почнам како основно за почеток за во болница и за дома хаха па за хелп ве молам
Ваљда зависи каде ќе се породуваш. Јас бев во општа болница во помал град, па ми требаа неколку надчаршафи (оние на бекутан на пример), едно пакетче пелени, влажни матарамици, чепче бидејќи бев царски и спавача, а и облека за изнесување на бебето од болница, но таа ми ја донесоа последниот ден. За дома памперс, шишенце, цуцла, пумпичка за нос, силиконски брадавици, надчаршафи, влажни марамици, крем судокрем... тоа ми текнува
* 5-6 бодиња на долги ракави (56-62големина) * 5-6 бодиња на кратки ракави (56-62 големина) * тетра пелени бели 2 пакувања, (планирам да користам платнени за почеток и широк повој, тоа индивидуално) * триаголници - шведски пелени 1 пакување * памперс 1 пакување * шпихозни 5-6 пара (56-62 големина) * боди - бенкица 5-6 пара (56-62 големина) * ѕиврички (како хеланки ама со стапалце) 4-5 парчиња * хулахопки 2-3 парчиња * чорапчиња околу 10 пара (малку поголеми) * пижамчиња 2 пара * скафандерче или шпихозни со крзненце за во количка * 2-3 дводелени комплетчиња * 2 бањарчиња * 2 постелнини комплет плус долни чаршафи 2 * водоотпорна прекривка за душечето (2 парчиња) * подлога за пресекување (2 парчиња) * јорганче * ќебенциња 2 (потенко и подебело) * прекривка за количка * постелнина за количка * капчиња и траки за коса (носам женска ) и ракавички * Corine de Farme 2/1 шампон и купка * Еуцерин маслена купка (за секој случај да не се појави црвенило или иритација) * Прибор за нокти, четка за коса * Стерилна газа, 70% алкохол, спреј за папокот * Јекодерм маст * Влажни марамчиња * Павловичева маст * витамин Д3 капки * чајче анти-колик * хидроген 3% * чистач за јазик * комплет шишиња (планирам или стаклени Бејби Нова или анти-колик Томи Типи) * 2 цуцли (за секој случај) * силиконски брадавици (за мене) *пумпа за измолзување * корито за капење * вреќа за спиење * топломер * пумпа за нос или аспиратор * физиолошки раствор Од некоја членка наназад го копирав сега, ваљда ќе ти помогнит
TE="Sandrin4, post: 4291126, member: 126050"]* 5-6 бодиња на долги ракави (56-62големина) * 5-6 бодиња на кратки ракави (56-62 големина) * тетра пелени бели 2 пакувања, (планирам да користам платнени за почеток и широк повој, тоа индивидуално) * триаголници - шведски пелени 1 пакување * памперс 1 пакување * шпихозни 5-6 пара (56-62 големина) * боди - бенкица 5-6 пара (56-62 големина) * ѕиврички (како хеланки ама со стапалце) 4-5 парчиња * хулахопки 2-3 парчиња * чорапчиња околу 10 пара (малку поголеми) * пижамчиња 2 пара * скафандерче или шпихозни со крзненце за во количка * 2-3 дводелени комплетчиња * 2 бањарчиња * 2 постелнини комплет плус долни чаршафи 2 * водоотпорна прекривка за душечето (2 парчиња) * подлога за пресекување (2 парчиња) * јорганче * ќебенциња 2 (потенко и подебело) * прекривка за количка * постелнина за количка * капчиња и траки за коса (носам женска ) и ракавички * Corine de Farme 2/1 шампон и купка * Еуцерин маслена купка (за секој случај да не се појави црвенило или иритација) * Прибор за нокти, четка за коса * Стерилна газа, 70% алкохол, спреј за папокот * Јекодерм маст * Влажни марамчиња * Павловичева маст * витамин Д3 капки * чајче анти-колик * хидроген 3% * чистач за јазик * комплет шишиња (планирам или стаклени Бејби Нова или анти-колик Томи Типи) * 2 цуцли (за секој случај) * силиконски брадавици (за мене) *пумпа за измолзување * корито за капење * вреќа за спиење * топломер * пумпа за нос или аспиратор * физиолошки раствор Од некоја членка наназад го копирав сега, ваљда ќе ти помогнит[/QUOTE] како мама на речиси двегодишно детенце,ќе се осудам од лично искуство да споделам што мислам... Списокот е навистина детален,ама не е потребно се...Доколку се почнува со еуцерин,нема потреба од уште една купка(тука е спомната корине). За креветчето незнам баш дали две остелнини.Што ако воопшто нејќе да спие во креветче? мислам една за почеток е доволна.И постелнина за во количка? прв пат слушам... Широк повој само по препорака на ортопед по извршен ехо преглед,значи нема потреба од толку тетри(моите сеа за прашина бришеее ги користам). И шиенца обавезно стаклени-похигиенски е. На сите идни мами им посакувам лесно породување!ве чекаат моменти исполнети со огромна љубов
Нема поубав шопинг од тој за првото бебе, гледано наназад. Тогаш, како што пишувате погоре, се ми изгледашее збунувачки, премногу избор, премалку предзнаење. А денес со осуммесечно бебе немам време за никаков шопинг Се надевам мојов совет ќе ви помогне
@anita123 списоков е добар само малку подолг и некои работи се индивидуални. Пример има две купки. Јас би одела со една како Еуцерин или Мустела. Тие се некако најнежни. Оние базирани на тревки (како CorinedeFarme) може да не одговаарат на секое бебе. Пример моето од тие се исфрлаше. На почеток исто не се користи маслена купка таа е за подоцна. Се купува хипоалергена обична купка. Павловиќева маст никогаш не купив. Одев со витаминска крема на Бекутан со секое менување пелени и една крема со цинк (Пенатен, Судокрем, Нивеа со цинк) ако е црвено газето. Хидроген и спреј за папок не треба. Папочето се чисти само со стерилна газа и алкохол. Ако има потреба од хидроген ќе каже педијатар. Силиконските брадавици се користат само ако се вовлечени пупките. Ако не не треба. За мало бебе подобро е бришење со суви марамици наквасени во вода отколку влажни марамици. Чистач за јазик не знам ни што е. Д3 капките исто ако ги препорача педијатар, односно се купуваат оние кои ќе ги препорача педијатар. Не се купуваат однапред туку отакко ќе се роди бебето. Јекодерм нема потреба. Не се става масло на кожата на бебињата за да може да дише (спротивно на многу совети во Македонија). Ракавици за рачињата не се користат, со нив бебетпо не може да си го осознае телото. Постелнина за количка исто не знам што е. Во количка се вози бебе со памучна пелена одоздола и покриено по потреба. Со среќа и со лесно.
Јас земав Памперс за почеток мало пакување 40 и нешто пелени има, со син ми користивме Бекутан бев задоволна, сега незнам какви се
Памперс 1 паковање од 43 мослам беше. Потоа одма купив 2ка, 1цата прокиснуваше, а сега 3ка користиме бебето е месец и пол.
Искрено и јас се мислев дали да земам 1 или 2 ама за тоа купив мало пакување. Со искуство од син ми многу бргу ги нараснуваше
многу посттови исчитав и пак не знам колку да земам, најубаво барем 6-7 рала од се и бројче кое ? дали пижамчиња требаат или ќе си спие во шпикозниња и кој се најпрактични тие или одделни горно блузе со долни ?
Според моето искуство најпрактични се шпихозните. Имам и му облекувам и одделни комплетчиња,ама шпихозните ми се попрактични. Посебно за спиње не му облекувам пижамки,иако имам,ама сеуште немаме ред за спиење,па затоа и не му облекувам,не знам навечер кога му е дремка,а кога ќе спие. Нека попорасне малку,па секако ќе му облекувам пижамки за спиење,како и што треба.
Јасс имав за почеток комбинации од 56 и 62 и 56 барем за почеток му беа поточни. Имав комбинации од шпилхозни и одделни и кога беше ептен мало бебе целосните беа попрактични, а потоа одделните зошто прилично бљуцкаше ми беше попрактично да биде во одделно (блузичка и долен дел) зашто полесно ми беше за пресоблекување во зависност од тоа што е бљуцнато. Заради бљуцкањето докупив плус ствари ама тоа можеш накнадно за почеток доволни се 5-6 пара шпилхозни, 2-3 пара одделни комплетни и 2-3 шпилхозни како пижами (јас ми облекував за ноќе пижамки). Боди ти требаат околу 7-8. Дневните дремки дури и сега кога е поголем му се во дневната облека. Што тебе ќе ти се види поедноставно тоа и ќе облекуваш. Доброто е што брзо прераснуваат облека па втората тура веќе ќе купуваш само тип на облека што ви одговара од практичност лично на вас двајца.
Ајде малку помош од тазе мајките,јас се сум заборавила. Што се ќе ми биде потребно за бебе од аптека?Почнувајчи од нега на папоче,нега на кожа па се до капки за бебе?