Стерилни гази. Земи си од најмалите димензии по 4 - 5 денари се. Алкохол. Хидроген Д3 капки (какви ќе ти кажат, обично д3 + к1) Пробиотик ако даваш. Купка за тело и коса (ја користам едно) Павловичева Јекодерм или млеко за тело.
Фала ти мила А кажи ми папочето се чисти на секое менување пелена или само два три пати дневно? Лелеееее се имам заборавено,жими се страв ме фаќа како ќе се снајдам Ко божем прво ми е а не трето ама па и доста време има поминато од кога го правев сето ова.Не знам зошто ама мислам дека од кога ќе се породам ќе ви бидам жив оток низ темиве тука
2 - 3 пати дневно кога ќе најдеш згодно. Јас само со алкохол мачкав, ни падна 5тиот ден. После од кога падна уште 2 - 3 дена со хидроген после бањање и толку. Не се плаши, се си доаѓа природно. Башка сигурно ќе имаш повеќе самодоверба декс трето.
Во Скандинавија ништо не даваат препорака за чистење - само одмивање со млала вода и добро да се исуши со чепкалка за уши. На синко за 4-5 дена му падна без проблем. Нека ве води инстинкт, и практикувајте што поприродно.
Мамички, мене термин ми е почеток на април, па се мислам колки бодиња ќе ми требаат на долги ракави а колку на кратки?
Јас сум крај на март имам земено 4 боденца со долги ракавчиња и плус планирам да доземам ама не знам дали да земам со долги или кратки ракавчиња
И јас имам три на долги но сакам и на кратки. Сепак и боди и шпихозни на долги си велам да не му е жешко и го поти? Незнеме какво ќе биде времето а и какво бебе ќе ни се погоди .
Можеби е подобро да земеме на кратки ракавчиња нели ќе си поминуваме повеќе време дома на почеток(иако нема да чекам 40 дена) но ете дома секако ќе биде потопло без разлика дали уште ќе грееме или не,се зависи како ќе се погоди времето
Земете си и на кратки. Јас под боди на долги обавезно и облакам и на кратки. Како јаа што носам долна маица така и нејзе ја облакам двослојно.
Мамички во врска со бодињата јас имам земено само на долги ракави пошто моево е со термин Април здравје, и тука т.е Англија е ладно не е како кај нас во Мк, арно ама се мислам дали треба да земам и на кратки ракави па да му ги облекувам под шпикозните некако само на шпикозни како голо ќе ми е?
Алкохол 70%, топиш на мала стерилизирана газичка (или ќе си побараш алкохолни марамчиња) и го бришеш папочето после секое мењање памперс, што почесто за побрзо да се исуши и да падне. Откако ќе падне, обично 2 до 3 недели, капнушав 3% хидроген, 3капки, чекаш да испение и го тапкаш со газа да се исуши. Ова само два дена обично се прави откако ќе падне.
Ајде мајки малку помош, за летно бебе што се ми е потребно . Малку е рано, но сакам малку по малку да си се спремам, прво бебе е и не знам што се ќе ми треба. фала ви
Каде можам да најдам тетра и шведски пелени? Колку би ми требало од овие? Се размислувава дали да купувам ама гледам сите имаат пишано дека требаат а и имам нешто од мене бебе кога сум била мајками ги чува ама сепак да му купам па незнам од каде и по колку? И од козметика што да земам за почеток и на која фирма?
Терминот ми е крај на фебруари па незнам колку дебели колку танки алиштенца да земам? И што е подобро целоасни шпикозни со копченца или патент или дводелни што се ? Што мислите што е подобро и по колку за почеток да земам