По колку да земам ? Што е по практично боди или бенкица? Мислев шпикозни да зимам исцрло ем полесно за облекување ем целосни се . Незнам дали да зимам дводелни како што се бенкица со пантолончиња или оние со ногавички
Стружанка, памук пале. Јас на почеток имав 15 купено па си докупив Купи и такви и такви. Може за почеток по пет па ќе видиш за понатака ќе си докупиш. Попрактични ми беа на мене шпикозните
Тетра пелени користам за се и сешто. Мислев нема да ми требаат ама ептен ми се наоѓаат. Ги постилам секаде каде го легнувам бебе. Коа е ептен топло дома ќе го покријам само со тетра, коа го оставам гол да се размрдува истп само тетра. Му ставам една здиплена како перничка, чисто да има нешто на лице ептен тенко...ептен ми се наоѓаат и земав 20тина. Во врска со облеката. Мене за првите 3 месеци дводелни воопшто не ми се практични. Повеќето останаа необлечени, а некои ги облеков само за да не останат така. Најпрактични се шпихозни со патент. Ги зимам од картерс. Ние цело зимо сме со боди на кратки, шпихозни и чорапчиња, толку. Дома е 22-24 степени. Ако излегуваме тогаш само облекуваме боди на долги ракави. Шпихозни јас сакам памучни и такви зимам. А имаме и поклон плиш и тие му ги облекував навечер во ептен ладните вечери коа имаше минусни температури. За бројка, имам 10тина боди на долги, 10тина боди на кратки, 15 шпихозни памучни, 5 плишени, и 7-8 дводелни комплетчиња. Оваа е премногу ама поклони се, ново бебе нели и носат сите пола од ова ќе биде доволно. Ама вака па поретко перам
56 имам само неколку ствари се ми е поголемко брзо ке пораснат затоа не ти требаат мн мали Денес гледав тетра пелени во бебето 10 парчиња за 600ден. Колку се потребни доволно е едно такво ?
50ka мислам дека се најмали зато земав 56ка зедов шпикозни до 3 месеци досега 4 5 рала и бодиња и бенкици не знам колккава големина да купам
досега само 6 купив од пелените тетра 4-5 шпикозни 56ки бодиња со кратки и долги до 3 месеци - 6 некаде две крпи бањарки со капче ќебенца бенкици 3-4 рала моч пелени од оние што ги викаат долу со подлога 3 помали и 2 големи и релаксатор и кадиче зедовме друго не знам што ми недостасува од страна на алишта @***Bony***
Јас мислев 56 се мн мали пошо мн малетко е бодито хаха мислам дека е доволно за почеток или не леле незнам мене паника ме фака некам списокот да го отворам да видам што фали а какви се тие моч пелени
април сепак не е топол месец. На новороденче треба да му биде топло. Нека е со долги. Моето беше родено во март па дури во август го облакав само по боди и долги тренерчиња (на 5месеци) а на кратки дури следното лето.
И јас веќе не знам што да купам и што да не купувувам па во 62 ако го ставиш од почеток мн големки ќе му бидат,добро зависи и бебето ама сепак има и уште помали од пелените видов случајно во продавници каде што купував шпикозни такви работи од едната страна се памук а од ддругата како со најлонче за да му ставиш здола пример кога ќе се преслекува или додека спие да не се извалка ќебенцето
Ааа така може и јас планирам да купам такви ама две една за дома една за на педијатар или на гости кога ке одиме, зш ти се толку многу 3 со 2
Инаку, за старт купив бекутан купка,млекце за тело и масло,крема павловичева и пакетче бекутан пелени 2ка..шише мало и цуцла лажалка...друго нешто за у прв момент би ми требало ли ?
Сепак едната кога ќе се пере да си имам за резерва ќе се најде ми фалат уште чорапчиња, лигавчиња, за на ножиња папучиња и некое капче, халахопчиња и сакам комплетчиња да си земам ама поголеми од 3-6 месеци и другото само да ми остане од аптека се надевам дека се имам од почеток поважно
Јас си планирам да земам за почеток основното шо ни треба па после да докупиме.. Незнам што како ке одговара.. Досега имам земено: 4 боди на долги 2 на кратки 4 шпикозни 2пара тренерчиња 1 комплетче 3 капчиња 2пара нараквички И си велам да докупам уште неколку бодиња на кратки, шпикознички уште неколку, чорапчиња немам земено, бањарчиња и тетри треба да земам и пантолончиња со чорапки што се... Тоа е тоа си велам ако грешам поправете ме