Тренетчиња многу сакам имам едни ама тие ми се за 6 месеци има ли некаде малетки? Мислам дека ти е одличен списокот
ти фали ќебенцаа, бањарки, лигавчиња а боди може ти се малку и ако се извалка ќе немаш многу резерви а некои се какаат и 3- 4 пати дневно тетра пелени дали има во зегин негде или др апетки( купив 2 паковања од чико по 3 беа паковани 270 ден со попуст скапички се ако треба скоро 15тина ) и осмици неможам да најдам ?
Од waikiki ги зедов јас има од 1-3 месеци и баш се убави Побарај си сигурно ке најдеш за девојката Па затоа си реков уште 5-6 бодиња да докупам.. За ќебенца заборавив да пишам имам 5 3 мои 2 од маж ми само дебелки се ке земам и потенки.. Бањарчиња планирам 3 да купам.. И да лигавчиња треба да земам.. Ете арно шо пишав ме просветливте Ај со облека креветче и количка ке се снајдам, ама за од аптека што треба да земам поима немам Читам по списоците на другите ама не се разбирам многу што, како и зошто ке ми треба
Јас од облека земав скоро се и одвише дури, пошто сум странство нема кој да ми донесе првите месеци ,од бодиња и шпикозни земав од 50ка па се до 3 месеци ,останаа уште креветчето и количката,коритце и памперси Е сега од аптека исто и јас незнам што се треба, за почеток земав влошки за после пораѓај и од тие мрежестите гаќи за една употреба, влошки за доење,крема за брадавиците,вештачка брадавица,пошто едната брадавица ми е вовлечена е сега се двоумам за пумпа за одмолзување дали рачна или електрична совет? Шишенца,цуцли,крема за бебе, купка ма да тука не се практикува да се бања бебето со нешто освен вода ,сет за бебе со чешелче, ноктарче и топломер за мерење на вода.Друго нез
Па за пумпа мислам електричната е по практична.. Со рачната ке се изнамачиш дури да извлечиш, барем така имам слушнато... А за капење и јас планирам така само со вода, многу ретко купка.. Нежна ке му е многу кожичката на почеток не му треба ништо.. Е крема ке треба и пудра за газето мене сега ми се наоѓа а знам и на бебе ке му послужи.. И топломер за телесна температура исто така ке треба. За друго мислам постепено ке си учиме
Терта пелени 10 за 700 има во една бебешка проданица на пртизанска. Заборавив како се викаше, кај Халкбанка, до 7g Espresso. Ваушност на парче идат, една 70ден
Копија од л.к и од извод на венчани, здравствена, мајчина ако имаш,резултати од последни брисеви, и од крв и мокраќа, крвна група.
Ми треба мала помош. Од аптека купив Мустела купка и крема со цинк оксид, алкохол, физиолошки, стерилни газички, хидроген. Купив и павловичева оригинал и толку. Треба ли да докупам уште нешто од козметика? Нешто за лице евентуално? Веќе стварно се изгубив. И може не ми е за тука последново прашање, ама ланолин треба да си купам така?
Мустелата за лиценце е супер. Обично на новороденчиња се лушти (обновува) кожата, јас му ставам на лиценцето. Ланолин обавезно и влошки за гради. Инаку и на Галафарм копи Павловичева е одлична. Горе-доле се си зела.
Тоа е се што ти е потребно за бебето, купи си и ланолин и да немаш разранети брадавици,ќе ти се најде бидејќи баш ги омекнува. Јас ја користев на почеток кога ми се малку разранија додека да фатиме ред со цицање.
Јас со првото дете купив околу 10тина терта пелени и не им најдов ама баш никаква примена. Сем за постелување кога го легнувам да го пресоблечам.
Мајки, дали вреди да се купува специјален топломер за бебе (не знам какви видови има, ми спомнаа за во уво) или може да си бркам работа со обичниот што го имам?
јас никогап не сум купила никаков посебен. Најточно покажува оној со жива. Исто така но термометар за просторија сум купила и термометар за вода за во кадичка.