Јас го имам Microlife NC 150 безконтактен и сум задоволна. Со него мерам темп. на бебе, просторија, вода. Имам и со жива за секој случај, споредував тука негде се со незначителна разлика.
Некое памучно комплетче, јас му облеков шпикозни, капче, боди со долги ракави и хулахопки (14 декември).
Јас на 10ти декември му облеков боди на кратки, и дводелно комплетче без стапалки со чорапчиња. А за топлометар земав и јас безконтактен и ептен ми врши работа. Не дека е неопходен ама ми е доста практичен и јас така си мерам се наоколу и на бебе често и лесно му проверувам
Исто и јас го имам тој и сум презадоволна, доста го фалат тој И башка има 5 години гаранција. 2390ден го земавме. Исто имам проверувано и со живин, така ептен некоја мала разлика знае да покаже, а и често исто. Супер е за деца кои мрдаат и бегаат. Додека беа бебиња лесно беше со живиниот, овој за 2 сек мери.
Мамички колку бањарки и ќебенца ми се потребни за почеток? Кипивме се од алиштенца уште ова ми остана
Јас имав по 3. За почеток. После на подарок добив уште. Од бањарки никад доста. Бар мојава после бањање ми мочаше одма.
Памперс кецот: Никакви влажни, овие ќе ги купиш од дм и со топла вода ќе го бришеш: На ова ќе му менуваш пелена оти се покакува во процесот често: Го бањаш само со вода и неколку капки уље внатре: Кај газето ако е црвено го мачкаш со оваа крема од аптека: Други креми за газе од мкд павличева ( која мене не ми помага) : И оваа германска верзија на павличева: Перам со овој прашок ( само прашок на анти алерги опција):
Сериозно без влажни? Па кое непотребно малтретирање е ова жено Имаш подлоги за пресоблекување во секој маркет имаш поголем избор.
Нема на што мила иако од кремине за гзе не сум здоволна уште чаре немам најдено за црвено газе. Не знам дм во Охрид дали имате може ова и во Ск да ги има па со пакети да си купиш.
Нема никакво малтретирање. Како што ја земаш влажната, ја земаш и оваа памучна која стои во топла вода ( не се распаѓа). Ако љубиш влажни повеќе слободно. Јас уште од болница добив совет никако влажни, а и не сум фан на хемии.
За црвено газе најдобра според мене е од фитофарм кафена крема во бело кутивче. Од едно мачкање смирува