Што сè е потребно за новороденче?

Дискусија во 'Бебе' започната од flowergarden, 20 февруари 2012.

  1. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.958
    Пол:
    Женски
    Cacuvche мила рано ти е усте за шише и остали тракатанци. Уживкај си додека можеш зошто после нема да можеш толку :)
    Можеш мм да го пратиш во продавница и покасно ако дополнително видиш дека ти треба нешто сега не троши пари за џабе,можда нема да ти треба.
    Од пазар и Џамбо никако немој да купуваш,има далеку побезбедна и доста ефтина и контролирана пластика како на пример Baby Nova ја има во Аптеки на Виола и шишињата како и цуцлите им се доста ефтини (шишиња стаклени околу260 ден), NUK нешто поскапа имаш во Канц (продавница во трговски Соравиа и во аптека Виола и во Дм) тука шишиња ти се околу 600ден зависи имаш и поевтини пластични има и за 300 и на ДМ нивни производи кои се доста поволни и исто контролирани,цена исто поволна за сечиј џеб.
     
  2. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.273
    Доењето е најдобро и најубаво за бебето, а и за мајката, но јас би ве посоветувала да си имате прирака барем едно шишенце. Факт е дека во болница ги хранат бебињата со друго млеко, а дома веднаш се започнува интензивно со мајчино млеко. Некои бебиња немаат проблем, но кај нас не беше така. Малиот имаше многу грчеви и никако неможевме да го смириме. Затоа веднаш земавме Бекутан чајче и му давав од шишенце. Да не се плашите за тоа што викаат дека бебето ќе се одвикне од цицање, тоа нема врска (барем кај мене).
    Кај нас имаше период кога двете гради ми беа буквално крвави и разранети. Помина и една недела и повеќе кога малото се хранеше само од шишенце, а јас постојано се одмолзував. И потоа кога ми заздравеа, веднаш си продолжи да цица како воопшто и да не се хранел со шишенце постојано. Тоа им е во крвта на бебињата, тоа е нивниот инстинкт.
    Затоа и би ве посоветувала да си имате шишенце прирака. Дај Боже да не ви затреба, но ништо и не губите ако го земете порано. Секако по еден месец или повеќе пак ќе го купите :) .
     
    На meU му/ѝ се допаѓа ова.
  3. verba

    verba Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    200
    Јас инаку скоро се купив од Зегин а после ги видов Пумпицата за нос и Ножиците за нокти (кои се на Чико) дека ги има во Џамбо и се за 100тина денари поефтини. (значи буквално истите). Исто и некои шпихозни многу повеке ги износевме од Џамбо отколку од Стружанка (и покрај тоа што во Стружанка ги купив и поскапи и се поквалитетни).
    Тетра пелините коишто исто ги купив од Стружанка во продавниците на Бит пазар се поефтини а се исти.
     
  4. Jeny

    Jeny Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    230
    Фала за советот, ама на крајот на краиштата се се сведува на тоа дека никој не е совршен и никој не може да ти даде совршен совет. Јас Бекутан чајче на новороденче никогаш не би му дала бидејќи има шеќер во него и вештачки засладувачи. Грчеви кај мало дете може да поминат и со една лажичка домашен чај од нане или мајчина душичка. (во мало лажиче, неколку капки). Како тоа користите шише за чајче, па колку мл му давате? На новороденче е доволно и капка две.
    Кај секое бебе е индивидуално, има бебиња кои на почеток ќе се навикнат на шише и не сакаат после да цицаат од цицка, има бебиња кои немаат проблем со тоа. Сепак не треба да се ризикува и уште од почеток треба да се инсистира на доење. На почеток можеби е болно, но вреди да се истрпи.
     
  5. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.227
    Допаѓања:
    107.465
    Пол:
    Женски
    Оооо Џени колку само е потребно чајче, на почеток е капка две ама кога ќе дојдат вистинските грчеви и по 30 мл пијат, грчевите вистински почнуваат крај на прв месец и може да траат до крај 3 месец па и повеќе, тогаш веќе капка две не се доволни. Инаку чај од нане и мајчина душичка е премногу концентрирани за бебе, ако веќе не сакаш да даваш од Бекутан подобро пробај со ким, мислам дека на 100 мл беше неколку зрнца ким и не го вариш туку стојат внатре, е после како беше да не те излажам прочитај си убаво. Дека Бекутанчето помага тоа да, дури пијат мислам дека им се смирува веднаш мешенцето, а капка две им се губи во уста, не ни стига до цревцата.
     
  6. H.e.L.e.N

    H.e.L.e.N Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    218
    Mене многу ми помогна бекутанот мислам за неколку дена и се смириа грЧевите и кај мене исто не вази правилото ако пие од сисе нема да сака да цица,јас го доам и плус му давам дохрана од сисенце бидејќи моето не му е доволно.
     
    На WORRIED.BT му/ѝ се допаѓа ова.
  7. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.463
    Допаѓања:
    150.371
    Пол:
    Женски
    и моето исто и цица и пие млеко на шише па еве 5 месеци така тераме.ако не му е погодена температурата на ад млекото го плука и бара цице.бекутан не давав.јас пиев чај за доилки на хумана кој мегу другото содржи анасон и незнам дали поради тоа ама воопшто немавме мака со грчеви.
     
  8. Jeny

    Jeny Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    230
    Е добро кога веќе користите шишенца и цуцла дајте идеја кои се добри, да се земе силиконска цуцла или каучукова? Шише пластично или стаклено? Немам намера да ги купам ама ако затреба да го праќам маж ми по аптека. Јас се бунам со тоа одмолзувањето шо сите го зборат, ги прашав снаа ми која има две деца и пријателка која исто има две, се чудеа како тоа се измолзуваат, истото ми го кажаа и двете дека ако планирам да идам некаде и го оставам малото подолго време да се молзам, ако сум цело време со него немало потреба.Се надевам дека и јас ќе немам проблем како нив.
     
  9. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.463
    Допаѓања:
    150.371
    Пол:
    Женски
    ти пишев погоре тоа зависи од бебето.јас имав купено силиконски цуцли пред да се породам ама син ми не ги сакаше па купував каучукови -и лажалка и за на шише.користам пластични шишинја на бебинова конкретно и за првото дете и за ова.поефтини се па по некој месец ке му го сменам.бесмислено ми е да давам 600ден .за шише па да ми е страв да помислам да му земам друго.
     
  10. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.227
    Допаѓања:
    107.465
    Пол:
    Женски
    Џени, твој избор, ама од шишенца, ти препорачувам од Tomme Tipi мислам така се пишуваа побарај ги, ги имаш и во аптека и во продавнички, не знам кај живееш во Скопје имаш добар избор во Локо Кроко во Кисела вода и цените им се убави ;)
     
  11. Adina

    Adina Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    8.016
    Пол:
    Женски
    Лично немам искуство ама имам внук дома така да донекаде сум упатена :D ви препорачувам шише од Чико..ние секакво пробавме od Baby nova do Nuk ама никаков успех..само шишето на Чико го сака. А чајчињата мислам дека се убави и тие од бекутан и плантекс..ама ние му даваме од Hip,од коморача... Љубов до мамичкитее и малите слатки бебуши :inlove: :inlove:
     
  12. verba

    verba Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    200
    Jeny, јас имам на Томи Типи и сум презадоволна. Две шишенца во пакување се околу 700-800 мкд.Јас ги купив од аптеката во Систина.
    Инаку имам и едно шишенце од Зегин и тоа е ок.
    Што се однесува за грчевите, ти посакувам бебенцето твое да ги нема.(и сите други бебенца исто :D ). Колку што сватив од разговорот прво бебенце ти е. И мене ми е прво, а грчеви не фатија од 3та недела до 3ти месец. Значи тоа е страшно, бебето има болки секој ден и плаче по неколку часа, што ти доага да полудиш. Чај ретко може да помогне а капка две е исто како ништо да не си дала. Инаку за грчеви јас пробав неколку чаја, неколку врсти капки, неколку врсти пробиотици (плус се што слушнав од масажа и сл). На крај ни помогнаа Колиеф капките така да ако некое бебче фати грчеви јас ги препорачувам овие зашто друго ништо не ни помогна.
    Инаку во врска со чајчето бекутан-точно дека содржи засладувачи но исто така тоа е произведено и прилагодено за бебиња.Па ако се најдеш во ситуација да мора да го дадеш подобро да го дадеш и на бебето да му се смират грчевите него да се мачи. (макар што мене овој чај не ми помогна).
    А во врска со доењето, и јас пошто ми е прво бебе мислев доењето е најприродна ствар на свет и бебето ке се роди и ке цица без проблем и се ке оди глатко.
    Значи градите ме болеа 45 дена од коишто во првите две недели од болка не можев да го дојам па морав да се одмолзувам и да му давам од моето млеко во шишенце а и да комбинирам со АД. Моето бебче истовремено ги пиеше и двете млека(скоро 1.5 месец) и откако ми се стабилизираа градите продолжѓи само на града така да не мора да значи дека ако му дадеш неколку пати од шише после нема да сака цице.
    Тоа е барем моето искуство.
    Инаку за чаеви од типот на нане и слично мислам дека неможеш да дадеш директо на бебе, некои од тие чаеви не се препорачува дури и мајката да ги пие ама сепак за ова не сум консултирала педијатар само што имам читано по форуми.
     
  13. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.011
    Пол:
    Женски
    Син ми воопшто немаше грчеви фала Богу, но јас од првиот ден кога си дојдовме од болница му давам бекутан чајче од анасон после секое капење навечер и тоа по 50мл. Сега еве 2 месеци уште неколку дена ќе прави и му ја зголемив дозата на 80мл и навечер и на сабајле.
    Читав многу негативни коментари за чајчето, дека заменувало оброк и слично. Незнам кај другите ама мене после чајчето се случуваше по 15-20 минути да побара цицање што значи дека оброкот му беше даден, а чајчето беше плус.
    Исто така му давам и гликоза (во 50мл. вода вријам пола лажичка шеќер). И за ова читав негативни коментари демек шеќерот бил вештачки, заменувало оброк бла бла, но кај мене и тоа не важеше.
    Сакам да кажам дека син ми и чајче и гликоза и цицаше па еве го супер си е одлично си напредува.
    Сега можеби општеството така ни налага на нас мајките па ги чуваме бебињата под „стаклено ѕвоно„ а порано кога немало ништо, кога ги хранеле бебињата со брашно, густин и гриз што му фалело.
    Сепак, секој си има различно мислење и си одлучува што бебето ќе му јаде. :)
     
  14. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.273
    Џени мила, се надевам дека не ме сфати нешто погрешно. Се извинувам ако е така :$ .

    Навистина секој си е свој и индивидуа сам за себе, па затоа и не можеме да генерализираме, па така и кај бебињата.
    Кај нас беше така, грчеви од страт. И навистина и тие се страшни, но тие што надоаѓаат потоа се уште пострашни. Иако сме само неполни два месеци, веќе пиеме по 50мл чајче.
    Во врска со него, исто и кај нас тоа не ни заменува оброк. Малечок е, ама си знае, млекото за млеко, а чајчето за чајче. Сум испробала да биде на чај или да му заменам оброк (зашто ме караше педијатарот дека започнувал да напредува премногу), но не е тоа решение. Веднаш, по само 10 минути си бараше млекце.

    Во врска со одмолзувањето...
    Убаво е бебето да те исцицува целосно, но никогаш нема да дознаеш доколку не се измолзиш целосно. На почеток и јас бев со истото мислење и одбивав да се одмолзувам. Бебчето цицаше, кога во еден период почнав да снемувам млеко. Цицањето ме стимулирало, но не доволно. Потоа започнав да се одмолзувам макар и по една капка, за да започне уште повеќе лактацијата. Денес, слава на Бог се’ се среди. Сега имам и вишок на млеко.
    Од друга страна одмолзувањето е убаво и најмногу се препорачува за да се спречи мастит. Некој млечен канал можеби и бебето не може да го фати, додека со пумпицата и ќе го активираш и плус нема да добиеш мастит.
    Исто и околу тоа, на почеток бев на раб да добијам мастит, бидејќи се случуваше неправилно да ме фати за да цица. Тоа на почеток и секоја од нас го вкусува, па затоа се добиваат и рагади. Кај мене беше страшно, зашто веќе започна и крв да ми тече. Тоа не да боли, боли и тоа премногу и не може да се истрпи. Замислете некој да ви цица жива рана, такво е чувството. Затоа и беше потребно шишенцето.
    Сепак, да не ме сфатите погрешно, секој си знае што е најдобро за себе и за своето бебче. Ова се само мои искуства и да даде Бог никој да не ги вкуси.
     
    На elena.mak му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Jeny

    Jeny Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    230
    Дечки ви благодарам многу на вашите одговори, се извинувам ако некого навредив ама ете требало да испровоцираш за да се развие дискусија :rofl: Се зезам.
    Ви благодарам најсрдечно, Серафима извини душичке, не се разбравме добро, не знаев дека си имала голема мака, додека не ислушаш човек не можеш претходно да судиш, ти се извинувам за мојата пребрза реакција да осудам некого без да знам претходно што му се случило. Да даде Бог никој да не искуси мака, и сите фино и лесно да поминеме ама пустото ете не е така, кај секој различно. Се надевам дека состојбата ти е стабилизирана, дека си ок и дека малото супер ти напредува. Да сте живи и здрави.
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Jeny немам и јас дете, ама што сум правела муабет со другарка ми, сметам дека подобро е да си купиш стаклени шишенца. Многу попрактични се за употреба, во смисла можеш подобро да ги измиеш со врела вода. Малку се потешки од пластичните, нормално, ама еве бебчето на другарка ми е 4-5 месеци и веќе сама си го држи шишенцето. На babynova се нејзините, ги зема околу 200-250 денари од аптека. Не се скапи, за разлика од тие 800-900 денари што ги прочитав погоре.
     
  17. Cacuvche

    Cacuvche Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски

    Незнам зашто такво мислење имате, јас си уживам додека се спремам си шетам по бутици за бебиња, си одам на вежби за трудници, си читам посебно за секоја недела, си имам книга и пред секој месец си читам што да очекувам тој месец, си се договараме со маж ми околу облека, креветче, гледаме и купуваме се заедно и тоа не прави многу среќни. Секој месец почнувајќи од шестиот ние си правиме и купуваме по нешто ситно. Така беше и со мојата свадба се спремав сама во рок од една година си разгледував се детално и за се се јавувам и сама си организирав па испадна најубава свадба, не само мене што ме исполни туку и не се случи паника и незадоволство кај гостите. Мразам луѓе од типот па рано е има време и после кога ќе им дојде јајцето на газот леле незнам што попрво да фатам немам време, епа таквите луѓе се неуспешни и неогранизирани цел живот. Јас прашувам за се што ми треба па сега сум средина на седми месец и кон крајот на осми планирам да купам потребни работи за бебе од аптека, не е на одмет по некое искуство. Инаку работата ми дозволи одмор па јас секој ден си го милувам Димитарче и си се одмараме и сончаме во дворче, скоро секој ден и пешачиме и супер ми е. :inlove: :inlove:
     
  18. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.958
    Пол:
    Женски
    Таман работа да не уживкаш,ама секој на различен начин го доживуа уживкањето нели?!
    За мене уживање значи повеќе шетање на отворен простор отколку по трговски центри,барем кога бев бремена. Секако дека уживав да купувам и гардероба но ова другото ми претставуаше поголемо задоволство,незнам можеби зошто беше лето.
    Поентата ми беше да не се купуваат многу работи кои подоцна не се искористуваат. За едно шише и цуцла не е проблем,но гледам мајкиве се оптеретуваат за џабе со пумпици за измолзување,стерилизатори ... А тоа не е потребно се додека не се породите зошто не знаете дали воопшто ке и треба.
    Баш со мене лежеше една мајка прворотка ,која во болница имаше донесено секако можен прибор за измолзување и брадавки вештачки и рекле да купи. Сиротата се мачеше заради сестрите кои побитна им е цигарата и кафето отколку да им се посетат на мајките и да им помогнат како правилно да се држи бебето на града. Цело реме ја убедуваа дека има мали брадавки дека бебето неможе да и ги фати. Оно брадавка колку пола мало прсте на раката,ама ти е моменти се стресни зошто сакаш да успееш и ќе наседнеш на нивните мислења за побрзо да те откачат. Нејзините што не донесоа само им нарачуваше.
    На крај со врски ја најдоа сестрата што беше определена само за апртмани (јас ја знаев од претходниот пораѓај жената е струја треба сите сетри на Гак од неа да учат) со превтен шприц и ја среди работата и ја соетуаше дека нема потреба од сето тоа. Треба само време и трпение.
    Забегав од темата но сакв само да појаснам некои работи кои изгледа лошо биле сватени.
     
    На Serafima и Jeny им се допаѓа ова.
  19. Jeny

    Jeny Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    230
    Токму така, целта на никого овде не му беше да навреди некого, туку секој различно искуство си кажува што не значи и дека секој истото ќе го доживее. Најдобронамерни совети се делат, но од вашиот личен карактер зависи кое од мислењето ти е најблиско и тебе најпрактично, тоа ќе си го примениш. Еве мене денес ме предомислија некои овде, па тркнав до најблиската аптека, највеќе да се прошетам да не седам укочена пред биро, и од вашите совети дека можно е бебе да има неподносливи грчеви и сакала нејќела ќе бараш чаре и во работи за кои претходно си имала цврст став дека се штетни, за здравјето на бебенцето сме спремни на се, па купив едно шише на бејбинова да ми се најде за чајче ако има потреба. Ако не го искористам уште подобро. Го купив многу ефтино, имаше и од 800 денари шишиња, квалитетни и проверени тука нема збор, ама мојата надеж е дека ќе бидеме на доење и дека ќе си цицаме само од града, но ако не дај боже да дојде до компликација тогаш и трипати дупло ќе дадам пари за квалитетно шише оти тогаш млеко ќе се пие од тоа шише и тоа повеќепати на ден. И многу мамички овде убаво си кажаа дека она што го купиле претходно за нивните бебушки не им биле прифатени оти сосема друга ситуација е кога ќе се родат. Во таа смисла муабетот ни е дека треба да размислуваме рационално и да не се расфрламе со беспотребни трошоци. Кој има нека фрла пари ама повеќето за жал ја немаат таа привилегија.
     
    На WORRIED.BT, Mama25 и Serafima им се допаѓа ова.
  20. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.958
    Пол:
    Женски
    Jeny да знаеш дека не си направила погрешен избор со шишето конкреткно се што е од Baby Nova е со врвен калитет цената не секогаш е мерило за квалитетот. А на овие произоди цените им се доста прифатливи.


    Некоја погоре прашуваше за тоа каква цуцла да одбере. Според мене полесни за прифаќање се каучуковите за почеток зошто селиконот е потврд па потешко оди кај толку мали бебенца. Секако почесто се менуваат зошто стануваат лепливи но за почеток може да си набавите и една каучукова цуцла. Кај мене првото не сакаше ни да види цуцла,ама затоа малио до 6 месец си цуцаше. Ее го сега е 11 и повеќе не користи.
    Сакав да појаснам дека исто е битно да си набавите крема -маст ланолин,поготово за прворотки. Има на глафарм кој е доста ефтин и на други производители сега не ми текнува. Помага ептен за разранети брадавки ги омекнува колку толку како прентива имајте ги. Мене ми заршија многу работа приот пат. Дури и во болница си носев и им дадов на женичките. Знам каква мака е да се мачиш со брадавки и цицање додека проциркулира доста количина на млеко.
     
    На Jeny му/ѝ се допаѓа ова.