Да стварно вие што имате список дај ставете да превземеме нешто, јас од прилика мислам дека знам што треба, ама не знам на пример колку парчиња и слично. Од голема помош би ни било на многу тука.
Јас по овој список се водам.И плус уште милион други работи Дополнувајте плус ако ви текне и пишувајте овде Од Weleda купив -Лосион за тело 825 денари -Гел за туширање 600 ден -Крема за пеленска регија 480 ден Ова како најдобро и природно го прочитав од искуства на мајките.Прва нега ќе биде со ова за 0+ е а понатамо ќе иде поефтинко .
Јас како лаик да си прашам кои ги викате шведски а кои тетра пелени и за што се користат ако веќе го имаме памперсот? Физиолошки раствор што е и за што треба? Тоа газите од аптека се купуваат така? Може смешна сум, ама стварно појма немам.
Шведска пелена е ова Се користи за прицврстување на тетра пелена,повивање. Тетра пелена е четвртаста и со димензии некаде 80 на 80цм.Освен за повивање можеш да ја користиш за бришење,за покривање,за постелање,пресоблекување буквално за се.Ако сакаш ставај широк повој ако не немораш.По денешно викаат не треба,но моја лична одлука е да ставам и ќе ставам обавезно.Гази се купуваат од аптека, физиолошки раствор баш и не сум сигурна ,знам сестра ми за затнато носе кај внука ми го користеше.
Упппс не ги дочитав пораките дека муабетот е за тука да се пушти списочето. Вака мешиња : 6 бодиња - 3 долги 3 кратки ракави 5 шпихозни 4 комплетчиња 5 тетра пелени со 5 шведски 4 капчиња ( има и во комплетчињата или шпихозни, не мора посебно) 4 пара нараквичиња (и овие ги има со некои комплетчиња) 3 лигавчиња (и тие одат со некои комплети и одделно можи) 7 пара чорапчиња 2 пелени големи за покривање 2 пелени со мушама долниот дел (да не се помочка) за пресоблекување на бебка 1 вреќа 1 павловичева маст Пелени кан бебе / памперс по ваша желба 1 играчка тропалка - за заспивање, смирување - само таа на почеток од играчки 2 пакетчиња Влажни марамици *Креветче и постелнина за креветчето *Транспортер За поголемко: хранилка, количка За козметика немам размислувано сеуште. Отприлика ми е вака нешто горе долу ова ќе ми користи до крај на 2 и 3 месец па потоа нормално нови. Иначе купувам 56 само по 2 парчиња од се, другите 62. Оти после 2 недели веќе мали му се 56 одма ги надраснуваат. Се надевам ќе и биди на некоја од некаква помош списокот.
Во стружанка шведските и тетра се по 80 денари.Оваа со мушама подлога за пресоблекување беше 250 или 290 денари не ме фаќајте за збор.Има и други работи поефтини. Еј ме потсети убаво,јас немам капчиња купено.А требаат ли? И ракавички немам
Капчиња имам од некое комплетчиња и едно си имам посебно купено. Па требаат да за главчето да не му е голо на почеток, освен ептен жешко ко ќе е ама воглавно требаат. Ефтини се околу 70ден.. И наракавички исто, на почеток првиот месец можиш доколу сакаш да му се покриени. Тие одат неколку пара комплет околу 120ден.
Како ма не требаат капчиња и ракавички, сакаш да се гребат со рачињата? А капче обавезно после бањање за топло главче. Среќиче ќе те мавам да знаеш, требаше мене да ме прашаш имам изнакупено јас и тоа...ај гуш!
Ама знам за ракавички дека треба,за капчиња мислев нема да треба. Кај ги купи капчињата. П.с Пази фризура да не им растураш
Абе јас ќе сечам за сечење ама пак, зашо да си брцаат во фаца, и првпат слушам дека не се препорачува ракавички... башка бебенца се, термо системот не им е активиран сеуште,убаво е да им е топличко сегде..
За да си ги распознаваат рачињата и палецот да не им бидр цело време свиткан. Мене и педијатар и ортопед така ме советувале.
И на самите шпихозни на ракавчињата има ракавички, барем јас тие што ги имам купено а и имам и без...да не се препорачуваше немаше така да ги сошиеле нели? Амааааа, секој си одлучува како ќе праи, не му се мешам на никој!