Ејј абе знаете колку различни работи ќе слушате допрва.. За капењето, за температура, за цицање, спиење итн ... Вие одлучувате како ќе прајте со вас и вашето бебенце. Можи и еден педијатар едно друг друго на вас е одлуката. Овде споделуваме мислење и искуства какви шо имаме и какви шо сме слушнале, па кој како си сака... Секоја мајка си знае најдобро за своето дете! На почеток можи не, постепено ќе си го научи по сака и шо му одговара. Ве гушкам
И јас така знам, дека со рачињата, односно преку допирот, со него прво почнуваат да ја учат и истражуваат околината и по ново не се препорачуваат ракавички. Како и да е, и јас купив 2 пара, ептен за првиот месец, ако многу мрда и ми е страв да сечам нокти. И земав поголемки за да рачето сепак биде слободно, а и да се изгребаат не е крај на свет, допрва ќе има поголеми паѓања и модринки
@Emma2 @srekice Летни бебиња носите али капче памучно обавезно за надвор. Дома не да не треба туку и е забрането овде бидејќи бебето ја регулира температурата преку глава. Ако ја затворите може да дојде до дехидратација посебно летно време. А пак после бањање како што и треба свеж воздух како и нам и залепите капа ќе направите голема беља. Оставете го бебето да дише слободно полабаво после бањање. Ова медицински. Онака меѓу нас капчињата да ви бидат со врвки на гуша да се врзуваат зошто оние другине му паѓаат на очи и нос било во количка, било во рака, евривер и толку ќе се нервирате што шминка обавезно ќе ви се растури. Значи со врвки и ушите од ветар да ги заштитите. Бодиња и облека се на преклоп никако за преку глава облекување.
Сега ја бањавме па облекував преку глава. Верувај не сакаш да минеш низ истото * 2. Пот жено од секоја пора у пучку матер и убавина и се. Или пак кај лекар кога тебе те чекаат да ја пресоблечиш ќе испотиш на гз еј. Купи си на преклоп плус верувај ми.
Јас купив 8 на преклоп од искуство со првото, тогаш имав две на преклоп и му ги изнаносев максимално, ептен попрактични се за новороденче.
Попрактично е на преклоп, да. Ама не е ни страшно преку глава. Не ми било тешко мене, од прв ден преку глава бодиња и облакам, не сум имала траума.
Ве напуштив ама ви се вратив од искуство сега ко мајка : -физиолошки раствор за носе, има на Корин де фарм по 5мл. со капалка супер е - ракавици не ставам да може да си ги тегне прстите никој ништо не ми рече од докторите за тоа - најмногу ви требаат лигавчиња и боди бенкици зашто бљуцкаат вишок млеко и тоа гадно мириса -широк повој ставам заради цврста кичма и искрено е постабилна дури е мало -капче обавезно за надвор и после капење за спиење еден период (кај нас е топло низ дома па кратко време и го оставам зашто се поти, имаме доста коса ) - пелени користиме Виолета дабл кер - козметика Бекутан 2/1 и Фрези Дерм кремче за газе и сите засеци се покажа доста ефикасно за пеленски осип -за нокти користиме ножичиња мали - наместо со влажни ја чистам со влажна крпа, си направив помали памучни и ги вријам и ги пеглам, влажни користиме за надвор само. Тоа е накратко, ако ви треба уште нешто прашајте
Во врска со мушамите за пресоблекување од мое искуство Од стружанка ми испука мушамата од долната страна по неколку перења. Од џамбо си купив, по две во пакување се, тенки и лесни за транспорт.Гајле немаат. Ќе ги користам здравје и сега за второто. За останатите работи, не купувајте многу алишта, мн брзо ги израснуваат, од првото имам необлечени, на почеток перев се што ќе ми донесеа од мерак, после кога видов дека пола не облекува, перев по потреба. Бивацин прашок и стерилни гази земети си за кога ќе падне папче да сте спремни. Крема со цинк за вцрвенето газе, пример Здраве кремата е мн добра. Цуцла лажливка, корпа или транспортер за излегување од болница. Кебенца, пелени. Има убави пелени кои ќе ви користат мн за после доење да ставите на рамо, оти бебе го повраќа вишокот млекце. Топломер. Ножички за ноктињата, мн брзо им растат Бањарка од оние како плик што де, со капа на главче. Силиконска брадавица исто може да си земетр, моја препорака на медела. Марисол спрејче за нос, Носе фрида пумпа. За креветчето непропустлив чаршав за ако пропушти памперсот да не идр на душек. Мамички, не се заборавајтве вие. Ќе ви требаат вир влошки за дома .Земете си и крема ланолин за брадавиците, перничиња за гради за кога ќе тече млекце да не се правите лом Вака набрзина што се сетив
Силиконска брадавица не ѝ треба на секоја мајка @Makedonka007 Тоа е за оние што имаат вовлечени брадавици па бебето има мака со фаќање брадавица и цицање. Препораките секогаш се тие што имаат мали брадавици да бидат упорни, зашто бебето ги извлекува брадавиците во текот на доењето. Значи силиконски се купуваат по потреба.
Фала ти да си знам. Ако продолжам вака како шо сум, (а и отсекогаш сум имала испакнати) ќе немам потреба
@Kitten а зависи од нешто дали ќе се повлечат брадавиците? Мене на пример сега во бременост ми се и поголеми од што ми биле претходно.. па често сум на мисла дали би се повлекле допрва... Има причина некоја или едноставно се дешава да се повлечат?
и јас мислев дека ми де ок, се додека не дојде момент за доење па бебе се мачи и не може да ццица. Затоа и ги спомнав, чисто да знаат идните мамички дека постои и такво нешто. Секако ќе си ги земат ако треба, ги има во скоро секоја аптека.
Јас накупив од тие на преклоп на тони и едно две за преку глава. Полесно ми беше со тие на преклоп зашто мојот немаше живци да чека да копчам милион копчиња. Секое бебе е приказна за себе. @Emma2 купи и такви и такви па ќе си видиш што ќе ти одговара.