Не се вовлекуваат. Тоа си е вродено или имаш или не. Мислам можаш да се извлечат ако се вовлечени ама не и обратно.
Зависи.Јас земав од waikiki едно на попуст од 900 за 199 денари.Тоа е мека волна и е подебело за зима екстра.Од стружанка имам памучно ќебенце,може за било кога и од Јуратекс од Ѓорче си земав плишано околу 350 беше.
јас мислам дека ќе ти треба повеќе лигавчиња. ќе се изненадиш од тоа колку само лигавчиња на ден ќе фрлиш за перење. мене на крај ми скисна па зедов од оние памучнине пелени му врзував на врат и цел беше заштитен,потоа фрлав на перење на 90 степени. инаку ем лигавчиња ем облека ми вачкаше. а на почеток кога почна да се лигави по цел ден имаше лигавче на себе и барем 3 на ден ги менував. да си барам јас по градовиве кај има стружанка па таму да си идам
за силиконските брадавици што се правеше муабет на претходната страна не купувајте. не секому му требаат. јас врска немав дека постојат такви ствари,но ете ми каќаа дека ми треба па набавив ама внимателно со нив зашто знаат да предизвикаат грчеви кај бебето бидејќи се собира воздух во нив а бебе голта па тоа му прави проблем во цревата. е заборавив да прашам тоа затади кое што влегов во темава. сунѓерче луфа или ракавица за бањање треба за бебенце? ете тоа сум го заборавила од претходната бременост
За првото сите капчиња и ракавички останаа нови. За дома капче не редев, ниту ракавички, нека дише бебе, капче само за надвор. Како вакумирано изгледа дома со капа и ракавици. Исто планирам и сега здравје само. Единствено широк повој не планирам сега да ставам ако не каже ортопед, се изнамачив со првото иако ми рекоа нема потреба да ставаш јас ставав(будала) .
е да за одрживање се катастрофа. јас дури сум ги превривала,ама дали месец дена ги користев. само 2-3 недели. цело време бев со пумпа за измолзуванје така полесно за бебе,пое на готово што дека ќе го мачам да влече да трга кога знам дека имам мали брадавици а тоа сирото гладно ние капчињата си ги износевме ама ракавички дали два дена во животот му ставив,не ми изгледаат корисни и потребни. ене ми стојат 3 пара од првото. ќе пробам со нив мада не верувам дека и за ова ќе користам
Ми рекоја дека можи нема да се лигави и на почеток ич и да не ми треба. Затоа си реков ај 3 ќе земам па ако ми треба ќе ми купат обавезно.
Ни јас капчиња и ракавички воопшто не ставив со првото. Се роди средината на јуни, беше премногу топло и сите тие додатоци само го потеа дополнително. Широк повој ставав само една недела, и него не сум го ставала правилно, после ортопедот рече нема потреба. Силиконски брадавици не купив, немаше потреба. Од возбуда купуваме премногу непотребни работи, а не секое дете е исто. После пораѓај што и да затреба дополнително може некој да оди и да докупи, а за многу кратко ке можете да одите и сами да купите. За до аптека или за облека ке можете и сами да излезете кратко, а верувајте ке ви биде мнооогу добредојдено.
Јас не купив лигавчиња, имаше 3-4 во комплетните, ми донесоа со повојница 5-6 и од 3 месеци кога почна да се лигави сите ги користам
јас сум имала нешто зачувано од синко ама како што гледам она на кукла не влага а не а на бебе, се чудам како сум го облакала. Јас сум во план она шти ќе го докупам да е 62ка. Имајте предвид дека нема да знаете колкаво ќе биде бебето кога ќе се роди. Ко се породив со првото имаше жена која роди бебе 4кила и беше прилично големко па дури и памперсите кои ги купија не му чинеа. Сирота жена вика се треба на ново да купувам. Едит: Не знам дали претходно прашав и дали некој одговори. За бањање што спремивте? Сунѓерче луфа или ракавица за бањање? Јас не се сеќавам со првото што имав.
Мислам немаш потреба од сунѓерче. Јас барем не сум користела ни со двете деца. На нежно кожиче не му треба триење. Инаку со бројки јас почнав со 56ки, се роди 3800 со 53 см. Бројче 50 во старт беше кнап. Но 56ки износевме цел месец.
Со првото не сум користела ништо, ни луфа ни ракавица, иако имаше во комплет со бањарката. И така средството во прво време го растворав во водата и нежно со рака. Многу им е нежна и осетлива кожичката кога се мали.
обично не земаат под 56ка. просечно децата се раѓаат 50-54 цм може и со 56ки да се помине. само што знам, јас би 62ка. нека ги носи 3-4 месеци да не го думам се сеќавам дека татко ми ми рече можам со бодито или маичката да ги искористам нежно да го измијам бебето без трлање. и да во болница цамо со рака го миеа и малку ставаа средство за капење колку да се исчисти бебето.