Втората комбинација според мене. Но, однапред не можеш да знаеш. Може бебето ќе цица и нема да ти треба шише, а може ќе му биде тешко цицањето на почеток, па подобро шише од овие е Медела-Калма. Цуцла лажливка моето бебе никогаш не прифати, а шишињата од Томи Типи и Авен ми стојат неискористени. Купи ептен најнеопходно, се’ друго ќе докупите откако ќе се роди бебе.
Јас го купив првото Анти колик и ја увидов разликата со неголтање на воздухот така што сум задоволна од него. Јас го употребував за давање чајче и за водичка му е големо дупчето како за 0+ а за млекце може е ок ама не сум го користела.
@ocicka2014 ако веќе купуваш, јас би ти рекла онаа комбинација со резервните цуцли што доаѓаат како подарок. Можно е шише да не ти треба, или пак да ти треба (ако недај боже имате грчеви, за да даваш чајче) а бебе да не сака шише. Се е можно со бебе
Во однос на облека за бебе, мене шпилхозните ми се најнепрактично нешто, среќа што немав земено многу. Земете си повеќе облека во два дела, многу полесно е за пресоблекување кога менувате пелени по 100 пати дневно.
Јас не знам како би се бањало бебе на вакво нешто. На почетокот се бања свртено со мешето надолу за да се заштити папочето. Потоа е попрактично анатомска кадичка која сама го држи исправно а ти само придржаваш и можеш сосема сама и да си го бањаш.
Мене па баш шпикозни ми беа мноогу попрактични до 4 месеци бидејќи минувавме повеќе од 10 пелени во денот, само долу меѓу нозете отпатувал креваш нагоре, менуваш пелена и запетлуваш, и плус не се разголува бебето и за држење поубаво е, а со 2 дела треба кон стоп да му ги слекуваш долните пантолончиња што мене лично ми беше потешко, од мене совет повеќе шпикозни отколку со 2 дела
Женички во што бебињата ќе ги облекувате за спиење ? ( првиот, вториот ,третиот месец ) По колку пара да се купат шпикозни, боди, бенкици, панталони, блузичка ... и по колку пати на ден да се преоблекуваат би било потребно ...навистина немам претстава ?
2 ипол месеци имаме и само по боди и чорапчиња спиеме покриени со тенка тетра пелена што ја трга за 2мин
Здраво женски, јас сум 32 недела и пополека се спремам, нонстоп ве читам да не заборавам нешто прашањето ми е дали некоја користи или планира да користи од оние сега специјални канти за пелени, во странство гледам се многу популарни. Видов имаше на фб на Бебе супермаркет, некои 2500 ден. Функцијата им е да ги спречат непријатните миризби, ама дали ми е стварно потребна или е некое помодарство. И ако некој ја има, како работи, мислам дека користи специјални кеси што значи ќе треба плус да се набават. Ве гушкам сите и фала