И ние сме веќе спремни за нашето новороденче и морам да кажам дека списоците од оваа тема многу ми помогнаа... благодарност до сите феминки кои ни дадоа една насока што се е потребно за едно бебуле ! Мислам дека имаме скоро се од бебешка опрема (потребна за почеток) и бебешка облека (50-56-62 величина), а она што треба да го докупам се ситници кои деновие ќе ги набавам. Нешто купивме, нешто ни купија, нешто пак земав од сестра ми... и сега кога веќе сме спремни мислам дека имаме и повеќе од потребно. Ако требаше сЕ сама да купам мислам дека спискот ќе ми беше пократок, но како што спомнав многу мерак имаа бабите и тетките па повредните работи ни ги купија тие и сум им многу благодарна, а ќе користам и дел од облеката и опремата на моите внуци што е уште едно големо олеснување и заштеда. Обелка за малава: - 6 шпикозни и комплетчиња (вклучувајќи го и оној за од болница); - 5 комплетчиња кои ги добив од сестра ми ги планирам нешто како пижамчиња да си ги користам; - 3 ѕиврички со стапалца и 2 без стапалца; - 10 бодиња на долги ракави, 2 на прерамки и само два по кратки ракави; - 2 бенки; - 15 чорапчиња; - 4 капчиња; - 3 ракавици; - пелени за широк повој и фани гаќи; - 3 бањарки (како пликце); - 1 кебе кое се прави плик; - 3 дебели ќебенца; - 3 памучни ќебенца; - 2 постелнини; - 2 од тие што се користат за преслекување што не пропуштаат со ,,мушама,, одоздола. Од бебешка опрема имаме: - количка; - креветче транспортно за во дневна со дел за преслекување; - креветче дрвено за во детска; - релаксатор; - корпа, кенгур и торбица; - корито и анатомски адаптер од фротир кој би требало да ми го олесни бањењето; Останато што имаме и мислам дека ќе ни треба: - пелени Памперс, влажни марамици, купка Бекутан, павловличева маст, стапчиња за уши, камилица; - топломер, термометар за просторија, ноктерка, шишенце, цуцла лажливка. Треба да докупам термометар за вода, лигарници (иако ми велат дека не ми требале од почеток), пумпица за нос... Оние работи за нега на папулето и Д3 капки, Аква марис растворот планирам после порагај да го ангажирам мм да ги земе. Тоа е од прилика, можеби имам пропусти и знам дека имам работи кои слабо се користат, ама се надевам дека ќе ми се најдат во некоја ситуација.
Snegulka пумпица за нос подобро не купувај, тоа ми е совет кој ми го даде Др.Смоковска бидејќи е поголема ти е веројатноста од бактерии со неа, и вакумот што го создава е непријатен за бебето. Носето чисти го така што после бањање ќе го измасираш носето со крема почнувајќи од горниот дел на носот надоле, евентуално со стапчиња за уши исчисти нешто ако има во носето но само при врвот на внатрешниот дел.
Сите различно советуваат, некои се презадоволни и сметат дека е потребна пумпица или аспиратор за носето, други пак ми велат дека и без тоа може да се помине, дури и полесно се чистело носето со стапчиња за уши (како што велиш ти) . Одлучив да не купувам дури не се породам, можеби воопшто и нема да ми затреба (дај Боже). Ако ми затреба ќе пробам како што ме советуваш ти со стапчиња за уши, ако пак се јави потреба ќе ја купам. Инаку колку е цената на пумпицата за нос или аспиратор (немам ни претстава дали е скапа или не)
Мамички дај советувајте ме... Што стававте врз душечето од креветот пред да го ставите чаршавчето? Некаква навлака, мушама...? И каде да најдам да купам доколку сте ставале нешто такво.
Ние имаме Дормео душек за бебе и тој има навлака што не пропушта па не ставам ништо плус. А такви мушами имам сретнато во Стружанка.
Snegulka, a koga e tvojot termin? Moeto bebence treba da se rodi vo Oktomvri. Jas veke pocnav so kupuvanje na raboti, nemozev da izdrzam poveke Sega celo vreme se prasuvam dali pravam pogresen izbor bidejki pretezno kupuvav bodi so kratki rakavcinja bidejki koga ke se rodi bebeto sigurno nema da bide mnogu toplo, nitu pak mnogu studeno...Kako ke treba da go oblekuvam bebeto? Sto treba da ima obleceno vrz bodito - spihozni ili pantaloncinja i bluzicka? Se zbuniv.. Vi blagodaram za site soveti mamicki na esenski bebinja
Шпихозните се подобар избор за новороденче отколку блуза и панталончиња. Инаку октомври знае да биде и топол и ладен ама веќе ноември е ладен па значи ќе ви треба боди на долги.
Мамички, иако ми е рано...полека си се спремаме за бебушот....Сакав да прашам, дали знаете кои тетра пелени се најквалитетни? Ги видов само тие во Стружанка и некако ми се видоа многу крути (можеби ќе омекнат со перење и пеглање), ама ако имате некое искуство со тетра од друго место ве молам пишете... Јас би сакала некои шаренки, да не се чисто бели.
Имаше шарени во бебесупермаркет ама беа скапи, не знам дали има уште и вистина мнооогу помеки беа за разлика од тие во стружанка. Јас пред три години купував....
Моето треба крај август да се роди и уште се мислам бодиња дали по долги или кратки?зедов едно од кимико на широки рамки и тоа е се.инаки купив шише,цуцла,кебенце тенко,перница,пижамки,седиште за во кола и едни исцели памучни шпихозни по кратки.треба козметика со памперс да докупам и облека за излегување од болница.количка коритце пелени и нешто облека ке користиме од дадичка
Прибидејќи сме во исчекување, а ова ни е прво бебе, стандард од поголемите работи креветче, количка, коритце, релаксатор имаме од батковците(моите внуци од брат), корпа за бебе, му купив 3 комплети(од кои едниот за болница), бебешки работи шпихозни и комплети имаме пак од батковците, колекција за бањање, кебенце подебелко, кебенце потанко, јорганче(одеше заедно со обиколката), неколку боди со кратки ракавчиња, памперси, цуцла шишенца, перница, моч-пелена и неколку потенки пелени(како кебенца) за во количка или за на кревет кога ќе лежи и очекуваме пакет од баба и дедо од Австралија па затоа многу многу не натрупуваме, бебешкиве работи ги одраснуваат многу брзо.
Здраво мамички Бидејки очекуваме да се роди нашето прво бебуле, јас и тато сме сме со начулени уши Количката ја купивме по препорака, креветче и душече исто, постелина сеуште немаме земено но, повторно по препорака од пријатели ке купиме. Е сега, не знам што од козметика ке ни треба и не знам дали да биде бекутан или нешто друго Понатаму, дополнително се бунам со тие шведски пелени и тие другите и памперс и се ми е испомешано. Ке замолам некоја мамичка која е послободна да ми препорача козметика, шишенца, каква цуцла..... Фала однапред
Нека ти е со лесно чупе Јас никогаш не ја повивав ќерка ми така да шведски, тетра не ми се познати како поими, а и греота е на ова топло време да го повиваш бебето, сепак размисли си ти, твој избор. Малата сеуште ја бањам со Мустела дерматолошки гел, меѓутоа е далеку поскап од бекутанот, но од друга страна е доста исплатлив бидејќи долго трае. После тоа ја мачкам со јекодерм (не секаде,само на одредени места) и обавезно секој ден и давам вигантол капки. Пелени во моментов користам дајперс иако до скоро користев памперс ама поради цената морав да најдам други добри и соодветни пелени. Од марамици користиме бебикер(зелени се, грчки и мене ми се најдобри), ги купувам од стокомак за неверојатни 55ден, а по другите места се 85ден. Исто од козметика заборавив да ти кажам ја користиме кремата на бекутан со портокалово капаче(тако звана павловиќева) ама не и ставам нонстоп при секое менување на пелена бидејќи мене лично таквите креми ми се многу мрсни и не им дава кожата да дише. Шише имаме на томи типи кое многу потсеќа на мајчина дојка и е лесно прифатливо од страна на новороденчињата, меѓутоа ако бебето ти е на ексклузивно доење немаш воопшто потреба од шише. Ах таа цуцла...тука незнам што да ти кажам..ги купив сите можни(бејби нова, кико, авент, томи типи...) меѓутоа ниедна не ми прифати и незнам каков совет да ти дадам за ова...
Фала ти најмногу за брзиот одговор Значи јас да земам сега најбитно пелени, гел, марамици и павловиќева, а нешто сапун, шампон, пудра ......или нема потреба на почетокот од вакви ствари? Шишенце ке земам за секој случај бидејки не знам дали ке имам млеко (јас сакам да ја дојам) а цуцла....па ке видам и тоа (имама уште малку време да истражувам ) И сакам да прашам што од облека (мислам на основната, боди, шпихозни и сл) ке ми треба за принцезава, земајки предвид дека нема да ја вадам од дома 40 дена (аманет од баба ми), а терминот ми е 5 септември? Знам дека малку смешно ми изгледаат прашањава ама верувајте целата сум збркана
јас ги повивав и двете деца(зборувам за широк повој)до 6 месеци.едното е во пролет родено а другото во есен.така ми беше речено од болница и од педијатар па ги послушав-паметно или не -незнам.користев тетра пелени одат 10 во пакуванје,ако не се лажам.и осмици 5-6 парчинја имав купено за првото и за ова ги користев. за облека бидејки син ми се роди во септември а сеуште е топло користев боди на кратки ракави,чорапчинја и танки памучни шпилхозни со долги ракави и ногавички.не купувај многу облека за почеток оти брзо ја одраснуваат а и сезона ке смени па ке ти требаат плишанки понатака.и јас до 40 дена не ги вадев бебинјата освен за во советувалиште ама јас денје си излегував за да си завршам тековни обврски.така да нема да бидеш во затвор што ке ти треба ке си прикупиш-не фрлај непотребно пари предвреме. од почеток користев памперс пелени првите месеци,но верувале или не ем ми протекувааем ми пројави страшен осип и ги заменивме со канбебе откако се живо испробавме. козметика не користам ништо посебно освен сапунче мерима како ние што се банјавме како мали.може некој ке ме смета за проста што не користам млека и масла за тело ама сметам дека што помалку хемија толку подобро.фала му на бога и двете деца досега не ми развиле алергија или кжен осип и кожата им е како памук. павлодерм користам за газе секојдневно а при евентуален осип добро е да имаш некоја крема со цинк оксид во состав.бекутан марамици отпочеток а сега од кам марамиците-не ми текнува име.пумпица за носе ке ти треба треба,топломер,лажачка цуцла зависи од бебето дали ке фати-имај една за почеток пакевидиш како ке ви оди.јас купив на нук за двете деца -керка ми фати од прв ден а син ми дури на осум месеци откако променивме триста модели.и за шишенцеисто имај си едно колку за почеток па ако ти треба ке си прикупиш. се надевам ти олеснив малку .ако треба нешто ти стојам на располаганје. со лесно
со лесно чупе, јас користам шампон и пенливо 2во1 со алое од бекутан, павлодерм оригинал за газето и за мачкање на некои делови од телото, инаку јас му ставав широк повој со тетра пелени до месец и кога бевме на педијатар ми рече не го мачи детето на овие жештини тоа е повеќе за женски деца а не за машки и од тогаш престанав, користам капки д3 за коски тие демек не биле толку јаки од вигантолот им се стварале повеќе грчеви, за грчеви користам еспумисан л и му ги ублажува не е толку страшно, користев и на бекутан чајче ама од него ми се чини дека имаше повеќе грчеви а не да му помогне. Шишенце имам на baby nova ама не го користиме бидејќи е само на цицање ниту чај ниту водичка, цуцла лажливка имам на нук ама и таа несака да ја фати никако му се повраќа од неа, пелени користам кан бебе ефтини се и добри досега ми немаат пропуштено ниту пак ми се исфрлал син ми од нив како што беше случај со памперсот, влажни користам на бекутан и одприлика тоа е
Ви благодарам за одговорите, навистина ми се разбистри главата (малку од малку) Само со Господ напред се надевам дека се ке биде во ред и подготвена ке ја пречекаме принцезата наша која шутира ли шутира, дури и без воздух останувам некогаш Ве поздравувам мамички и имајте убав ден
Дали им облекувате на бебушот за спиење пижамки?јас до сега три пара купив,минијатурни на првото до 40 дена не облекував го повивав ко во болница.Со ова не планирам така