Има денес природна козметика Логона, Еко Козметикс, Веледа, Алверде... според сечиј џеб и вкус. За мене, Еуцерин бебешката колекција никогаш не би била избор за бебе. Ниту пак останатите препарати.
@Annath Мамички се избрукав. Така ми препорача роднина. А не дека јас имам искуство со Еуцерин. Ни јас немам уште купено. Моја грешка што препорачувам без искуство да имам. А вие да ми препорачате некоја природна? Фала ви
Не си само ти, многумина ја користат од старт. А реално, нема потреба од неа. Еве, јас лично сум задоволна од бебешките колекции на Алверде, ги има во ДМ (имаше еден период кога на малово не му одговараше; ама го помина тоа), и од Логона, од Зегин мислам дека зедов. Други не сум користела.
За мене за сега Веледа е закон. Е сега дали го има некој користено лосионот за сончање? Се мислам да го земам него за бебка или фризи дерм што исто ни се покажа супер за пеленска регија.
Ти пиша Анат која е природна, јас имав Веледа земено, но ич не му одговараше на бебе мое, па преминав на Мустела стелатопија бидејќи му се појави и дерматит. Но од кај 4ти месец продолжив со Еуцерин атопик ради дерматитот, до 1год ја користев.
@emkaemka @Annath За почеток Логона, па да продолжам од кај 3ти 4ти месец со Еуцерин. Така планирам. Бацкии
Може ќе сум офф но да те прашам. Користам мустела стрлатопија заради атопичен дерматит,но една недела вејќе е страшно нафрлан,рапав некако не ми помага многу. Ја земав на скендер кремата па доколку се смири твоја препорака да продолжам со мустелста или да преминам на еуцерин,бидејќи ги имаш пробано и двете. 2 месеци сме. По препорака од педијатар мустелата ми е.
Ако му одговара Логоната нема потреба да ја менуваш. Кај атопичен дерматит е маката што треба да најдеш која козметика му одговара. Еден куп козметики изнакупив за малово, кога имаше мака, пробував, ништо не му се погодуваше. Логона му беше најпријатна за кожата, а кремот од Скендер помогна само на првото мачкање. Кога повторно се појавија лишаите, веќе не помагаше. Мислам дека тоа е најголемата мака на мајките што имаат бебиња со атопичен дерматит, да се најде нешто за соодветна нега на кожата. Оти секое бебе е приказна за себе, кај сите е различна причината за појавата на егземите.
Ние сме од старт со еуцерин и до сега не сме имале никаков проблем, почнавме и со бекутан и тој е во ред и мустела исто од старт и се си е ок.
Па да ја потрошам мустелата би пробала и еуцерин,и да не се презасити од една иста козметика и што викаш да погодам баш која му одговара. А со кремата на скендер ајде ја земав толку многу ми ја фалеа што решив да ја пробам. И внимавам на храна плус
Женички ајде дилемата да ми ја разреши некоја... колку на број се доволни да земам шпикозни, боди со долги и кратки, со прерамки, бенкици, комплетчиња, пижами, тетра пелени и шведски пелени ? Искрено немам осет за бројка и плус незнам дали да барам да се од 0-1 месец или од 0-3 месеци работиве, и се што бирам бирам за со долги да е, зошто летово и нема да трае којзнае колку дури се породам грешам или ? Исто незнам за шишиња пластични или стаклени, дали е битно пр.млеко и чај во стакло, вода во пластика... која мл да се шишињата од 120 и 260 мл како и да беа или, и колку да земам од нив ? ве молам за совети, за ова погоре и некој совет плус ако пропуштив нешто да се планира .
Шпикозни 5-6, пижамчиња 2 пара. Ќе ти донесат со повојница моето се роди големо 4300г така да 2 од шпикозните не му ги облеков воопшто не му чинеа. За 0 до 3 месеци земај. Тетра пелени најмаку 10, јас за се ги користев и уште ги користам како перниче, за цицање на рака ги ставам за да не поти, во количка за главчето, буквално за се, 8мици или шведски зедов 8 и таман ми беа, повој ставав до 40 дена. Бенкици немам ниту едно немав потреба. Боди со долги земи бр. 56, 3-4 парчиња, со кратики земи си 2-3 исто 56ка, со прерамки немаш потреба мислам. За шишиња не брзај, јас реално до 4 и пол месеци немав потреба од шише, бидејќи беше на ексклузивно доење ни вода ни чај не пиеше. Земи само 1 колку да имаш ос 150мл земи пластично за почеток, исто и со цуцли не брзај земи 1 исто колку да имаш оти моево и цуцла не фати не фрлај пари за џабе оти се можеш да докупиш после. Крпа за капење 2. Не ми текнува др сега.
се мислам многу мила ради килажата кои бројки да зимам, и јас така викам подобро од 0-3 месеци се да земам, но големко да не им е се па да се зезнам...никако не сум да ти кажам пижамчиња дводелни да земам или ко шпикозни да се и ако имаш идеа каде има пиши ми баш..
Ич да не мењаш ако одговара Логоната, верувај и споро се трошат. Во стартот кога почнав да ја користам имаше некој ефект, но Еуцерин атопик кај бебе мое далеку подобро делуваше. Исто и кремата за лице и млекото за тело. Сепак клучно кај бебе мое беше исфрлање на млечни производи од мени, кравји комплет, ниту јас јадев бидејќи доев, еднаш понудив и лом се стори, козји нудев, но и од нив имаше реакција. Скендер кај нас не го изгуби дејството, но и како првиот пат што имаше лишаи не се повратија. Буквално само кога било пак ептен нужно сум мачкала, на сува кожа, малку зацрвенета, со брунки не. Сега е и топло, држи го во поладно, лесно облечен и исклучиво во памук, исклучиво и со памук покриен. Совет и да го однесеш на море и да го бањаш во вода. Лани бев скептик дали да го бањам, но кога се распрашав добив одговор дека морската вода делува позитивно на кожни болести, само нели да нема рани, бидејќи ќе пече. Бебе првите 3дена се исфрли кај никогаш и немал, но до 7миот ден кожата му стана стакло. Сега на 1.5г има само на лев образ, уствари тоа си го носи од 6м кога имаше (се сомневам и дали е и дерматит, но ми рекоа дека е) бањам со Ла Роше, ретко, па и никогаш не мачкам никаде со ништо, но имам и млеко од Роше, ОК е, но сепак Еуцеринот подобро му прија. За море имам Еуцерин со 30ка фактор од лани, па ваљда тоа ќе биде и сега. @Софија 88 јас буквално броев да има 8 облеки за пресоблакање, се друго што земав беше плус и вистина искочи непотребно и едвај облечено. Мој совет не се трупај, купи ете 7-8облеки, колку да не переш везден. Секако ако притреба ќе се докупи, ама нема да треба Тетри едно 20тина, тие имаат 1001 намена
Мене и ден денес ми се најпрактични едноделни шпикозни за спиење по можност со патент. Види на фб што прават онлајн нарачки од картерс и георге ги има во пакување по 3 и сум презадоволна. И боденцата исто им се ок памучни и меки.
Подобро големко одколку мало, рачунај дека ќе ставиш и пелена+ако редиш и широк повој, и 56ка дали ќе биде точна мене термин ми е 21јули и повеќето е по кратки, по долги имам само 2пара шпихозни и едно комплетче како пижамки, и свеки шо ми купи таков комплет за од болница по долги е и не верувам дека ќе го облечам на бебе на 40степени. За бројчиња купив пола 56ки пола 62ки. За шише купив едно стаклено од 150мл, некако похигиенско е од пластичното. Купив 10тетра пелени и 3шведски(ќе докупам), чорапчиња 3-4пара тенки. Не знам друго што купив... Тебе кога ти е терминот?