Потполно се согласувам. Јас речиси нишш не искористив од тоа за повојница. Ем безврска, ем големо или мало. А секаде сум носела убаво и сум кажувала од каде е да може да си сменат. Ама тоа е.
да тоа ако чекаме од други тешко, и јас сум таква кај и да одам се замарам, дали одговара, дали е убаво, колку ќе го искористи, па акам шетам од една у друга продавница...а за возврат ама ништо не очекувам од никого, се виде од други работи што како, а не па за децата затоа се сама сакам по ќеиф да си купам ... на една пријателка толку се замарав за детето и земав за година дена плус од тоа што е, и она ми вика абе јас се ја облакам во многу широко за големи, и и викам ако ке го сменам не е проблем и кога ми рече да земам за 5 годишно дете а тоа две немаше наполнето ми идеше да се отепам самата, детето пливаше во облеката за греота
Ако го прочита убаво постот убаво и пишав колку да си купи за почеток, колку што имав јас купено и толку и реално ми беа потребни, кај мене блиските (мајка, тетка, вујна) беа побрзо и ми донесоа убави и мали комплетчиња, на нив мислев, а и потоа му кажував поголеми да носат оти моево понапредно беше многу и му велев да ми носат од 6 до 9 месеци а тоа имаше 3
Мене од мекици и повојница подароците 90% ги искористив во првите три месеца. Имаше чат пат нешто поголемо, здравје еве сега ќе искористиме. Речиси ништо не купив јас. По 3-4 работи од бабите, по нарачка поголемите работи од блиските пријатели, и таман си бев. Може мене така ми се погоди. Јас лично купив само еден пар чевличиња кога дознав дека е женско, и нарачав ќебенца од алиекспрес што не ми ни стасаа. Да купував и алишта сигурно ќе ми останаа неизносени.
Јас купував пред да се породам исто и се купував број 56 и по нешто 62 бидејќи сметав дека 50 нема многу да може да ги износи и бебе се роди 4 ипол кг и 56цм така да ептен точни му беа. Секако ни тие не ги износи кој знае колку ама во секој случај подобро малку поголем број бидејќи не знаеш колку големо ќе се роди а и не ни приметиш бебе пораснало хах. Јас од облека најмногу искористив пижамки некако најпрактични ми беа, шпикозни само 2 му облекував бидејќи синко долг некако не му одговараа. Тетри што можеш повеќе, ќе ги искористиш максимално. Шише купи си едно за секој случај па после ќе видиш што како дали ќе доиш или ќе даваш ад.
Еуцерин е за користење од старт, ама не за секое бебе. Бебиња што од раѓање имаат атопична кожа не можат да се мачкаат со природните линии, @Makedonka007 козметика се купува откако ќе се роди, ќе ви кажат според кожата каква ќе ви треба
Моево имаше атопичен дерматит, па не посегнав по Еуцерин, туку по природна козметика. Логона конкретно. Така да, се е работа на избор. И лекар да ми го препорачал, немаше да го купам. Хемија е, преферирам природна козметика.
Девојки дали некаде сте виделе интересна облека со натписи на Мини маус, и оние со мајка, татко нешто да пишува и ако да каде ?
Баш ми е драго штом е така, ќе се консултирам пак со педијатар, зашто веќе мислам дека може да се префрлам на природните линии зашто кожата му е многу подобра, инаку по раѓање беше жално да се гледа ми рекоа не е ретко да се роди бебе со таква кожа, особено меѓу надносените и обавезно медицински колекции да користиме, па почнав со еуцерин
И моето беше надносено и многу ми е жалче со кожичката, ме советуваа само еуцерин да се оправи, па после било што природно. Бебенцта на цимерките таму немаа проблеми со кожата, рекоа може природна козметика.
Од почеток бебе спие уште одма во креветче или ми треба такво гнездо да купувам,или некое дополнително перниче било што? Прашања кои ме мачат
Одма во креветче. Не ти треба ни перниче ни гнездо, освен ако има проблем собповраќање па да треба перниче закосено.
И јас гледав гнездо, ама на крај решив само да ја повивам. Првично со тетра, после со специјално за повивање со лепенки. Тоа е функцијата на гнездото, да се осекаат стуткани како во стомак. Повивањето ми заврши работа. И во креветче од прв ден. Да не се учи да спие на спална со мене.
Количка со корпа до тебе, раат да си бидеш Така ни гнездо, ни повивање, особено сега на топлово. Па ко ќе пркне креветче.
Мислам дека не е потребна. И онака бебево шета низ цело креветче, и да ставам перница за 15 минути нема да и е таму главата.