Јас во креветче го ставав. Инаку само првите неколку дена имаше импровизирано гнездо - голем пешкир (од најголемите) направен по должина во ролна и после тоа како u свиткан, покриен со тетра пелена. Ова го користев првите неколку дена додека се навикна на креветчето и после баталив зошто мојов беше пргав од почеток. Го оставав во една позиција го наоѓав скрос обратно свртен и на обратна страна од креветчето.
И се си викам од утре во креветче ама по се изгледа мм ке спие во дневна хахха а ние две ке се шириме на спална
Јас пробав да го оставам пред некое време ама нон стоп станува за цицање на 1 сат и мн е тежок 10+кг е и ми е мачно цела ноќ легни го, земи го и си реков доста е, вака само се вртам странично и цицката в уста мм спие зад мене сите 3ца на спална сме.
моето 6 години со мене спие. првата година спиеше во креветче после само си идеше до мене или па ако го заспивам во кревет кај мене па и јас заспијам си остануваше тука инаку го заспивав со мене па го префрлав. За второво планирам да спие во количка за почеток. Ионака летно бебе е му треба мало место а и секако повеќе во количка ќе сме па мислам за почеток креветчето да го прескокнеме
Немој во количка, греота е кога веќе имаш креветче. Баш дека е летно бебе, ќе му биде жешко стуткано во количка. Стави го во креветче, да си ужива, да си се тегне слободно.
Ми треба помош со списокот од аптека. Се што треба да има од сам старт. Сум собирала информации од тука: Ланолин Павловичева Алкохол 70% Хидроген 3% Стерилни гази Друго нешто треба?
Или хидроген или алкохол,не двете.Боље ти е хидроген.Земи и бивацин прашок за папоче кога ќе падне,ќе чистиш со хидроген па со газа,па чепкалка за уши и на крај бивацин . Земи си и влошки за после,се трошат ко луди
^ јас како што знам се става алкохол пред да падне,а хидроген откако ќе падне. А најубаво да се купи во моментот кога ќе треба, затоа што за внуката после паѓање педијатарот им кажа некој спреј да купат и тој го користеа,не сум сигурна за составот
Зависи каде ќе се пораѓа сите кажуваат различно. Мене ми кажаа само 70% алкохол, прашок бивацин во никој случај и пелена подвиткана да не оде врз папче и да не се мокре. Е сега на друга мајка и кажале ништо буквално да не става и слободно да го мокре, а на трета па да комбинира хидроген со бивацин и да го врзува со газа. Нај добро кога ќе ве советуваат од болница тогаш сопругот да ги земе потребните работи. Битно ни една од нас немаше проблем со папчето.
Бивацин на своја рака не. Тоа мислам антибиотик е. Јас додека падне 70% алкохол ставав. Од кога падна - уште два три дена хидроген. Пелената ја виткав да не иде преку него.
Добар ден убави мајки Што велите кој аспиратор за носе е најдобар, има на Чико, на Нук, има неколку врсти во аптеките... И дали смее да се користи додека е сеуште малечко или дури по два три месеци, да не се многу груби? Имајте си убав ден
Јас ич не искористив, ама има мајки што на секое бањање влечат мрсули. За почеток не е неопходно според мене, мене ме советуваа дека додека не се затне ептен не се употребува аспиратор, ова после направени 3-4 месеци
Фала ти на одговорот, штом нема потреба веднаш, ќе купам покасно, да не го тормозам џабе. Во аптека ми рекоа никако со раствор и капки па макар и детски за да не се оштети слузокожата... Сите нешто различно ќе кажат, ама тоа е, ќе учиме заедно со бебушките
За физиолошки не? Сите што ги знам капнувале, јас ако го осетев да ми хрчи му капнував и ќе ги искиваше. Ќе ти кажат во болница се како и да, точно само така се учи
Физиолошки раствор нас во болница ни препорачаа, доколку има нешто во носот, аспиратор матичната ни дозволи кога беше ептен настината, со растечен нос. Првите месеци се чистат и нормално е да крчат.