@Fallen.Angel Јас ќе ти го корегирам малце списоков: 10-15 бодиња на кратки 4-5 на долги ракави (со оглед на тоа дека ќе имаш летно бебе можеби нема ни да ги искористиш,но за секој случај,може само по боди со долги да седи по дома) -лигавчиња почнав да користам после 40 дена,кога почна интензивно да се лигави,ама имај си купено пред време 3-4 ти се доволни,има памучни од Silvy style во Стружанка -10тина панталонки-тренерчиња а ако е женско може хеланчиња -10тина блузички на долги -2-3 ќебенца од потенок материјал -некое тенко памучно џемперче, мислам 2-3 би биле доволни за почеток. -чорапчиња 10 пара -немаш потреба од хулахопчиња(моето се роди октомври хулахопки купивме крај на ноември) -шпихозни 10тина -тетра пелени 15-20 -тука би додала крпчиња од џамбо,во замена за лигавка,при бљуцкање со нив го забришував,при доење кога ми тече млеко од другата града и ставам крпче, во пакување се 8 мислам, едно или две пакувања се доволни - ракавички имај си барем 2-3 пара, моето се роди со нокти,кога го видов другиот ден лом му беше лицето испогребано,па не ќе му сечам нокти во болница,мм ми донесе ракавички, после дома исековме нокти,ама чат пат му ставав за да му се стоплат рачињата (бабите ме пукнаа) -обувки не ти требаат,ако сакаш за мода има мали памучни топлинки во Стружанка што одговараат за бебиња иако мислам дека нема да ги искористиш ако е топло -Капчиња 4-5 можеби ќе се доволни,јас му ставав до 1м после секое бањање(имаше коса да се исуши и по 30мин ги вадев) -Шампон и купка обично е 2 во 1, од сапунче немаш потреба брендовите:Hipp,мустела или Веледа или Еуцерин-црвена линија Од иста фирма земи купка и млеко за тело за да бидеш сигурна дали му одговара на кожата - -Чешелче треба -пелени најчесто сите почнуваат со памперс премиум ,има и мали пакувања купи си едно за проба,ако не се исфрли терај додека сакаш со тие па после пробувај други -4 пешкирчиња- од големите како квадрати да го завиткаш цело -ножички за нокти се попрактични иако во пакувањето имаше ноктарка,уште ми е страв да ја пробам - стапчиња за уши бебешки-после 3м купив и понекогаш употребувам ако се гледа нечисто да го повлечам нанадвор -масло некое за тело-немаш потреба -павловичева -рибино масло ми имаа кажано да земам ако му зацрвени газето, не знам дали е навистина потребно - крема со цинк за црвенило се препорачува,имаш Судокрем,Пенатен , Веледа,Фрезидерм прашок за папоче -Бивацин или Банеоцин, хидроген 3%, алкохол 70%, 20- 30 стерилни гази. некои производи во случај да се лупи кожата-ако мислиш на лупење што го имаат голем дел на новороденчиња,ние мачкавме со јекодерм -Вештачки брадавици,-разгледај да имаш на ум,не купувај може нема да ти требаат,а ако требаат едни ќе купиш. -Пумпа за одмолзување (chicco natural feeling-ја планирам бидејќи не е прескапа,а има задоволни членки) потребна е за стимулација на лактација,да измолзеш млеко да оставиш ако некој го чува малото,да измолзеш млеко ако не сакаш да доиш во јавност -Чико стерилизатор - или на Горење и тој е добар -1 стаклено или пластично шише со силиконска цуцла ти е доволно,препорачувам Авент -лажалки доволни би биле 2-3 - ако земаш повеќе гледај да се од различен производител за да видиш што ќе прифати. Јас имав Tomee Tipi, Canpool babies и Mam ,сано Мам ја сака. Па купив две такви. Исто за најприфатени ги пишува по форумов на Нук и Авент. -Адаптирано млеко -купивме кога дојдовме од болница,зошто сабајлето ми надојде млеко ни беше страв како ќе помине ноќта -количка со транспортер и корпа -креветче со душек и перниче за бебе-перниче до година,две не се препорачува -транспортно креветче - 3-4 постелнини за почеток би биле доволни-2 ти се доволни -подлоги за преповивање не знам колку би ми требале, мислам 2-3 доволно е-најдобро да си купиш една подлога од тие што се ставаат на шкаф/креветче, врз неа ставам фланел пелена и го пресоблекувам бебето ,за на кревет под тетра пелена за лежење ставам од подлогите за една употреба има од Бекутан,Виолета, Кан бебе -Аспиратор за носето-купивме, 4м не сме го употребиле -термометар (се уште се двоумам каков, има од најефтини до најскапи и на различен принцип на работа) мериме со обичен -коритце за бањање- со сталажа за да си ја спасиш кичмата -релаксаторот -се користи од прв ден, практична работа -столче за хранење- се користи од 5ти месец претпоставувам до кај втората година -седиште за во автомобил -има и од 0+, со 4 позиции од кои едната е скроз навалена за новороденче ,но за почеток најубаво е со транспортер до кај 5ти месец За новопечените мајки -гаќи од оние за една употреба ( оние де што требаат за после пораѓајот)- не знам колку би ми биле потребни- се мислев дали да купам,не купив и не згрешив,немав потреба -влошки за гради има во ДМ пакување со 60 доволно е едно за почеток -градници за доење 3-4-можеш и обичен памучен без жици -масло за брадавици-Пурелан од медела -торба за мама во која ќе ги собира неопходните работи за бебето Ќе дополнам туфери-суви крпчиња за бришење газе на бебе,може да се натопат во вода или чај од камилица,со цел да се избегнат влажни марамици, ептен ако мора Виолета 99% вода,белите Течен прашок за бебе-Ариел, Персил ,омекнувач не се препорачува Сапун за отстранување на флеки(за каки) од ДМ нивната марка,супер е Кутија за цуцла-лажливка Силиконско лажиче ќе ви треба за капки,ако давате со лажиче Чај за доилки Лактамикс,Хип или Хумана
Ви благодарам мајки Од странство треба да ми донесат некои летни работи па затоа прашував тогаш бебето ќе биде 3/4 месеци. По ваше искуство мислам дека е подобро поголемки да ги донесат
Е баш ти фала, вака ќе го препишам во тефтерче. Ми се допаѓа што си додала работи кои јас не ни знаев дека ќе требаат. Кажи ми само таа подлогата што се става на шкафче каде да ја барам?
Подлогата ја има кај што се продава бебешка опрема,ние купивме од Енци менци ваква Секаде се исти,цената е различна. Не мораш на шкафче да ја ставиш,може и на креветче(има штрафови што се монтираат одоздола) можеш и на кревет,маса било каде. Мене ми стои на фиокар заради висината,да не се наведнувам надоле,да си ја поштедам кичмата Од аптека ќе ти треба Д3 со К1- капки ако доиш , а ако е на адаптирано само Д3,зошто во него има К1. Овие се даваат од 8ми ден,зависи каде ќе се пораѓаш даваат препорака на 7 дена да се однесе на педијатар,и убаво би било да отидеш,кога ти е прво дете имаш милион прашања ќе ти ги одговори Ако сакаш пробиотик да даваш добри се Ваја,Биогаја, имаше уште некои пребарај по форумов. За капки против грчеви ги фалат Еспумисан,Колиеф, Саб симплекс (последниве се од Бугарија) Ако се појави теменица(лушпи на глава) јас користев масло за таа намена на Фрезидерм. За мама ако има рана од епизиотомија,може да ја мачкаш со Бетадин ,а откако ќе зарасне со кантарион,не порано до кантарион зошто може да ги стопи конците. Ако се појават хемороиди при пораѓај,дозволена е маст Факту која ќе помогне. Е така,пиши си во тефтерот,може нема се од ова да набавиш пред пораѓај ама убаво е да си упатена што треба,после само праќаш маж во аптека и ти купува Јас пола бременост ја поминав патолошка,и сите теми и препораки ги исчитав
Алал да ти е!! Ова сакав некој да ми го каже... Знаев дека ќе треба и дополнителни работи кои се исто толку важни! Баш капките и тоа фрезидерм па и пробиотиците не ги споменува никој ! А ќе ми ги кажат доктори потоа, сакав јас предвреме да ги знам.. Баш ти фала !!
@Sofi.ja прекрасен список...да прашам од каде да се набават туфери-суви крпчиња за газето исто и фланел пелена?
Туфери има во ДМ на Babylove, има и во зегин на тото,ама овие од дм се подорби,а фланел пелена има во стружанка,памук пале,венис..
Јас ја имам истава подлога ама не знам како да ги монтирам штрафовите за креветче. Мислев нема дупки и да не се вишак нешто штрафовите Немам место за комода и мислев на креветче.
Е не знам ни јас како, ние си ја планиравме за на фиокар па не ни прашавме тоа. Види прашај во Енци менци да не знаат
Девојки од каде купувате подлоги зс пресоблекување ? Од тие што не пропуштаат ? И која козметика обично користите ?
Ако мислиш од цврстите како парче мебел,од продавница за бебешка опрема,ако мислиш од тие за еднократна употреба ос маркет,аптека Козметика Мустела, Павловичева крема и Веледа
Јас купив од Златекс во Охрид со водоотпорна навлака на едната страна...Можат и да се перат, за повеќекратна употреба
Мислите дека подлогите се толку неопходни? Во смисла дали можам место подлога да ставам ќебе на фиокарот и врз него некоја мушаместа подлога за преслекување? Поевтино ќе ми е, а и после за складирање е лесно. Подлогата е потврда и стварно со место за прибирање ограничена сум. Ај од искуство, потребна е подлогата или не?
И за ова сакам да знам и јас. И дали е потребен држач за капење, подлога некаква или реално не се ни користи?? Некои работи и се маркетиншки трикови, измислени гаџети демек без нив не се може, а секогаш има некаква поевтина замена за нив.
Убаво е да е со држач за да им олесни на родителите. Боли кичма ако си свиткан надоле,ама секој според можностите.
Јас мила купив таква подлога/држач за Константин и ич не искористив. У Систина ме научија да го бањам под чешма на една рака и така теравме се додека не почна апла да тежи . Неискористено скроз во мој случај.
Јас зедов ипак со држач, не можам да се наведнувам, висока сум и дури кога перам нешто во када ме боли кичмата, а не па дете А слушам доста ги бањаат под чешма, зависи како ќе почнеш.