Tiby baby shop продаваат роба на George, величините им се таман со должината на бебињата, па и покомотни. Ќерка ми носеше шпилхозни 0-3 точно три месеци а беше големо бебе, се роди 53 долга. Ги дадов на братучетка што има поситно бебе, гледам 5 месеци направи бебето уште е во тие шпилхозни. Не зимај 3-6 на почеток, не ти требаат.
Не знам дали го знаете ова од бебе супермаркет, нека ви стои сепак може ќе ве потсети нешто ако сте заборавиле
Фала на совет навистина ми треба , а јас не зедов во предвид дека моето ке биде пролетно бебе па додека направи 3 месеци ке дојде лето и тогаш ке треба да носи веке на краток ракав боди во право си ке купам уште некое 0-3 за почеток после секако и ке ми носат на повојница
56 моето бебе ги носеше претежно месец дена. 62 на почетокот му беа како торби, а не го сакав тоа. Мада зависи и од фирмата. Некои работи 56 уште му се таман, а некои шпихозни 68 има сега. Би ти рекла да гледаш според големина, а не број. Едит: Месец ипол е.
За почеток по колку пара боди, шпикозни и сл. работи ќе требаат за бебе? Прво бебе ми е и навистина ми треба совет!
Јас имав 10тина боди, и уште 10тина работи за облекување (шпихозни и комплетчиња). За мекици после добив уште куп работи.
Јас и 50ки купив неколку комбинации,планирајќи ги за првите две недели.Ич неќам да висат алиштата,плус ми делува поубаво кога е спастрено,да не влегува воздух. Сакав да прашам дали ке ми треба јорганче,термин ми е 6ти Април.Јас мислев памучно плетено ќебенце без полиестер,или вреќичка е попаметно да имам?
Ако ,убави се и 50ките,зависи од производител ама и тие се поносуваат 2-3 недели. За јорганче,зависи на што се греете,кај нас е парно,температура претежно 24-25°, го покривам со тенко мекано ќебенце на дупло. некогаш ако залади или е потенко облечен,или бањат пред спиење го ставам и јорганчето(тенко е од сетот со оградица)
Женски, дали мислите дека е потребна перничкава граничник за бебето? На неа пишуваше од 0+ безбедна. Ама со оглед на тоа дека бебето е пожелно на грпче да спие, перницава нема потреба? Хм., не знам... Таа е за да се стави странично бебето и да не се врти на грб. Што мислите? Ја имате?
Ја немаме и мислам дека нема потреба од неа. Ако сакаш на страна да го завртиш можеш со било што да го потпреш,ќебенце,пешкирче,тетра. Инаку најубаво е да си спие на грбче со главата на страна.
Купив тетра пелени и шведски пелени. Дали ова влегува во маст хев? Треба ли да ги користам задолжително или педијатар си кажува?
Тетра јас користев за бришење, кога го легнував на гарнитура па постелав и го ставав на неа, во корито, за покривање во лето, во количка кога го ставав итн. Ама патронажна не ми ги ни спомна кога дојде, а шведски не сум купувала.
Ма какво маст хев. Само еднаш ставив на поголемото и никад више. Катастрофа. Ги користев за подлога кога им менував пелени.
Тетра пелените јас најмногу ги искористив, 14 месеци е уште ги користам, ставав на раката за цицање си лежеше на тетра за да не поти, секаде кај што ќе го легнев ставав тетра под главчето, по гости си носев тетра, сега ги користам за спиење му ставам на перницата наместо навлака и му ги менувам секој втор ден а до 40 дена и му ставав широк повој. @elenaklasik нема потреба од тоа перниче. Јас па гнездо имав и многу го искористив, до скоро спиеше во него дење во дневна.
А за креветче ? Мн се мислам , дрвените не се нишаат а па овие од чарли не се менува јогата не се подесува и не знам какви се постелнините , дали купувате нова постелнина со оградици или ? Не сум ич паметна не знам што би правела ?
Ги видов убави се мн , но криво ми е што дрвениве не се лулаат па не знам што да правам , на 100 умови сум