Има дрвени што се лулаат, разгледај убаво. Во локо кроко има сигурно за другиве места не сум сигурна. Едит:https://www.lococroco.com/drveno-krevetce-loco-croco е ова се лула, имаше различни шарки напред јас кога бев.
На овие не се спушта јогата , фиксирана е на едно ниво само , и затоа сум во мисла , но од нешто морам да се откажам , тоа е.
Можеш да разгледаш и монтажни, јас купив на Chipolino со опција на спуштање на оградата, на 2 нивоа и плус опција за лулање. Го комбинирав со Дормео бебешко душече, искрено многу попрактично ми се виде така отколку дрвено
Да ова е тоа што го барам , плус ова има можност да се направи биро кога ке порасне , фала многууу ***
@Milicka* и во кам вилиџ види во продавницата за бебиња на лорели марката, гледав креветчиња со нишкање.
Баш денес ги видов само сега се на редовна цена 8500 без јога и постелнина , ама барем ке си земеш што сакаш , оние на чарли се лични многу но ете јогата не се крева не знам колку е пресудно тоа не сум искусна за да кажам , а овие на лорели како што кажав се прават и како биро кога ке порасне , ке причекам уште малце може ке има некој попуст пак како во декември има уште еден модел тамо но мн е долго тоа , иначе тоа се прави како детска соба , ама ич не ми одговара местото , вие од каде земавте ?
Тоа долгото го купив јас на излог што беше, долниот дел се трансформира во тинејџерско креветче, фиокаторот може одделно да се искористи и бебешкото креветче во биро, има можност за лулање и на две нивоа е. Многу ми правеше мерак плус ми направија по нарачка во бои баш како останатиот мебел
Преубаво е , ама јас немам место за жал , а она што е на излпг сега го најдов во Бугарија 6000 ден е , значи се е поскапо кај нас , ама тоа е
Ме замисливте за креветчево, многу убаво изгледа и практично стои вака. Јас ги гледав на чарли, само на едно ниво се тие. За што се тие фланел пелени, за што служат?
Тие се малку подебели од тетра пелените, и е поубава обработка на памукот. Меки се. Јас на пример ја покривам со нив кога дремнува преку ден. За ќебенце е топло и се поти и со најтенкото. Есента ја покривав во количката со нив, а може и да се постеле во корпата. Исто моја бебла кога ќе го сетеше чаршавчето ноќе кога ја ставав заспана во креветче зимава, се будеше од ладното, па и чував една фланелка над чаршавчето. Исто има и фланел марамици. Мали се мекани и практични. Ако си приметила се продаваат скоро секаде, ама најчесто материјалот им е како пешкирест, јас имам фланел и се далеку помекани, ги ставам на рака пред главчето додека цица и еве 6+ месеци од прв ден ги користам.
Луѓе може да ставите слика од тетра,шведски, фланел пелени? Тетра мислам дека знам какви се. Другиве поим немам
Фланел ти се исти како тетра само подебели. Коцки отприлика 80х80 памучни. Шведски ти се како бикини. Со врвки се, за повивање ти се тие. Јас не ги користев. Шведски Тетра
Ќе купам 10тина тетра, тие за повеќе работи би се нашле и една-две фланел, за покривање ко што пиша јованти. Мислам доволно е за почеток Суперр, ќе почнам од сеа по малку да пазрувам
Терминот ми е 05.05. Веќе имам купено неколку боди и шпикозни 50 и 56 на кратки и долги. Планирам да купам тенко ќебенце, мислам дека од вреќичка нема потреба, мај е веќе топло. Само не ми е јасно пример го ставам да спие во шпикозни, а под нив што да му облечам? Треба да искочам да докупам тоа што остана ама малку не ми е јасно околу облеката. И каде е најдобро да одам за кадичка со сталак и сакам некое подвижно креветче за во дневна? Креветчето во спална веќе го имам.