Во шпихозни, одоздола можеш боди по кратки пример. Јас синко со боди по долги го облекувам сега во зима. Боди обавезно се става. Или можеш боди по долги тенкичко и надоле памучни долни тенкички што има. Јас ѕиври и хулахопки не облекував. Сепак, секој си одлучува индивидуално како ќе си го облече бебе. За опрема, види на страницив онлајн. Мислам локо кроко ти е најевтино барем за кадички. Ние немаме сталак, слаби сме со место. Исто и монтажно креветче.
Ние имаме дрвено и може да се лула/ниша. Е сега нас не ни излезе многу практично бидејќи многу ни е ''мирен'' малиов, се главеше помеѓу решетките кога спиеше а и пробуваше да излезе од него па можеше да падне од него и затоа не го користиме веќе. Иначе баш си го искористивме на почеток, во креветчето го успивав со нишање. Во раце не сум го успивала, освен кога ќе заспие додека цица.
Мамички во план сум да земам релаксатор за бебето дали би ми користел и дали може да се става од одма кога ќе се вратиме од болница? Ваши искуства? Се мислам за овој од енци менци (слика) па ако некоја го има како сте задоволни?
Релаксаторот премногу се наога , јас имам поинаков не истиот ама задоволна сyм моЖи за од болница одма не оти е мало ама за после го искористивме до максимум и кога ке знае да гледа играЧина ке му ставаШ ке гледа одлиЧно за малку време за нас
Го купив од Струга, но ако си од друг град го видов и онлајн баш сега беше на промоција на оваа Facebook страница https://www.facebook.com/lotusmtoystore/ Само јас во сива боја го зедов
Што мислите за бебешките гнезда? Се потребни? Освен денски, дали може бебе и ноќе да спие во нив, во креветчето? Или само за денски за во дневна, а за навечер директно на душек без непотребни додатоци наоколу... ми се чини само за месец-два е гнездото и толку од него.
Јас многу малку го искористив моЖИ месец негде некогаШ и навеЧЕР спиеШе во него ама најдобро во креветЧето од самиот поЧЕТОк Нас поклон ни го дадоја а мислам дека не би го купила инаку
Ептен ми се слатки ама мислам дека не се многу практични , ама ај уште некоја феминка со искуство ке ни каже дали вредат или не
Јас го добив на поклон и многу го користев. Спиеше денски во него до скоро 10 месеци. Си ја гушкаше едната страна и уживаше. Доле се отвараше, па нозете и висеа надвор ама ептен се погоди. Да не го добиев на поклон немаше да го купам, а ете па ептен го искористив.
Здраво Сакам да прашам за околу овој период како се облекува новородено машко бебенце? Дали е доволно боди на долг ракав и шпикозни или ќе му биде ладно? Дали е потребно на ножињата под шпикозните да се облечат вакви ѕиврички? Благодарам
И јас сум во дилема , но моето ке биде априлско бебе па белки ѕиври и хулахопчиња нема да требаат , греота се да ги туфкаме со алишта секако ке биде топло по дома
Може прашањето не е за тука ама кога прочитав за топло ми текна. Колку треба да е температурата дома? Ние сме на градско парно и 15ти април нели го гасат. Со клима би се сушел воздухот. Претпоставувам ќе треба да купиме некое грејно тело сепак ќе се бања секој ден, сигурно треба топло да биде. Што е најпаметно?
Мoетo е зимскo бебе, рoденo вo Oктoмври цела зима jа истера без sиври. Тoплo ни е дoма ,а и не беше ладна зимава. Пo секакo читаjќи oд фoрумoв и пo сoвет oд патрoнажна не се тунта бебе.