Без ѕиврички, само по шпихозни. За гнездо, купив, сега спие во него некој краток период ама скоро му е мало (2 месеци нема). Океј е вака, мојов сака нишкање за да презаспие па одоздола го фаќам и сосе гнездо го нишкам. За релаксаторот, ние не го сакаме баш. Во екстремни случаеви е спас, ама не е неопходен. Досадно му е внатре на бебе после 5 минути, како и се друго.
Купи си некој пар колку да имаш ќе видиш бебе како ќе реагира па ќе докупиш ако треба ако не тие што ги имаш ќе ги искористиш ко пиџамки. Сите викаат без ѕивриња само на шпикозните и собна температура 22 ама моето така облечено тресеше вилица и носето му беше мраз ладно. Не се гледа дете по книга или по тоа како други гледале. Ќе видиш нему како му прија така ќе правиш.
Малото само ќе ти покаже. Ако е склетџија ко што е мојов од бебе, а роден е во ноември, ќе се исфрли со таканаречени вруќици (дефинитивно ми беа репер дали му е топло) , тоа е како црвен осип по телцето на бебе и чим го рассоблечеш се губи. Купи еден пар, не фрлај за џабе пари имаме мека зима, види како ќе реагира, ако не ти исфрли значи таман му е.
@Kate Rina 93 Јас имам 7 тетри и 5 фланел. 20 марамици. Нон стоп ги преперувам. Таман ми се. Извини што покасно гледам дека слика си побарала. Еве колку да имаш престава. Спојлер Бебе лежи на тетра. Секогаш ставам под неа пелена, си носам со мене не ја ставам бебла никаде дирекно. Тетра ти е многу тенка повеќе како газа. До неа фланел, тие се подебелки и памучни, и марамица исто фланел. Овие ми се моментално во употреба. Иначе ги има најразлични шари. Имаш голем избор. @elimkd под шпикозни ништо. Само чорапчиња ако е зима. Дома е топло, а бебињата полесно поднесуваат ладно од топло. Вакви ѕиврички и јас имам шаренки, ама и ги носам со блузичка место шпикозни, и за надвор ми вршат работа оти со хеланчиња или тренерчиња посеавме чорапчиња кај стигнавме.
Зависи од температурата во просторијата, можеш под шпикозните да му облечеш боди по краток или долг ракав. А панталончињата со ногавички можрш да ги комбинираш со боди по долги и/или блузичка по долги.
како одат цените на тетра пелените една пелена? на hello baby mk една 380 ден, нели е многу? знам дезенираните се поскапи, ама овие некако бааѓи ми идат
Купи си по 10 во пакување од Алкалоид. Како што кажа @Sofi.ja, во Стружанка се најевтини. Еве ги моите, не се бели обични.
Тие со сини точки ми се од Стружанка и никако не можам да се сетам колку ме чинеше пакувањето, тие со ѕвездички се од Елва горе во Рамстор и беа 640 пакување со 10, а долу тие што се шарените со коњчиња, слончиња, зебри се од Венис. Во Венис беа најскапи, доаѓаше околу 70 и нешто од парче, но не можев да им одолеам со тие шарки да не земам.
Во Венис во Рамстор сум одела. Стружанка имаш во ГТЦ во подрум, во Буњаковец, во Лептокарија и на уште неколку локации низ градов, на овие ми текна во моментов. Низ темиве читав дека препорачуваат 20, а јас зедов 30, ќе се најдат за разни работи.
Во Стружанка една тетра пелена е 65ден, имаш разни дезени, со точки, срциња, слонче, розеви или сини дезени.
Земи си 5 тетра и 5 фланел за почеток. Ако ти требаат повеќе секако ќе можеш да си докупиш подоцна, ама иако се повеќенаменски повеќе од тоа верувај нема да ти треба.
Ваквите играчки се слатки над бебешкото креветче, а и интересни и стимулативни за бебето. Мислите дека од самиот почеток се потребни за новороденото или од подоцна, пример по месец дена да се почне со користење? Дали на толку мало бебе му е потребна или не? Да не му пречи евентуално?
Бебе првиот месец не гледа баш јасно, така што после еден месец може да се закачи. Стимулативно е, гледа облици и бои. Корист од него има до шестиот месец.
Му ја пуштавме вртелешката после десетина дена. Иако на почеток не ја гледаше, се смируваше од музиката. Сега 4+ кога ќе ја пуштиме скока од радост затоа што го знае звукот. Веќе после месец дена ги загледуваше авионите (нашето е со авиони и хеликоптери)
Да ве прашам , дали ќе ми треба аспиратор за носе уште од почеток во првите денови? И кој е подобар гледам има различни форми?
Првиот. Од кога ќе ти треба од бебето зависи. Изгледа јас сум единствена што не користам тетра пелени за ништо. Кај треба да постелам нешто памучни ќебенца постилам. Така ми стојат дома тие што ги купив.