За овој се одлучив, само не го купувам одма, здравје да се породам А уште нешто да ве прашам, Колку шишиња би ми биле потребни за почеток и какви? Се мислам за томи типи да земам едно стаклено и две пластични, доволни ќе ми бидат?
Исклучиво стакло земи за мало бебе, едно ти е доволно ако планираш да доиш и малечко нека биде. Секако не зимај повеќе од едно, имај на ум дека се докупува, а не се враќа Исто и аспираторот, ќе го зедеш кога ќе ти притреба, сегде ги има
Дали купи за да ми дадеш препорака? Гледав една во Енци Менци пластична со индикатор за топла вода околу 600ден и плус сталак за истата мислам 1600ден. Се мислам денеска да одам да ја купам.
Супер А кажи ми дали купи некој додаток како тој сунѓерот или тоа едно друго (не го знам името) да го легнеш и да не се лизга бебето, претпоставувам така се бања главчето му го држиш, а телото во вода.
Купив ама сеуште не е испробана )) Здравје за 1-2 недели. Зедов од енци менци када со тој делот за истек на водата, сталак и делот за да не се лизга бебето. Сунѓерот не го зедов, кој ќе го суши, уште него дс го мислам
Го земав и тој дел,ама 1 месец го користев, проблемот беше што го нарачавме онлајн и кога се роди бебето, после еден месец од купување го ставивме во кадата ама вакумот на тој анатомскиот дел не лепеше и се мрдаше. За замена веќе беше касно. Откако го тргнавме ставаме голем пешкир за да го подигнеме главчето и уште поубаво му е на бебето,цело тело му е во вода.
Правите муабет за кадички, оваа дали е добра да ја земам? Сакам и да прашам за бебифон дали да земам, живееме на спрат ние сме горе, ама за јадење се симнуваме доле, е сега сама останувам дома скоро секогаш, па се мислам дали ќе ми треба бебифон ако спие бебето а јас да треба да се симнам доле за било што?
Овие се истите како во Енци менци. Добри се. А за оставање на бебе,кога е буден а ми се оди во вц во релаксатор со мене го носам,а кога спие оставам врати отворени и брзо се враќам. Не знам дали би можела да одиш горе доле ако си сама..
А си видела ли некаде бебифон? Гледав на нет ама со видео се и 5000ден. Тоа ми е скапо за бебифон. И сакав друго да прашам. Планирав да купам количка со транспортер и корпа откако ќе се породам ама сега се освестив дека ќе треба од болница да го изнесам во раце, па малце шубе ми е заради безбедност. Сите ги носите дома во транспортер?
Па искрено не познавам некоја да се породила и в раце да го износи бебето од болница, ако веќе си во план да купуваш покасно количка, бар купи корпа
Онлајн мм го нарачал,ги има по оние пазар3 и реклама 5.Мене многу ми врши работа за денско спиење,Го оставам сам уклучувам камера и си бркам работа
Да ќе ти врши рабoта бебифoн. Нас и гoсти да ни дojдат затвараме врати затoа штo бебе пoчна на секoе трoпање да се буди. Истo и дoбра рабoта е камерче преку апликациjа и гo гледаш и слушаш бебе ама треба мнoгу дoбар интернет. Гo детектира секoе негoвo движење.