Нарачав тетра од еден профил по 70 ден една на алкалоид. Нарачав 20, доволни ќе ми бидат? Може да ми кажете за што се користат?
Доволни се. За бришење, да му го ставиш на кревет пред да го налегнеш, за покривање во лето, да му го ставиш под вратче додека цица, место лигарниче. За се може да се користи.
Во веро гледав 4 или 5 во паковање пелени подебели од тетра пелениве, по квалитетни по цврсти, многу убави дезени беа, околу 500 ден. За што се користат тие? Сакам да си земам или да не трошам ако нема потреба? Веќе земав 20 тетра.
Го имам првиот од Чико тој 395 ден што е, точно покажува, ректално мерам. @Veki4kaa доволно се 20 тетра, 15 месеци јас уште ги користам а за аспиратот првиот и купи си го пред да се породиш секако ќе ти треба, често на малите бебиња до 2 месеци му се затнува носето, често го користев и уште го користам. Имај си дома, нема да остани неискористено. Незнам кој пиша за бејби фон, јас користам камера, 2500-3000 ден да не беше нз не памтам, најкористено нешто е секој ден ја користиме, работи со ВиФи кај и да сме го гледаме
Јас со ножичка не успеав да пресечам нокте ,мислам ноктарица е подобро. Немам искуство ни со од чико ни од другото,но со првото има и ножичка и ноктарица па ке пробаш ако неможеш со ножичка .
Јас па се навикнав со ножички,сега веќе се иступени и некако тешко ми оди со ноктарка. Земи сет што ги има и двете па ќе видиш што ти одговара.
Фала виии , ќе го земам сетот. @Happyinlove @Sofi.ja а за бањање на бебето за полевање вода што препорачувате обичен бокал или некој посебен за таа намена? ова го гледам исто на бејбионо, многу слатко ми делува и практично - со 3 отвори на проток на вода.
Интересно е,ако го има некој нека пише дали е практично. Од пластичарска улица купивме кофа со неа одеше и едно пластично садче со рачка за посипување вода,ама малку вода собираше тоа па земав обичен пластичен бокал.
Јас ги имам ножичките од чико и сум презадоволна ги користам од самото раѓање па се до денес малата ми е 9 месеци
За бањање во коритцето ставате нешто некоја подлога? Овие ги гледам , незнам дали се неопходни или може и без нив?
Ако го бајнеш сама може да си земеш за да го легнеш за напред да го исполиеш, ако го бајнете двајца нема да ти треба, еден ќе го држи а другиот ќе го полива. Го имав вториот модел и го користев кога ја бајнав сама.
Гледав неколку видеа како се бања новороденче, еден го држи малото го главчето надолу а друг полива, така да за почеток мислам дека нема да ти треба вакво нешто