Јас сум за подлога ама не од овој тип.Ова е сунѓер ако не се лажам,тешко се суши и е идеален да се размножат бактерии. За можење без него апсолутно се може,поготово ако двајца го бањаат бебето..
јас со чаша пластична го полевам, шо знам, не гледам потреба од специјална докулатка за полевање бебе не е практичен сунѓерот, поготово коа ќе се нацица вода, од коа почнав да го легнувам пешкир поголем му ставам под главчето како ролна свиткан, друга подлога не користам.
А дали мислите дека мрежите што се ставаат на корито се практични ? Купив да си имам и од кој чај за доилки сте задоволни ? Дали купувате пред или по породување ?
На мене не ми се практични и затоа не купив ни за двајцата. Маж ги држеше а јас ги бањав. Чај за доилки не пиев. Немаше потреба. Со првото за брзо време снемав млеко, а за помалото имав во изобилие.
Јас имам мрежа но ја искористив само еднаш. Не е баш практична, исто така имам и сунѓер и навистина не би препорачала на никој ,прво ја впива цела вода, па тежок е за сушење,собира бактерии... најдобро е еден да го држи друг да полива, дури е малечко
Практични се, ние ја користевме до 3м, после со пешкир директно во коритце. Земи си и чај за доилки, јас пиев исто на Хумана. Ќе го пиеш по породување.
Сакам да ви кажам мислење за чаевите, најбитно е да пиете доволна количина на течности , чаевите нема да ви произведат додатна количина на млеко, тоа е само еден продукт плус на кој што произведителите добиваат додатни пари од мајките кои дојат а не ги хранат бебчињата со формула, значи пијајте вода, чај било каков,наместо 1 чинија супа јадете 2, и без стрес нервоза, цигари доколку е можно воопшто да не конзумирате, и тоа е се што ви треба за доволна количина на млеко, како и задолжителни поручек ручек и вечера . Во секој случај млеко ке ви произведуваат жлездите онолку колку ке троши малечкото
А вакво дали ќе ми е потребно за во кадичката за полесно бањање наместо сунѓерот погоре што го постирав?
Некои корита доаѓаат со ваков додаток. Се зависи дали сама ќе го бајнеш или ќе имаш помош околу бајнањето. Ако имаш помош нема да ти треба затоа што еден држи бебе а друг полива. Ваков дел користев од некој си 8месеци кога ја префрлив во када, ја легнував на него и ја бајнев, го користев скоро до 1.5година. Е сега јас ги користев и овој додаток и сунѓерот ама јас немав помош околу бајнањето, бев сама поголем дел од денот, некогаш се случуваше и два дена да сум сама а бебе мора да се избајна .
Има во продавниците за долна облека постелнини и слично,како на пр. Тетекс, ситник, има и во продамниците за бебиња.
Фала девојки за искуствата за мрежичките , не ми стигнуваше нотификација затоа покасно се заблагодарувам ***
Здраво мајки, се мислиме долго време за вакво креветче. Но, сега не предомислуваат за стабилноста на истото. Има ли некоја искуство со вакво креветче. Имаме и дада од 4 год па малку ме фаќа страв од превртување и слично
Го имаме на КикаБоо истото само жолто. За стабилно е стабилно само ти треба убав цврст душек, тој што иде со него е многу лош и мек. Рипаат на него гајле нема