1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што сè кажавме додека се пораѓавме?

Дискусија во 'Бременост' започната од Snow-Queen, 7 февруари 2015.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    14.971
    Пол:
    Женски
    Породилната болка се вбројува во најболните нешта што една жена ги поминува во животот. Тоа е момент на агонија, момент кога „се соочуваме со смртта“, момент кој да не би имал толку голема причина да се помине, секоја жена би го прескокнала. И откако ќе го земеме бебето во прегратка- се се заборава! ...какви се реченици Ви имаат кажано дека кажале, или кои беа вашите реченици?

    Моја: Ахх...у брзо време ја овде никад више.
    Каде си сега да видиш што ми се дешава.
    Готово ќе умрам, ја за ова не сум.
     
    На Petra777, Lolo5, Maceto123 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.775
    Допаѓања:
    25.317
    Пол:
    Женски
    Додека се пораѓав со постариот син, најмногу што зборував беше:

    - Ме боли,
    - Не можам повеќе,
    - Пораѓајте ме со царски.

    Цело време го пцуев маж ми во себе.

    А кога се пораѓав со помалиот син молчев кога имав болки, се до 20 минути пред да се породам.

    Тогаш зборував само:

    - Не можам повеќе.
     
    На flawless_, Petra777, Lolo5 и 6 други им се допаѓа ова.
  3. iva78

    iva78 Активен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2015
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    54
    Пол:
    Женски
    Hihi jas veke neznam sano pamtam deka pcuev mnogu I koga se porodiv rekov nikogas pojke sigurno site toa go rekle pa pak imale zelba za drugo dete:)
     
    На Lolo5, Maceto123, PUPICA и 3 други им се допаѓа ова.
  4. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.669
    Допаѓања:
    19.750
    Пол:
    Женски
    Vo tie momenti najveke kazuvav-ne jas nemozam nema da mozam :| pravete carski secete delete ama nemozam veke :D na mm mu vikav molci bre ako bre molci :D davaj toa rakata vamu :D
    Sega se smeeme ama togas bese tesko :)
     
    На Lolo5, makedonkamak, angelche16 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    14.971
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно во себе беше и пцуењето и дека втото нема....а сега желбата самата си доаѓа.
     
    На Lolo5 и okcenzi им се допаѓа ова.
  6. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    17.436
    Допаѓања:
    272.517
    Пол:
    Женски
    А јас држев докторката за рака и велев : готово умирам :o
    Кога само ке ми текне колку паничев...
     
    На Lolo5, Maceto123, okcenzi и 4 други им се допаѓа ова.
  7. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.975
    Пол:
    Женски
    Интересна тема:)
    Да, после првото реков дека второ ќе родам само со царски и после 5 години , а додека имав болки пола саат пред порагај им се развикав на другите кои само кутеа на цтг: а бе нели ве боли вас, што ќутите вие? И добив одговор дека немаат болки уште никакви..
    И цело време: оффф леле мајко.
     
    На Lolo5, makedonkamak, angelche16 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.229
    Пол:
    Женски
    Јас сум породена со царски и тоа без болки па не можам да кажам ништо лично на темава.
    Ама откако се породив и ме ставија во шок соба ја слушав жената која беше 2 дена со болки а никако не и правеа Царски.
    „Да ти се плукнам во докторите. Дојди ваму да те плукнам!!! Два дена бебево не излегува а вие ме мачите. Сите органи ќе ми излезат а бебето го нема! Правете ме Царски, не можам да издржам веќе!„
    А некоја друга родилка и вика
    „Е добро бре жено и јас раѓам, па не ги плукам докторите за тоа што мм ме напумпал„
    Толку слатко сум се смеела, не можам да ви објаснам. Тие мака си имаа ама ете смешен ми беше муабетот.
    Истата мајка ја ставија во мојата соба откако се породи и 4 дена плукаше по докторите.:lol:
     
    На poi, thelittle17, Dianas и 17 други им се допаѓа ова.
  9. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.759
    jaka tema :D .. uf jas imav slini bolki skoro 24 casa pred da se porodam pa mozete da zamislite sto se imam iznakazano,osven da se deram na mm mi,da panicam,da placam i vikam i se so red.. lele koga ke mi tekneahaha i jas rekov deka nejkam vttoro,dosta e samo edno oti imav mn silni bolki ..a koga se poragav bev polna so energija i edvaj cekav bebus da si go vidam !!!! no ete pominaa tri meseci skoro i zaboraviv na tie bolki ama nejkam vtoro ahahaha
     
    На Lolo5 и makedonkamak им се допаѓа ова.
  10. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    2.754
    Допаѓања:
    91.496
    Пол:
    Женски
    Interesna tema...iskreno kako niz magla mi e poroduvanjeto,iako bese pred samo pet meseci."Majko majcice,boliii,aloooo vodaaa a be dajte mi voda umiram" ovie nekolku zbora gi vrtev non-stop,i deka ustata mi bese barut suva od derenje i zamor,prejdov na grizenje raka haha sega mi e smesno a togas rekov gotovo ke se umre iako sinko se rodi za dva saata,najskolski I demek lesen poragjaj,tska mi zborea...a jas si znam kako mi bese :sweat::sweat::sweat::D:D:DI jas sum od tie,vtoro?ne,blagodaram ;) P.S.koleska moja vikala"ke vikam policija" haha,nema bolje
     
    На Nefertiti., CoCoGiiiRL, Petra777 и 12 други им се допаѓа ова.
  11. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.664
    Допаѓања:
    11.443
    Јас завршив на царски со првото, ама сите болки си ги истерав до крај. Многу бев смешна, јас бев настроена кон себебодрење. Ајде, уште малку, сите се родиле можеш и ти, не бе, не те боли, за еден саат е готово, ветувам. На кого ли му ветував црна јас, си се расправав со некој внатрешен глас. :D После погоѓај, иста бев. Ајде, можеш ти да станеш, ајде, сврти се, ајде до кај сестрите пешки, и такви ми ти глупости. Кога ќе ми текне, се смеам ко блесава. Сега за второто, се надевам дека ќе бидам исто така бодречки настроена, нема ваљда да зблесавам па полиција да им векам. :D
     
    На poi, Thallia, Petra777 и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Oneo

    Oneo Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2014
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    7.080
    Пол:
    Женски
    Леле кога ги читам коментариве страв ме фаќа :lol:
    Иначе мене рано ми е за тоа но еве една убава мисла во врска темава : Болката и маката на мајката при породувањето се ништо срема чувството кога прв пат ќе го земе своето дете во прегратка. ;)
     
    На thelittle17, momtobe*, Lolo5 и 6 други им се допаѓа ова.
  13. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    14.971
    Допаѓања:
    84.745
    Пол:
    Женски
    Ме болеше мноогу го стискав чаршавот со сета сила кога ќе осетев контракција и викав леле неможам повеќе , се обидував да не плачам , викам колку што можев :D и цело време им повторував на докториве дајте ми вода , вода ,водаа!!!!! зашто устата се сушеше ненормално а не даваат вода кога треба да се пораѓаш, mislam deka ova so vodava najgoлем проблем ми беше :D
     
    На Lolo5, LoOnyD и makedonkamak им се допаѓа ова.
  14. maweja

    maweja Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2014
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    324
    И со првото и со второто знам дека си пцуев во себе, ама уште на почетокот сама на себе си ветив дека нема да изустам ,,Не можам'', си викав ,,Мечка страв,мене не страв'' :D
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.705
    Допаѓања:
    4.989
    Пол:
    Женски
    хахха јака тема браво !
    Сеа се смеам додека ги читав коментариве и додека ми се враќа филмот за тоа како „урлав„ на болница.
    Се сеќавам дека барав вода цело време.
    Пред самиот крај мислев дека умирам и го преколнував докторот „Сакам анестезијааааа„
     
    На Lolo5 и PUPICA им се допаѓа ова.
  16. Vertigo TJ

    Vertigo TJ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2014
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    Збор не изустив. Не знам дали мојата болка била неспоредливо помала од онаа на останатите или имам некој превисок праг на толеранција. Знам само дека се спремав за трето напнување кога сестрата рече: -Готово, браво мајка! -Готово? WTF?
     
    На martty06, SofyS, Tokio12345 и 15 други им се допаѓа ова.
  17. lavaleta

    lavaleta Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2011
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    67
    Neznam dali e do koncentracijata, pragot na tolerancija na bolkata ili pak sum imala srekja - no jas imav relativno lesen poragjaj...onie jaki bolki gi imav 3 casa no iskreno ocekuvav da bide postrasno...znam samo deka mnogu pati napnav i edno vreme pocnav da vikam aman ke izleze li nekad sin mi :) Koga se rodi prestana sekoja bolka :)
     
    На Lolo5 и bella.s им се допаѓа ова.
  18. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.556
    Допаѓања:
    25.823
    Хахаха јас им викав на тие таму “Вие не знаете како боли“ и они ми се изнасмеаја и само рекоа “Да, ние не ги родивме нашите, нас штркот ни ги донесе“.
     
    На martty06, flawless_, piksooki и 17 други им се допаѓа ова.
  19. flowersss

    flowersss Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    109
    Пол:
    Женски
    Jas od mnogu bolki pocnav da gi vregam glupavi vakvi nakvi i babicata mi se naluti barav voda vikav da me nosat na carski ke platam so treba duri ke gi castam i na kraj poslednite pet min se izgubiv pocnav nesto da bladam i slusav vikaa sestrive so se zakuti ovaa bruk nevideni se nadevam koga ke imam vtoro podobro ke pominam...
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. AnaMadam

    AnaMadam Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2014
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Се изнасмеав... :D:D:D:D
    Јас не кажував ништо зашто се породив царски :) меѓутоа имав толку многу тешка и лоша бременост што секоја мин ја броев до пораѓај и си викав дека раѓањето ке ми биде најлесно на сета мака што ја поминав...
    И додека бев трудна и отпосле си викав дека следните 10 години не сакам пак да го поминамм истото :D
    А сега... сакам уште едно :D
     
    На thelittle17, CoCoGiiiRL, Lolo5 и 2 други им се допаѓа ова.