Tuuu,ja taman se izraduvav,eve novo smeenje ke citam ama nisto...P.S.ova mi e edna od najomilenite temi ama slabo nesto feminkive raskazuvaat
Лелеееее јако ова со полицијата, Сноу кај ти текнуваат темиве.... Јас во принцип имав многу лесни пораѓаи, освен со првото заради провокацијата болките беа многу појаки, кога се породив прво им реков "толку од мојот придонес за наталитетот во РМ"(а после родив уште 2) а докторот (врската) ми вика ај не се занесувај глумиците на филм повеке ги боли.... И имаше една во предродилна цело време го колнеше мажот, само се дереше, убаво ти е тебе а јас тука ке умирам, ти уште еднаш што ке легнеш со мене, ова-она да ти биде..... и после една недела(заради жолтица) заедно не пуштија и она го гушка мажот и му се смешка, е тогаш си помислив да му кажам што се имаше треснато во предродилна
Јас не кажав ништо, бев од послушните Трпев и трпев, и си ќутев. Дури и културно му одговорив на докторот кога влегуваше кај боксот на прашањето: Како си китен?, а јас: па не сум баш најсјајно. И кога ми викаше- ајде сега напни-, а тој целиот качен врз стомакот и ме стиска, јас му викам: неможам, чекајте да земам воздух. Дури и во такви моменти не дозволував да не бидам свесна и да почнам да кажувам работи што не ми доликуваат. Ептен сум од тие што се устручаваат
Јас на никого лично немам кажано ништо, ама наглас сите светци и Господ ги дозивав да ми помогнат. Мислев умирам Ово баш пред сам крај. Со мене во собата беше еден млад доктор, апсолвент, а јас клечев покрај боксот, и дури таква во болки можев да го препознаам неговиот поглед, де се чудеше, де му беше страшно изгледа Знам дека му барам вода да ми даде, тој ми кажа дека не може вода, сфатив дека не смее а зошто не знам. Не можев да се карам за вода, немав сила. Стоеше наслонет на прозор, бидејќи "мааалку" само тропав по боксот од болка, можеби човекот сметаше да сум опасна по себе па во секој случај стоеше таму да не искочам После тој ме шиеше и кога ме прашаа за име за бебе, јас кажав и дека по на мм предлог највеќе беше името, тој дури испровоцирано кажаа: ти се мачиш, а мажот име дава Навистина му изгледа изгледав страшно .
Јас викав: Дајте ми нешто што ќе ми ги смири болките! Барав да ме породат со царски.. Ме оставија сама на бокс и ме фати паника, па викав: Има ли некој? Ме заборавивте.. Јас се пораѓам..Абе јас сама ќе се породам, нека дојде некој.. Сега ми е смешно, тогаш воопшто не ми беше. Пред да се породам сакав децата да ми бидат мала разлика, сега викам рано ми е за второ.
Хахахахах темата е добра ме изнасмеа до солзи, мене наскоро ме чека такво нешто, али ова со полицијата од стол ќе паднев од смешки Сега кога ќе дојде ред за пораѓај ќе ми текне на тоа, па во тие маки може ќе има и простор да се насмевне човек
e jas mirnicka si bev i si se tesev sama so bolkite, si vikav ne! ne! ne! koga kje me fatese bolkata Se do poragjaj bev mirnicka i na poragjaj si viknav malku i se do togas ne navrediv nikoj, samo imase edna racka desno i sakav da se drzam za nea, a mi ja trgaa rakata i im vikav ama sakam da se drzam tuka e posle koga zema da me sie doktorot na zivo koj celi 12 saati od koga me primi me trpese, go oterav u pm ne sakam da me sies tiiiii! Begaj dosta me boli, nemozam! Begaj! i zagreota se trgna, dojde drug da me sie Go barav da mu se izvinam posle ama mu zavrsila smenata
Leleee solzi mi potekoa od smeenje sreka i jas sto ke se poragjam carski uff mnogu sum plasliva za vakvi raboti..mene me boli sekoe odenje na ginekolog, a pa za zemanje bris sum skokala od stol Daj neka pisuvaat i drugite vakvi iskustva iako ne se bas za bodrenje za onie koi treba da se poragjaat normalno...
Со оглед на тоа дека мн лесно поминав, не зборев нешто мн. Ама се сеќавам дека се карав со една стажантка за да ми каже каде е wc-то, а таа запнала ќе ме прегледува. Испадна дека не ми се одело во wc туку бебо почнал да излага
Не бев ич зборлива, само -АААААААААААААААААААААААААААААААААА ААААААААААААААААААААААААААААААА ААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААА...и така отприлика еден час, со мали паузи колку воздух да земам.
Од што ги слушав тие околу мене на боксовите како ,,рикаат,, и како тресат зелени јас молчев. Не да болеше, мислам дека се распаднав од болка (како и секоја родилка впрочем), ама успеав да не зуцнам.
^ Јас па не можам да сфатам како може некој глас да не пушти, имам пријателка исто вели во себе си држела. Како можеш таа болка во себе да ја задржиш, ако не викав мислам ќе пукнев. Па ме интересира зошто, срам ли ви беше да викате? И ако да, како воопшто во тие моменти размислува некој за срам-несрам?
Ми беше срам..да !! Ги слушав бабицит како се бијат шега на сметка на ,,викачките,, и ме фати срам. Знаеш и сама колку боли моментите пред да родиш, ете јас од срамови ќутев. Кога дојде време да излага бебето дојде докторката и на бабаицата и вика - ,,како е...,,(демек дали сум била мирна) оваа и вика - супер поминав, соработува со мене. Абе иди бегај - се собрале 6-7 луѓе околу тебе сеир фаќаат... Не да ми се викаше..ауууу...
Стандардното.. бпли, умирам, не можам да дишам, не можам повеќе... и после 12 саати ужас клекнав на колена на докторката и и велам ве молам царски напрајте ми, ке потпишам дека сама барам.. а таа ноншалантно па секако дека ќе потпишеш, него мм што им изнареде е тоа се зборови, ме мачеа со саати без на ехо да видат што е прпблемот, заглавено бебето во коска со носот, наопаку свртено, среќа живи здрави сме двете
Imam pisano so prvoto, a sega so vtoroto bidejki veke me kacija na boksot skoro 9 prsti otvorena a jas normalno funkcionirav, samo nesto zapitkuvav: po kolku vreme kje bide, kolku e toa brzo, pa koga doktorka me pregleduvase i i kazuvase na sestrata informacii za mene ne razbirlivi, jas samo prasuvav: a toa sto znaci, a sto e toa, na kraj mi veli doktorkata: ne ti zboruvam na tebe vo prevod, ne e tvoja rabota Pa edna sestra akuserka sto me primi da me poroduva, Gospod se najubavo da i dade. Tolku smirena, me bodrese, mi pravese muabet, koga trgna da izleze nekade, a jas vekje pri samiot kraj, me fati panika, i vikam ne idi nikade, panika me fakja! I taa se vrati i mi veli: tuka sum, ajde uste malku. Mnogu mi znacese. E vekje koga dojdoa naponi ne se sekjavam dali vikav, mozebi, ama ne se derev, i vikav na sestrata da go vadi bebeto, a taa mi velese ajde uste dva naponi predisi i gotovo. ama bese neizdrzljivo, pa i vikav: a ne ne, ne mozam, turkam i taka brzo bidna. Vo rok od pola saat bev vo bolnica, pregledana, kacena na boks pravo i porodena, ama so site stignav muabet da napravam. Ne mi se veruvase i na mene, nekako mi dojde iznenada, pravo na boks, valjda bev zbuneta i sama. Edna sto me siese duri mi velese i jas sakam da ragjam, kje ja batalam i specijalizacija i se. A da se nadovrzam na muabet, stvarno gi ima koi sto rikaat. Ok da si vikas do nekoj stepen od bolka, i ne znam kako moze nekoj da bide tivok, ama sto gi imam slusano nekoi zeni, toa vo trans pagjaat, samo si nastetuvaat povekje, niti mozat da gi slusnat akuserkite, nitu da sorabotuvaat, se gubat bukvalno i povelje gi boli taka.
Јас не држев во себе, едноставно не чуствував потреба за викање...Со правилно дишење си ја контролирав болката, а и имам висок праг на толеранција на болка. При самото раѓање додека напињав немав сила збор да кажам, камо ли да викам. Јас пак им се чудам на таквите што викаат и искрено многу непријатно беше чуството кога ги слушав како се дерат, а јас сеуште непородена. Како во хорор филм да бев.
^ Вo ред, и јaс не викaв кoгa нaпињaв нa бoксoт, тoгaш ми се чини вooпштo бoлкa не чувствувaв, aмa бoлките пред пoрoдувaње беa неиздржливи. Непријaтнo е дa викaш? Дa, дa, пoрoдувaњетo е бaш мoмент кoгa рaзмислувaш штo е пријaтнo a штo не
Jas srekja ne slusav derenje bidejki nemase pred mene sto se poragjaa iako bev vo predrodilna sala 6 saati samo koga me donesoa imav malku neubava gletka, otvorena salata za poragjanje i na boks samo sto porodena zena, rascepatena... Samo toa mi falese bas pred poragjaj a jas ic ne se sekjavam dali mnogu vikav, ama znam si viknav taka malku... isto i posle mene nemase zeni za poragjanje, ne sum isplasia nikogo kako i da e Tek od boks koga me simnaa, donesoa edna sto lezese so mene na patoloska
Ау, тука муабет се разврзал за срам, не срам од викање. Море викајте ако ви се вика, каков срам! Јас па не знам како може за срам да размислувате во тие моменти. Мислам... знаете сите како е таму. Кој стигне ве гледа, пипка и сл. а вие сеуште за срам размислувате?! Really?