Со вториов пораѓај не викав, си ја гризев раката при болки зошто молев господ да влезе некој да ме погледне, зошто ако викав ќе си велеа рутина. За живо чудо не викав дека нема више дека ќе види маж ми и слично како со првото Буквално со второво само барав помош и молев да ме породат зошто не ми веруваа дека имам напон.
И јас вториот пат така постапив. Ми доаѓаше да врискам и да пцујам, ама се воздржав. Си реков - нема да врискам, па што сака нека биде. После пораѓајот се се заборава, ама во тие моменти на напнатост не размислуваме што кажуваме.
На вториот закажан царски поминав преубаво На третиот пораѓај имав трет царски и за прв пат со спинална. Ми ставија анестезија, ме наместија и почнаа со работа. Осетив студ и пецкање, чувствував како кожава ми крцка од ножот и блага топлина кога ме облеа крв и почнав да викам " луѓе, чувствувам, не делува анестезијата, прекинете, дајте уште една доза " ...паничев и плачев, се тресев. Некако ме смирија, се помирив дека е така, некое чувство само не болка... И разговаравме со докторката и анестезиологот за да ми оттргнат мисли. Кога анестезиологот ме праша дали мајка ми ми помага со децата толку ме заболе и ми мина филм низ главата и од тррсење и липање занемев . Тогаш докторката се вклучи и раскажуваше за мајка ми, која е почината, и се знаеја лично со неа... Кога го слушнав плачот на син ми почнав да плачам погласно од него.. Ахх какви емоции се тоа!!!!
Ја само им велев на сестрите "кога ќе заврши" "уште колку"? И ги дрпав по мантилите, немав кај да се држам Викнав само кога излезе беба. Море се раздрав убаво штом свеки ме слушнала до надвор
Јас на докторката кога ме праша дали сум добра у предродилна и реков, ми се пие кафе. Вика, ај породи се па ќе пиеш сега нема. Кога ми го пукнаа водењакот се извинив оти маше вода насекаде срам ми беше. Кога бев на боксот напнав првиот пат и ништо не се случи. И бабицата вика, ајде напни силно го гледам бебето, ќе го угушиш ако не напињаш. И јас место да напнам викам, а ти го гледаш бебето???? вика, ехеее од кога, да знаеш колку коса има. И тогаш собрав сила за следен напон, иначе мислев бесцелно е. На моб му пишуев на маж ми муабети и кога имав болки не викав туку пишував аааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааа и после, помина сеа Имаше една врескаше а болките 30 покажуваа, јас на 100ка си ќутев. До мене девојката и вика, ај бе девојче не врескај остај муабет да праиме сите не боли, оваа вреска дома сакам мама ја сакам не раѓам денеска боли утре ќе дојдам царски умирам сестро глупа ќе умрам не ме гледаш болиииии умрев готово мама да дојде, доктор глуп царски дај тебе не те боли, каишиве вадите шо ме стегате.... сеа ми е смешно ама тогаш ми идеше да ја треснам.
Јас само прашував бебето дали е добро зашто имаше некои проблеми. Ги гледав си шепкаа нешто, па ваква позиција, па цтгто и после секој напон, а бебето добро е? А добро е? Таа само ми викаше, супер е, ти супер си, ајде уште некој напон. И вода барав, леле колку ми се пиеше, ми се чини буре да ми дадеа ќе испиев. На крајот само ми рече, ајде со овој напон раѓаш. Јас цела возбудена, стварно??? Собрав сили и реков ајде, идеме! После напонот излезе срцката, па на бокс ми го дадоа шишенцето вода конечно да се напијам.
Skoro nisto ne zborev, pobarav voda ednas, i rekov na doktorov abe trebase carski da ideme cim ne saka da iskoci i tolku bese ne vikav , ne pcuev a, da malku i dosagav na akuserkata ja prasuvav postojano sto mi stava vo infuzijata i za sto sluzi toa
Хаха сама на себе да си се изнасмеам прво бев на бокс па завршив на хитен царски. Ме носат во родилна сала и слушам една вреска друга пишти трета се дере оф мори мајко кога ме фати една паника еден страв се изгубив седнува сестрата ме прашува име и презиме јас ја гледам како теле и викам не знам хаха како бре незнаеш е така фино лепо појма немам ама те прашувам како се викаш а јас упорно не знам бре не знам хахахаха сега се смеам а тогаш...
Јас само знам дека за целите болки (од дома до болница) си офкаф у себе дур можев е после на глас а во себе каде се не го отерав мм и што се од фамилија не му поздравив... и коа ме ставија у количка од патолошка да ме носат на породилно, мм со другарму пред врата чекаат и коа мм ме виде ми вика абе јас ти донесов влажни и влошки а јас само: мене ме носат после мм ми кажа дека коа сум му рекла така цела бледа сум изгледала ко на колење да ме носат а не на пораѓај и од коа се породив уште така возбудена на мм му се јавувам и му викам: абе бебо запна со ушите на излагање (дека мм има малце онака големки ушиња)а од таму го слушам и него о другарму се газат од смеење а уствари јас заборавив дека докторкава уште ме шие па све слушнала и се смее абе упм...
Ај бе нека каже некој па зошто не смее вода? Јака ви душа! Ахххх, жени... Ја пијам по 4l вода и без вода куќа не напуштам, што значи за вода ќе умрам. Мајка ми ми има кажувано само како офкала: аааа мамо, аххх мајко мила " Докторката и рекла: А кога ти беше убаво, мајка ти ја бараше? Епа крај.
Зошто да не може вода? Јас се породив во Австрија и кога појдов во болница ми дадоа 3 пати да јадам и си пијав 2 пати кафе и испив премногу вода околу 5 литри. И на бокс пијав цело време вода. Мажот ми стоеше до мене со чаша вода и си пијав со цевка Уште вода да не ми даеја и ќе умрев 24 сати без вода.
Цело време си ги трпев болките без а да кажам. Во собата 2те жени и акушерката ми кажуваа да викам, да не се стегам, ама не сакав. Кога се качив да раѓам почнав да викам ааааааа . Кога ми кажаа да напнувам реков Чекај прво воздух да си земам. А кога ме стискаше болничарката и кажав Тргни се сама ќе си напнувам. Ништо друго не сум кажала
Вториов пат дека итен царски завршив, многу ми беше страв да не не ми фати спиналната, па да осетам кога ке ме пресечат Мада кога прекинаа болките од јаките контракции сфатив дека проделува убаво.. но пак во паника прашав една сестра/докторка/анестезиолог врска немам што беше.. Почнаа??? Кога ке ме пресечат? Почнаа ли?? И ми се сврти ми рече, тие ке завршат уште малку ти дали почнале др ништо посебно не реков...
Јас од страв да фати ко шо треба, нели не допираа со коцки лед и ме прашува анестезиологот осеќаш ли ова , па ова и јас цело време да,да дури и кога не осеќав му викав да .
Блазе тебе, јас на плус 40 не ми даваа вода. Една сестра имаше ми ги влажнеше усните со вода од време на време. @Petra777 Зошто не смее вода и ден денес не знам. Инаку пред да се качам на боксот кога лежев со цтг уклучено на мене знам само и велев на сестрата ако умрам од болка кажи му на мм дека многу го сакам. И само тоа зборував пред да ме качат на бокс. Таа ми се смееше и велеше дека никој не умира од ова. Инаку кога бев на боксот само напнував ништо не зборував, знам само докторот извика браво готово, а јас збунета оти готово, излезе бебето. Се смееја сите дојде докторот ме гушнс ми честита да е здрав и жив синот (а јас ќерка) и јас онака во бунило ај не ме заебавај женско е. Тој мртов озбилен абе машко е. Така додека се убедвавме некоја минута машко-женско, сестрите заминаја со бебето јас само викнав абе не ја видов ми ја покажаја од далеку ми рекоја мм слика ќе ми прател ја носеле кај него. Кутри мм бил во ходникот надвор не го нашле, па се врати докторот да ми кажи не го нашол мм. Јас нервозна му звонам на тел со зборовите: "Добро ти ја донесоа ќеркати да ја видиш кај си ти." Тој збунет ме прашува која ќерка, а јас уште понервозна твојата која, се породив јас. (збунет беше затоа разликата измеѓу последниот муабет пред да се качам на бокс и откако се породив беше 8 минути, затоа не стварно му беше)
за ова за водата е точно последно нека сум се напила вода кај 4-5 поручекот се породив 12вечерта вода се напив тек 7-8 сабајлето 5 минути пиев со рака од чешма дирекно и ми беше малце водата шо испага од чешма коа се пораѓав барав вода ми дадоја памук натопен со вода го шмукав за капка две вода за вториот пораѓај од кај 6сабајле па до кај3 поручек не ми дадоја да се напијам ништо тек после се напив вива сок од јагода +цреша ли вишна шо беше незнам ама поубав сок до сега уште не сум пробала нормално сега го купувма пијам ама не е ни пола вкусен ко тогаш хахах да не бидам офф за темава два пораѓаи изтуркав природно без анестезија за второто знам само после секој напон прашував добро е ?како одиме? се е ок?
Кога ме однесоа во родилна, и кога се појави докторот, му реков: ајде БЕ докторе побрзај! Сериозна. Бруки
@kiki_riki јас дури и клима имав во соба Не осетив жештини. И во соба кога ме донесоја, сестрата одма ми донесе бокал со вода до мене, ама не ми се пијаше, препиена бев. Во пред родилна имаше една за царски ја спремаја и таја се изнапи вода пред да ја однесат во сала. Се сеќавам кога ми зачестија болките и притисокот малку ми се покачи ми дојде една сестра со еден лист за да си одберам јадење за следните денови, јас несакав и го враќав менито ама беше упорна и без да читам обележав. Ептен ме изнервира една, таа што ме прими сабајлето и и заврши смената си замина и вечерта дојде пак за 3 та смена. И му вели на мм ти уште си тука, тоа не е во ред, оди излези прошетај, јади, остај ни број ќе ти се јавиме пред да се пораѓа. Мм чутеше а јас и подвикнав и јас сум гладна па што, ќе седи со мене и толку хахаха и она не рече ништо повеќе. А сама со себе си кажував глупости, си велев ах господе зошто ме мачиш Еднаш му реков на мм ех да си бев МК ќе си одев во приватна и ќе раѓав царски немаше да се мачам А за напоните си чутев и ја слушав акушерката.