Да одмори се, и физички и психички. Јас имам еден спонтан и едно предвреме родено кое почина, знам што е болка. Биди силна
Sea posle poragaj koa ke ni tekne so sme kazuvale ni se smee ama na samiot poragaj ne e bas taka hahhaha Posle 12 saati bolki prvo indukcija pa provokacija gospod go vidov hahaha. Znam deka celo vreme placev za carski gi molev ama ne sakaa. Ajde majka izdrzi pa ova se slatki maki aiiii. Na boks samo se derev nemav vozduh jas vikav gotovooooo daj carski nemozam doktoreeee carskiiii gubam svest veke od bolka sestrata mi stava maska so kislorod jas ja vadam i vikam mafni mi se i ti i maskata daj carskiiiii hahahaha Samo toa vikav dodeka napnuvav i mislam deka ja iskrsiv rakata na drugata sestra od sto ja stiskav. Haos.
Сестрата вика знам како е имам родено 3 деца а јас пак. Не незнаеш повише ме боли.. Наместо да кажам: да бев животно до сега ке ми помогневте, јас сум викала вие сте животни ништо не помагате
Пиштев јас, пиштеше маж ми. Плачев јас, плачеше маж ми, тоа во болница, многу и не разговарав, тој ме бодреше. Дома уште кога бевме му реков одмори ти, јас и онака не можам, кај 7 ќе те станам да одиме. Заспа за секунда, после пола саат се вратив, го одскрив и му реков, јас овде со болки ти ко заклан ми спиеш.
Сега ве читам.. како бе уста не сте отвориле? Па болницата ечеше од мене, таа пак бабицата ме остави со маж ми сама, а јас напони. Ее само неа и викав тога да се врати, фуфка ми беше дан ме породи маж ми.
Цело време на мм му викав: Отвори го прозорот,ќе се фрлам жими тебе Го пцуев цело време,му ја стискав раката му ја искршив мислам,ова во апартманот. А во предродилна откако ми го пукнаа водењакот,викав по докторот те молам царски те молам и ми вика нема шанси Се живо диво испопцув ама не ме слушна никој дека имаше една до мене се дереше како да ја колат викаше без здив Алах,алах малах (сега коа ќе ми текне умирам од смеа ) На бокс од 3 пати туркање излезе бебка,не писнав воопшто. И кога ми ја ставија на мене маж ми снимаше и мнг често си го пуштам клипот,и прво нешто викам фала ти боже фала ти и на крај леле колкави нокти има бебево ауу Сега за второво ќе видиме што ќе биде Дај боже да може пак да биде мм со мене зошто овој клип цел живот ќе си го гледам
прво се расправаа кога ме спуштија со количка во салата таа една вика треба место другата и вика нема нели гледаш зафатено е оваа и вика девојчето е отворено спремна да роди сакаш ли тука во ходник да ја породам..и ја симнаа една од бокс ваљда не било хитно..јас незнам дали да се смеам дали да плачам.. и ајде јас да се качам ми вика таа ајде викам како бе ке испадне детето а боксот висок мислам метро ипол и на скали да се качиш леле се тресам... си дремев на боксот ржев како куче среќа маска имав правев фаци некои не се гледаше устата барем кога ме фатија напони и почнав аууу ауу болии а овие си стојат си прават муабет и тој докторот од таму вика девојко ајде потивко што е ова знам дека боли диши само..му викам аа баш ти знаеш како е и почнав да плачам доаѓа таа ме гледа доле се врати таму ја готово напони јаки почнав да урлам аии искачаа и тогаш дојдоа видоа и да ме породат..имав нешто на рака закачено инфузија ли немам појма и таа вика не ја стискај раката и викам ти да не ја стискаш и оп искочи бебе ја уште плачам и таа вика што плачеш сега викам па сега од радост... мислам дека ечеше цела болница од мене али добро помина и тоа циркуси
Ми се моча, ми се повраќа, (се помочкав и повратив на бокс ) ова ме стега, она ми смета, тргни ми ги наочарите, стави ми ги наочарите ништо не гледам, леле ќе умрам, сакам вода, навлажнете ми ја устата, врзете ми ги нозете, лелеле умирам, ааааааа драње како магарица. Ја прашував акушерката дали родила, ми рече не, ама едвај чекала како сум можела да рикам така ова било најубав моменат. Ха ха. Епидурал сигурно со врски ќе добие си помислив. П. С 2 саати дремев на бокс додека скроз се отворам и примав провокација, затоа волку дешавки имав.
Кога стигнав во болница немав болки, отидов само за ехо и ЦТГ, докторите проценија дека мора царски да направат за брзо време. Ги молев и плачев да не викаат екипа, молев природно да ме пораѓаат. Се тресев цела. Кога ми ја ставија анестезијата тврдев дека уште си ги чувствувам нозете, само за да не почнат веднаш. Пред да ми стават катетер се дерев и велев дека веќе сум се помочала. Кога кажаа дека всушност водењакот пукнал им плачев на цел глас. Потоа веќе се смирив и ги прашував што се прави, им велев дека лоша музика пуштаат. Кога видоа дека пак се вознемирувам ја натераа сестрата да ми зборува глупости и да ме опушти. А јас пак дива коза и велам : “Ги знам јас овие ваши финти со муабетите, и јас учам за медицинска сестра. Не се мачете да ме опуштате со муабет, тоа пали само кога се зема крв или се става инекција” Буквално лом ги правев таму и им трескав глупости дека така нема да ме залажуваат, секако не осеќам болки и ќе замарам. Кога го извадија и ми го дадоа бебето да го видам јас се пуштив д аго бакнам. Кога ми го тргнаа пак се дерев да ми дадат уште еднаш да го бакнам. Ама ништо веќе го изнесоа и почнав да ги затварам очите знаејќи дека тогаш ме шијат и нема што да протестирам повеќе.
Јас се породив царски. Додека ме тешеше сестрата од страна ми вика: "Ајде уште малце бебето ќе го видиш." А јас и викам: "Не ми го покажувајте ако е со крв." Таа вика: "Зошто? Па твое си е." Си мислев дека ако го видам со крв ќе се онесвестам. Будала....
Јас бев смешки, се породив во Македонија, а маж ми е од Русија и не знае збор македонски. Ко мува без глава трчаше околу човекот, не знае како да праша, помогне. Јас не бев испаничена, ама нервозна бев малку, тропав глупости. Имам еден колега од Јужна Америка со кој долго работам, а цело време вика на работа "пута мадре" во фазон на пцовка. Кај ми текна тоа, во живот не бев го спомнала, цел ден во болница се дерев путааааа мадре, овие си викаат женава не е со сите. Битно се изгура некако. На крај со маж ми се шокиравме, двајцата плави, излезе црно темнокосо бебе. Пет пати проверив да не е замешано. Сега посветле, знаеме дека е наш Така да на бокс само путаааа мадре и безболно ќе тече работата
Кога ме фатија болки викав по сестрите да дојдат, дојде една сестра и и викам болки имам и таа ми вика па супер така треба и си замина, после тоа како што фаќаа посилни болки јас упорно им звонев на звончето и им викав ве молам породете ме или ќе станам и ќе си заминам дома.. 5 прсти отворена ама бебушко не се симнуваше долу и мораше со царски, целосна анестезија.. И кога дојде време за анестезијата од толку што бев преплашена на анестезиологот му реков може да ми го дадеш рачето мене ми е страв, сите ми се смееа.. А кога траеа болките сестрите околу мене, друга жена со мене во соба а јас го пцуев маж ми, во меѓувреме тој ми се јави јас го пцујам тој се смее и му реков знам интересно е 5 мин ти требаа да го направиш а мене 9 месеци да го носам и сега болки да трпам застрами се.. Искрено во тој момент да беше маж ми до мене кога би можела и би го натепала од толку што бев лута
Ух , со третово лошо поминав , додуша подобро од со второто , ама со синко најлесно ми беше . Како можеше бре , за ниедно од трите ни б од болка да немам , а за двете девојки отворена заминав со третово 3 а со второто дури 7 прсти .. За синот и за третово бебе надминав термин плус 5 дена , за второто на договорен пораѓај отидов ( и среќа , дома ќе сум се породела ако си почекав уште малку ) . Вака почна : Се породив ноќта на 24-ти кон 25-ти , во 02:20 по полноќ ( официјално на 25-ти октомври ) . Се роди здраво женско бебе , тешко 3.6 кг , високо 50 цм . Термин надминат , се јавувам кај докторот да му закажам за 25-ти дека сакам да ме породува со провокација , бидејќи терминот веќе помина . Докторот вели - јас сум вечерва дежурен , доаѓај на породување . Се ова се случува денот на 24-ти октомври . Ајде се средив , и околу 22:30 навечер , отидов . Таму .. веднаш ме ставија на ЦТГ , болки ни за лек . Ниту чувствувам , ниту ЦТГ регистрира болки . Ајде потоа на бокс и вагинален преглед . Отворена 3 цм , докторот проба да ми пукне водењак , но не успеа , водењаков никако не пука . Ајде на инфузија со провокација . Додека течеше инфузијата , може сто пати бев по мала нужда . Извади-стави ми правеа со инфузијата , по што веќе ми беше срам да ги погледнам во очи сестрите . Два часа подоцна , имав многу јаки болки , па повторно на бокс , каде овој пат веќе бев 8 цм отворена и докторот успеа да ми го пукне водењакот . Од бокс на уште едно последно ЦТГ , кое не успеа ниту да почне со работа , само што го вклучија добив болки со напон , толку силни што едвај до родилна стигнав . Во рок од половина час , се роди бебчето . Имам огромен рез , госпожата излегуваше со глава и рака истовремено , странично свртена беше и одвај излезе , мислев дека ќе ја задушам од што немав доволно сила . Среќа се заврши добро . Патем , ова бебе мое , толкави обравчиња имаше кога се роди , што мислам дека од нив ми се заглави малку така .. а јас сирото ситна градба сум , можеби и тоа имаше улога во моето мачење . За викање , викав . Урлав поточно . Кога ми ставаа и вадеа катетар мислам дека највеќе урлав . Дури и два месеци по породувањето , сеуште осеќам пецкање каде ме боцнаа со иглата . За зборување , не зборував многу , само го замолив докторот да ми направи рез , бидејќи со второто лошо сум поминала и на кратко му кажав што се случи . Исто за шиењето викав многу , па ме искараа и им кажав дека таа доза што ми ја ставија одвај на заб ми делува , не па на шиење . Ми дадоа уште една доза , ама џабе , не ми делуваше , секако осеќав се , со се болка . Откако се породив цела ноќ имав многу силни контракции , не можев на нозе да стојам од болка . Дури утрото на визита му се пожалив на началникот ( само тој од докторите и акушерка на смена доаѓаат на визита ) дека цела ноќ имам многу силни контракции , па ми даде терапија веднаш . За среќа терапијата делуваше , па веќе следната ноќ спиев како јагне .
Жива и здрава да е, голема да расте. Само многу ми боде очи тоа со "Синот, второто и третото".. Претпоставувам девојчиња се овие второто и третото..
Јас го пцуев мм аа викам што ми направи болки да трпам тука. Напнав 2 пати и му викам на др носи ме царски вика не може главата му се гледа и уште еднаш напнав и искочи (а дијафрагмата ми беше во аут 2 дена) у меѓувррме удрив болничарка по нос и се сврте малку на жената ама и се извинив после. Породувањето не ми беше толку болно колку што имав болки. Сакав сите да ги убијам. Една сестра ми викаше диши и се вртам ај ти диши кога имаш вакви болки.