Што сè кажавме додека се пораѓавме?

Discussion in 'Бременост' started by Snow-Queen, Feb 7, 2015.

  1. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Joined:
    Jun 30, 2011
    Messages:
    4,899
    Likes Received:
    25,519
    Gender:
    Female
    Ме мрзеше да пишам втората ќерка и третата ќерка , инаку да девојчиња се . Кога ќе свртиш од таа страна , навистина личи како да ги дискриминирам бидејќи се девојки , а реално , се радувам што се девојки , бидејќи машково душа ми извади веќе , а само 6 години има :D . Нагласив погоре дека се двете девојки , ама за надолу ме мрзеше до толку да пишувам , дека долгометражен текстот . Сепак , фала ти на забелешката , ќе се потрудам да ја исправам грешката доколку не поминало времето за редактирање .
     
  2. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Joined:
    Dec 25, 2009
    Messages:
    2,219
    Likes Received:
    15,840
    После подолго напињање и силни напони, едно време и викам на бабицата: Јас не можааам веќе, бебето е големоо, се откажуваам. А на тоа таа ми вели: Па и ти си голема :D (јас слон направена со 20кг качени во бременост). И така ми ја затна набрзина и си продолжив да си туркам :D.
     
    martty06, IRBBB, Turna and 7 others like this.
  3. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Joined:
    Aug 4, 2017
    Messages:
    4,319
    Likes Received:
    19,698
    Gender:
    Female
    Со второво во кола почнаа болките големи, имам пишано во породилни дека само што стигнав за 20 мин се се заврши. Немаа време ни за цтг ни за канила. Излезе на три напони, викнав малце мене после тоа кога ми ја масираа матката ужасно ме болеше и само и ја тргав раката на сестрата и викав доста е боли.
     
  4. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Joined:
    Nov 8, 2018
    Messages:
    2,300
    Likes Received:
    9,305
    Gender:
    Female
    Јас цело време додека имав болки уста не отворав, во себе вриштев и се гризав на раката, ама кога почнаа напоните тогаш им викав 'јас ова не можам да го издржам ве молам носете ме на царски, нели ви е жал волку што ме мачите'.:sweat: И таа докторката што беше цело време до мене ми рече ти сите болки ги издржа сега на крај баш кога излегува бебето не си можела, ајде буткај.

    Пишав за да ја активирам пак темава, се изнасмеав на некој. :rofl:
     
    Oneo, BabyD0ll, martty06 and 11 others like this.
  5. Justify

    Justify Истакнат член

    Joined:
    Aug 13, 2013
    Messages:
    46
    Likes Received:
    163
    Gender:
    Female
    Претпоставувам дека е заради можноста од комплетна анестезија. Доколку нормално пораѓање со епидурална или спинална не е возможно од х причини, мора да направат целосна. Во овој случај, како и пред секоја операција мора желудникот да е празен, при вадење на тубусот може да дојде до аспирација на стомачната содржина во белите дробови-> аспирациона пневмонија.

    Инаку, иако не сум бремена, радо ви ги читам и ги следам мислењата од темиве. They make me laugh Се надевам дека и јас оваа година ќе ви се придружам на породилните искуства. ❤️
     
    martty06, CareTee, abc1234 and 3 others like this.
  6. BabyD0ll

    BabyD0ll Популарен член

    Joined:
    Mar 3, 2011
    Messages:
    2,372
    Likes Received:
    8,328
    Gender:
    Female
    Па искрено ко ме фатија слаби болки бев пресреќна и со секој вагинален преглед се разочарував затоа што се отварав по 1цм на 2 сати.
    Па му викав на маж ми пред време ајде царски одма да им речеш да ме прават, не можам да чекам повеќе.
    Ко ме фатија јаки болки почнав да плачам и да скокам од кревет, викав не можам да истрпам не можам, на маж ми му викав нема второ дете готово, давајте епидурал на 5цм ми ставија епидурал после кога испадна дека морам царски.
    Ги прашвев бабиците, ќе умрам ли ?
    Па им викав дека маж ми ми прави паника пошо го гледав цел испаничен.
    И само повторував ќе умрам ли? :rofl:
    Катастрофа...
    После ми се покачи температурата и само се смирив и гледав во една точка додека ме носеа на царски.
    Ко го извадија бебче не плачеше само направи еден звук од водата и јас фатив да плачам и да викам што не плаче.
    Ама после ми го донесоа и се беше во ред :inlove::inlove:
     
    Oneo, Larahappy, martty06 and 10 others like this.
  7. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Joined:
    Jan 21, 2012
    Messages:
    9,361
    Likes Received:
    18,565
    Сега ја гледам темава, а пораѓајот ми беше пред 15+месеци па малце како низ магла ми е, ќе пишам што памтам за да остане меморирано:D

    Прво доле на прием кога ми рекоа ќе останеш,дајте и спавача реков сега? Ќе раѓам? Почна да ми се затресува устата од трема и мм го пратив да ми отвори историја. Немаше место на патолошка па ме качија одма во предродилна.
    А отидов на преглед зошто имав некои слаби болки, на преглед 3ипол прста отворена. Горе си викам пф ако се вакви болките 5 ќе родам....8) мм си отоде,му рекоа не се знае кога ќе биде може до утре да нема ништо (утредента душа му извадив што ме остави сама вечерта,а што ќе направеше преку врата :D )
    Таму бев прва,откако поминаа процедури документи,кс,клизма,ми дадоа кревет и ми рекоа да спијам дека ќе ми треба сила. Нормално од возбуда не можев око да склопам. Почнаа да доаѓаат една по една,секоја со своја приказна, имаше една шесторотка се дереше урлаше како пред колење да е,измеѓу контракции се јавуваше на телефон се караше со маж и ваљда (збореше албански) па доаѓаа ја прашуваа на македонски до каде е,оваа им враќа на албански,тие се нервираат не можат да се разберат. леле реков готово ги налути за мене ќе бидат лоши,како мене не ме фатат појаки болки пред неа:D
    После си викам боже срамота како се дере,па 6то дете и е. Ај тргна природно ќе се пораѓа, не им идеше ја однесоа царски. Тука ме фати страв (не знам зошто имам уплав од царски) си викам леле на толку викање оваа не се породи царски ја однесоа што ќе биде со мене:sweat:
    Почнаа малце посилни болки после 2-3часа од прием па кога видов дека др не ме прегледа побарав доктор да ме прегледа. Акушерката ми вика јас ќе те прегледам. Легнав на кревет,ја бутна раката до лакт ,ми го пукна водењакот и си ја испопцув во себе ,ме здоболе до срце.
    Зошто не можев да ги трпам болките во лежечка положба прашав дали смеам да се движам и кога рекоа може, не знам колку км изодев од родилна сала до влезот и опет назад. У меѓувреме слушам дерење,од страв ,срам и не знам што си офкав во себе,па кога ќе ме фатеше некоја појака болка ќе се потпрев на едно шкафче во ходникот со рацете и со стиснати заби полунаведната си ммкав во себе и тивко оф болии.
    Пак ја видов акушерката (едни во сала беа ,едни во собчето си се пикнаа) барав пак преглед од доктор. Кога ми рече јас ќе те проверам качи се на бокс,ми идеше да и акнам бокс од претходниот пат.
    Зема да ме прегледува кога почна да врти 360° со раката внатре,ме откорна.
    Јас кога почнав :не не не, што ми правиш боли,чекај , чекај малце да станам да застанам малце, чекај ееднаш да станам:rofl:
    Ми се идеше низ врата да фатам
    И ја тргав раката и таа почна да вика по мене,ама бев поупорна:muscle: и станав и си клекнав:D
    После тоа ми вика ајде во родилна на бокс,земи си ги работите. Јас со толкави болки сама прибирав ствари и мкнев ќеса.
    У меѓувреме на мм само му пишував на фб болииии леле ама болиии у пмм леле до 100 одат болките , а он кутриот си легнал, утредента ми вика ми беше мака некако си викам подобро да си легнам. Му викам да бе магаре едно јас ќе умрам од болки ти да си поспиеш.
    Инаку кога се качував нагоре прашав што ми треба рекоа леден чај и вода, па сигурно испив едно литро пред да почнат појаки болки.
    Кога злобнава:devil: акушерка ме однесе на бокс ми вика ти се кака? Викам не ,ми се моча. Не не ти се моча ти се кака! Она мислела на напони а јас појма немав дека чувство на какање значи напон.
    Истовремено ми викаше да правам чучњеви,јас и викам ми се моча! Па мочај ми вика! Дигам глава :тука? Да! И мочав:D ваљда тогаш ми поверува. Ајде собра екипата ми ставија цтг ме качија на бокс, јас цело време гледав во болничарката,само таа човечки ми се постави и ме тешеше,гледав утеха во неа.
    За време на пораѓајот викав,па ме караа да не викам. Јас појма немам од каде ја имав таа сила да викам:wasntme: се развртував да видам дали има доктор и ја пцуев претходната што ми ја однесе докторката во сала за мене остана специјализантот.
    Им викав дека боли,а кога излезе бебето прашав дали уште ќе ме боли.
    Уште кога го однесоа бебе почнав да прашувам дали ќе ми стават анестезија за шиење,ама ве молам ставете,ама страв ми е никогаш не сум шиена. И почнав да му раскажувам на специјализантот како сум се исекла два пати а не ме шиеле од што ми било страв. Па му викав дека осеќам,па до кај е, уште многу ли има,па го прашав како се вика:D ми се моташе во глава да не заборави внатре газа па да знам кој да тужам:D
    И на крај кога ме среди ја прашав злобната акушерка дали може да го сликне бебето зошто го однесоа мн брзо,а не може на друг оддел е!
    Друг оддел со кој ги дели една врата...па и барав инекција за болка ми вика нормално е да имаш ,,немам инекција (го праќав мм во аптека да купи) па после ми доаѓа не смеам да ти дадам.
    Па дојде мм се појавила таа на врата и доаѓа да ме боцне,амори плачке си му плачела на маж ти за инекција, викам па боли (во себе си викам кај ми се падна ти козо една, што побрзо сакав да ме префрлат на друг оддел мислев таму рози цветаат:rofl: )