1.Секс-без добар оргазмичен секс, пиши и пропала на врската/бракот 2.Љубов-мазење, пазење, разгалување, ручеци, вечери, кафиња во кревет 3.Цврстина-да се чуствувам сигурна и заштитена покрај него, да биде маж во вистинска смисла зборот 4.Романтика-свеќи, ружи, полни кади 5.Пари-шопинг, автомобил, чевли, гардероба Ова сакам јас, по овој редослед, без ова, т.е. кога ќе подразмислам парите и не ми се толку битни, ама па чевлите и гардеробата ми се, а едно без друго не иде, така да и парите, но на последно место. За сексот пишав, и пак ќе пишам, што ќе правиме ако во кревет не се сложуваме, да бистриме политики, да склучуваме зделки, да фантазираме, па има време и место за тоа, за мене сексот е 90% од една врска. Љубов, каде без љубов и романтика, мислам и оние „најсилните жени“ ќе паднат на романтика, и ќе се наежат кога некој ќе ги зграбчи и ќе ги стисне во прегратка, кога ќе ти донесе кафе во кревет или ќе ти посака убав ден со некоја порака... Цврстина, не сега она комунистичкото, да се знае кој е маж во куќа, туку стабилен мушкарац, со изграден карактер, кој ќе умее да ме трпи во ПМС, кој ќе знае како да ми го смири мојот темперамент, кој ќе знае да покаже и чувства, а ќе знае да покаже и одмереност, да го одбрани својот став, па ако треба и својата жена. А не некој „јак фраер“ наместо тој мене, јас него да го бранам . Мислам ова во глобала секоја жена го посакува, ние можеме да се пренемагаме демек мажи не ни требаат, а верувам дека секоја жена би била среќна кога крај себе би имала маж кој би ги поседувал овие карактеристики.
Жените сакаат барем една дежурна продавница за чорапи, хулахопки и слични навлекувачи на нозе. Или на глава. Спојлер Не само што сакаат, туку и заслужуваат.
Квалитетна вечера, и уште поквалитетен разговор , чанти ,тон чанти до толку колку да не ти ги собира во плакар , човек (маж) со најголемото внимание кое ќе можи да им го пружи, пријателка искрена, верна, полна љубов за чачарење самостојност , кључ од кола станче убаво наместено каде ќе биди царица во кујна .. и куп други работи три дни да пишам нема да допишам , што нас ЖЕНИЧАВА НИ ТРЕБА ,
1.ЛУКСУЗ - шминки, штикли, чанти, фустани, накит .... КУПИШТА! 2. ЈАКО МАЖИШТЕ - висок, згоден, набилдан, модерен, романтичен, со кола, да ја секса и да ја сака .... ДА СЕ ФАЛИ СО НЕГО! 3.САМОСТОЈНОСТ - да оди кај сака, да прај шо сака, да е центар на виниамние, почитувана, успешна и посакувана! ..................................... Е бога ми не е малку!
Што умно дете ќе беше Инаку: 1. Внимание 2. Стабилен материјален живот 3. Добар социјален живот 4. Да прави да се осеќам "The One and only" (дури и ако не е така)
Мислам дека е ова второво. Мала шала. Туку, која сум јас да дефинирам што сакаат жените? Јас сакам во моментов топли палачнинки со малини и некој убав прелив, ама не ми е тоа животна цел. Ако зборуваме за малите работи, многу работи ке ме направат задоволна бар еднаш дневно да ми се случуваше по нешто од тоа (за ова еднаш дневно ништо не гарантирам) На пример: 1. Топол чај додека надвор врне снег. 2. Возење на longboard. 2. Убав накит. 3. Мали подароци. 4. Јас да подарувам работи кои рачно сум ги изработила. 5. Да правам колачи. 6. Мирисот на тазе кифлички. 7. Моментот кога јадам нешто убаво и ми почнува омилената серија. 8. Одење во театар. 9. Кога за излегување ке се средам онака како што треба (средена коса, нокти, шминка) 10. Шопинг и нови чевли. 11. Да купам списание и да ми остане време да го исчитам. 12. Да се возам во кола и на радио да ми ја пуштат омилената песна и да пеам на цел глас. 13. Купки и лосиони што мирисаат убаво. 14. Да фотографирам спонтани фотки кои излегуваат многу интересно. 15. Да откачам во некој клуб. И можам да пишувам до утре, да ова го сакам. Ама не значи дека сум површна. Ова се мали работи кои мене ке ме задоволат, за некој друг ке биде нешто друго. Тоа што сакам шопинг не значи дека си немам везе од вистински вредности, дека сум површна. Тоа ли ке ви каже дали една девојка е површна, она што ја задоволува? Е па не. Сакам да одам на универзитет во странство, учам 6 јазици и имам секакви познавања на науката ама се паѓа во вода кога ке речам оти зависна сум од чевли? Женско сум, и не сум толку комплицирана. Можеби често знам да менувам мислење ама оној кој не може да ме издржи кога сум најлоша не ме заслужува кога сум најдобра, нели? Отидов офф топик, поентата ми е дека жените можеби не секогаш знаат што точно сакаат, но ако ги речете вистинските зборови и направите вистинските работи во вистинското време жената ке ве возвиши. Само бидете добри и послушни вие мажите, и ке го најдете патот до нашите вистински желби.
Ни една жена не знае точно и дефинирано што сака, но знае ептен да се налути ако не го добие. Еве јас најмногу сакам љубов. Зависник сум од љубов. Може да немам ништо, но ќе бидам среќна ако имам љубов. После љубовта сакам успех. Река од успеси. Ма, каква река, океан! Материјалните работи не ми се примарни, но сепак сакам убави парфеми и добри книги.
Жените не знаат ни самите што сакаат, жените се сами по себе една посебна мистерија.Тешко е да се дефинира што и каок сакаат.
Јас мислам дека секое човечко битие е различно,без разлика дали е маж или жена.Можам само да пронајдам сличности помеѓу мене и некоја жена на пример.Инаку сите ние си имаме различна претстава за себе,за животот ,а и не би било интересно доколку не сме различни нели ? Јас лично најмногу сакам љубов,но за жал тоа никогаш нема да ми се случи